Author: Нова ТВ

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот донесе одлука сите граѓани на Србија, кои престојуваат во Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, да се вратат до петок до 18 часот. – Апелираме до сите граѓани да се вратат во својата земја до крајот на оваа недела, бидејќи после тоа ќе имаме поинаков режим за секој што ќе влезе во нашата земја, рече д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. – Она што е многу важно е дека сите земји во регионот се забележува зголемување на бројот на новозаразени. Црна Гора е на трето место, Хрватска и Босна и Херцеговина се на таа…

Read More

Собранието денеска треба да ја одржи седницата на чиј дневен ред ќе биде изборот на составот на работните тела на Парламентот. Седницата во петокот ја најави претседателот на Собранието Талат Џафери, а таа веќе е закажана и на собранискиот сајт. Составот на работните тела помина и на седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која беше потенцирано дека бил постигнат консензус меѓу сите пратенички групи во Собранието. На дневен ред на оваа седница е и верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Според Џафери, на оваа седница…

Read More

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, вчера им порача на навивачите на Вардар дека за нивното однесување, како што вели тој, нема место во новото општество. Ваквата реакција на министерот за политички систем следи откако Вардар вчера во македонското фудбалско првенство го совлада најлутиот градски ривал Шкупи со 1-0, а стотина „комити“ кои поради мерките против коронавирусот не можеа да присуствуваат на натпреварот, навиваа пред јужната трибина од националната арена за време на натпреварот во Скопје. „Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно…

Read More

Фондот за осигурување депозити од утре треба да почне со исплата на обесштетувањето на осигурениот износ на депонентите на Еуростандард банка до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари. Исплатата ќе се извршува преку Комеријална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје и Халкбанк. Според информацијата од Фондот, во Комерцијална банка ќе бидат обесштетени депонентите чие презиме почнува а буквите А, Б, В, Г и Д, преку НЛБ Банка ќе бидат обесштетени оние чии презимиња почнуваат на буквите Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ, на депонентите на кои им почнува презимето на М, Н, Њ,…

Read More

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел рече дека Брисел ја застапува опцијата за постепено интегрирање на земјите од Западен Балкан во Унијата. Тој смета дека несогласувањето меѓу Белград и Приштина во врска со Косово е сè уште во голема мерка присутно. – Ако не го стабилизираме Балканот, тогаш ќе биде тешко да се сметаме за геополитичка сила, бидејќи никој друг нема да го стори тоа, само Европејците, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“. Тој додаде дека прашањето за Балканот особено ја загрижува ЕУ. Борел истакна дека „соседството на ЕУ практично гори“ и се заложи…

Read More

Повторно гори депонијата зад кејот на реката Вардар Скопје, во близина на салата „Борис Трајковски“. Гори шут и отпад, а зафатено е и зеленилото и дрвјата наоколу. Депонијата кај салата „Борис Трајковски“ беше запалена во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк на на површина од 60.000 метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.

Read More

Еден од најпознатите албански хирурзи претпладнево ја загуби битката со Ковид-19. Станува збор за Агрон Мензелџиу вработен во универзитетската болница „Шефќет Ндроќи“, каде и бил хоспитализиран по добиениот позитивен резултат од направениот тест. -Не напушти колегата Агрон Мензелџиу, неуморен доктор кој помагаше секому, а ете ние не можевме да му помогнеме. Прости ни и почивај во мир голем човеку кој секогаш се бореше за животот на луѓето, напиша меѓу другото неговиот колега Петрит Варгу. Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја загуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, што беше и прва жртва меѓу…

Read More

Руската Централна изборна комисија досега не регистрирала сериозни прекршувања на правилата за гласање на денешните избори на локално и регионално ниво во земјата, изјави за Тасс заменик претседателот на ЦИК, Николај Булајев. -Досега нема регистрирано прекршувања на правилата за гласање и таму каде што се регистрирани сериозни повреди, доколку ги има, резултатите од гласањето и предвременото гласање на избирачките места ќе бидат поништени. Ова е вообичаена пракса, рече Булајев. ЦИК на 24 јули ја одобри постапката за одржување на единствен ден за гласање, според кој клучниот ден на гласањето е 13 септември, а предвремените избирачки места се закажани и за…

Read More

Нови 98 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-17, Куманово-13, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-5, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-7, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-2, Ресен-2. Починати се 2 лица во болнички услови, пациент од Охрид (54г) и пациентка од Радовиш (51г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 56 оздравени пациенит од: Скопје-19, Куманово-7, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-7, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Берово-3, Делчево-3, Свети Николе-2. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата…

Read More

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 517 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Read More

Како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ е подготвена да продолжи онолку брзо како што сакаат двете страни, вели амбасадорот на Европската унија во Србија, Сем Фабрици. Тој додава дека ЕУ јасно истакнала дека не гледа причина за одолговлекување. Фабрици за „Блиц“ истакна дека нема причина да се зборува за временски рокови или за вештачки рокови за дијалог. Сепак, како што рече, високиот претставник Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак и земјите-членки на ЕУ јасно ставија до знаење дека не гледаат причина за одолговлекување. Прашан дали дијалогот меѓу Белград и Приштина е во полн ек, по…

Read More

Со коалицискиот партнер СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места. Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече на денешната прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања. Додаде дека се друго се шпекулации, во…

Read More