Author: Нова ТВ

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални на Инстаграм објави дека бил отруен со шише вода во хотелската соба во сибирскиот град Томск. На Навални минатиот месец за време на летот од Томск за Москва му се слоши при што беше хоспитализиран во Русија, а потоа беше префрлен на лекување во Германија. Според Германија, Навални е отруен со Новичок, додека Москва тврди дека не постојат докази за тоа. Претходно се претпоставуваше дека Навални е отруен на аеродромот во Томск.

Read More

Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска најавија протест поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Имено, согласно владината одлука мајките треба да се вратат на работа на 23 септември. Тие барааат да бидат на продолжено породилно отсуство до крајот на годинава, бидејќи децата не им се запишани во градинка поради немање место. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека тие треба да се вратат на работните места, и оти веројатно ќе живееме со вирусот и цела следна 2021 година. – Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021…

Read More

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје. Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервјуто за МИА, по средбата со неговиот грчки колега. Во разговор со дописничката на МИА од Атина, македонскиот премиер детално и опширно говори за разговорите со грчкиот државен врв при неговата прва посета на грчката престолнина, открива кои се следните чекори…

Read More

На шест страници со долги историски образложенија за „државна антибугарска идеологија“ во Северна Македонија, Бугарија испрати објаснувачки меморандум до земјите членки на ЕУ во пресрет на одлуката за отпочнувањето на преговорите со Унијата. Официјална Софија бара поддршка од нив за својата позиција во однос на македонскиот идентитет и јазик. Софија нагласува дека земјите кандидати не треба да внесуваат отворени спорови во ЕУ, и смета дека несогласувањата со Скопје претставуваат нерешен конфликт кој „би можел при зачленувањето на Северна Македонија негативно да влијае врз носењето одлуки во ЕУ“. Бугарските власти ја повикуваат Северна Македонија да изнајде долготрајни решенија со искрена политичка…

Read More

Во Загреб, 49 деца во образовните институции се заразени со новиот коронавирус. Според Градскиот оддел за образование, две деца од градинки и осум вработени биле заразени со вирусот. Единаесет деца и шест вработени се заразени во основните училишта, а 206 ученици се во самоизолација. Во средните училишта 36 ученици се заразени, како и седум вработени, а 120 ученици се во самоизолација.

Read More

Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни, има недоследности и повторување како „копи/пејст“. Тоа го предупредија 38 научници, чија позиција беше објавена во списанието „Nature“. Изданието потсетува дека руските податоци беа објавени овој месец во медицинското списание „The Lancet“. Во отворено писмо до руските автори, научниците истакнуваат дека објавените резултати од раната фаза на истражувањето се претставени само во форма на графикони, без специфичните податоци врз кои се градени тие графикони. Италијанскиот молекуларен биолог Енрико Бучи истакнува дека во руската публикација во „Лансет“ е претставено мерење на нивото на имуните клетки во крвта на 9 групи волонтери врз кои…

Read More

И денеска бројот на починати е висок. Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г). Нови 163 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1721 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2. Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и…

Read More

Списоци со малолетни одбојкарки  од Струмица кои се наводно позитивни на Ковид-19 се врти низ социјалните мрежи и ги вознемирува децата и нивните семејства. Списокот се споделува бидејќи пред извесно време две девојчиња се регистрирани како позитивни па целиот клуб е во изолација. Од клубот „Виктори волеј“велат дека сите се чувствуваат добро, немаат симптоми и периодот на изолација истекува за набргу. Претседателот на Клубот најавува кривична пријава против непознат сторител, бидејќи е наненсена штета на клубот, а нагласува дека недозволиво е да се обајвуваат имиња на малолетнички кои се позитивни на Ковид. „Нанесена е голема штета и веќе ги запознавме…

Read More

Европската банка за обнова и развој размислува за дополнителна поддршка преку кредити  за домашните компании во услови на ковид кризата. На тоа, според претставникот на ЕБОР во државава, се работи со повеќе банки, а инвестиците би достигнале над 40 милиони евра. -Да, размислуваме за тоа, веќе има направено повеќе активности во таа насока. Соработуваме со Шпаркасе банка каде што пласиравме поддршка на 20 компании и  уште работиме и со други банки. Се надеваме дека целиот циклус ќе се заокружи и дека бројот на инвестициите ќе се зголеми до над 40 милиони евра, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР во државава.…

Read More

Глобалната економија се опоравува од падот предизвикан од епидемијата на новиот коронавирус побрзо отколку што се очекуваше пред само неколку месеци, благодарение на подобрените изгледи за Кина и САД, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Светската економија е на пат за пад од 4,5 проценти оваа година, што е сепак невиден пад во поновата историја, но помалку од првично предвидениот пад од 6,0 проценти во јуни, според ОЕЦД. Под услов да нема неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19, глобалната економија следната година ќе порасне за 5,0 проценти, проценува организацијата со седиште во Париз, намалувајќи ја јунската проекција на…

Read More

Економската состојба во земјава е сериозна поради импактот на коронавирусот и епидемиолошката криза на светско ниво, но финансиите се стабилни и може да се најде решение со добро планирање на четвртиот пакет на мерки за да се ублажи  ефектот на кризата во третиот и четвртиот квартал од годинава и земјава да влезе во период на позабрзан економски раст во 2021 година доколку нема нов бран на епидемиолошка криза, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Апелираше во идниот период добро да се планира и ефикасно да се реализира тоа што се планира. -Ова е една од најголемите економски кризи на…

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи изутринава спроведе координирана акција при што е одземена документација од три фирми за кои постои основано сооменение дека во предизборниот период наменски отвориле портали без импресум, адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање. Од ОЈО информираат дека надлежен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција издал Наредба за проверка на фирмите. – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Известување според…

Read More