Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денешнава интензивна агенда во Брисел ја почна со средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, ја подвлекол важноста од скорешното одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ. Во тој контекст, како што се наведува во соопштението на неговиот кабинет „се разменија мислења и информации за надминување на проблемите со Бугарија“. Според соопштението, „двајцата соговорници разговараа за можностите за исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите, во контекст на претстојните состаноци во ЕУ што треба да се одржат во мај и јуни годинава, како и билатералните прашања врзани со добрососедските односи“. На средбата со Вархеи…
Со дијаметрално спротивни ставови на власта и на опозицијата за настаните на 27 април 2017 година, поделеност меѓу нивните поддржувачи во однос на толкувањето на случувањата, со неколку судски пресуди, но и без правна разврска за тоа кои се организаторите поминува уште една годишнина од упадот во Собранието, пред промената на власта во земјава. Да не беа предвремените парламентарни избори во јули минатата година, на претходниот деветти собраниски состав можеби токму денес ќе му завршеше мандатот, кога се заокружуваат четири години од завршувањето на конститутивната седница, која ќе остане запаметена како најдолга и најнасилна досега. Десеттиот собраниски состав, пак, кој…
Заврши средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и вработени во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). По средбата немаше изјави за медиумите. На средбата се размениле ставови на двете страни. Вработените во инспекторатот со кој раководи Стојко Пауновски потпишаа петиција која ја доставија до Владата и бараа да не биде разрешен нивниот директор. Премиерот Заев најави негово разрешување поради пркос и инаетење откако Пауновски одби да прими во пазарниот инспекторат 35 вработени рамковни административци.
Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот“ и со тоа „да се повикаат сеќавања на затегнатоста во минатото“.
27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ, пишува СДСМ во денешното соопштение. „Вооружени насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ упаднаа во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија. Тие насилници кои беа придружувани и од Христијан Мицкоски пред македонското Собрание, не се, ниту некогаш ќе бидат уставобранители, тие се само насилници, бранители на криминалите на Никола Груевски. Денеска, четири години подоцна, наместо извинување и осуда, целата јавноста гледа како Мицкоски цврсто стои на…
Фаворитот на македонското филмско жири „THE CROSSING“ на режисерката Јохане Хелгеланд (Норвешка) е избран за најдобар филм за млада публика на настанот EFA Young Audience Award 2021. „Агенцијата за филм е национален партнер на European Film Academy Young Audience Award веќе седум години. На овој начин имаме можност да учествуваме и да го дадеме својот глас за најдобрите европски филмови за млада публика, а со тоа придонесуваме кон филмската едукација кај младите, кои имаат можност да се запознаат од прва рака со квалитетна, европска, кинематографија.“ – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм. Изминатата недела, во рамките на целокупниот…
„Косово и Србија ќе го почитуваат меѓусебниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе има автономен регион на Северно Косово“, е содржината на наводниот нон-пејпер објавен од приштинскиот весник „Коха диторе“, јави телевизијата Н1. Меѓу другите точки, Коха Диторе наведува дека Српската православна црква ќе има посебен статус, додека Митровица ќе биде заедничка економска зона. Според овој документ, се предвидува сите постигнати договори досега да бидат спроведени, а конечниот договор да биде постигнат до февруари 2022 година. Весникот нагласува дека редакцијата го добила документот за кој се вели дека е „нон-пејпер“, подготвен од Германија и Франција, како заедничка иницијатива на тие две…
Премиерот Зоран Заев денеска треба да има средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во врска со нивната петиција против разрешувањето на директорот на ДПИ Стојко Пауновски. Средбата, како што најави Заев, ќе биде пред одржувањето на седницата на Владата на која ќе се одлучува за разрешување на Пауновски, откако тој не ја спроведе владината одлука за ангажирање вработени според К 5 програмата, согласно со Рамковниот договор, а кои треба да бидат распоредени на работни позиции. Според Заев, Пауновски бил писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не…
По повод стогодишнината од раѓањето на Денис Боувен (1921-2006), значајниот британски уметник и голем пријател на нашата земја, денеска, во Чифте амам, ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени 40 негови дела. Поради мерките за заштита од Ковид – 19, на отворањето ќе присуствуваат неколкумина пријатели на Боувен. Изложбата е во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН и е подржана од Град Скопје. Кон изложбата на британскиот автор, се посочува дека Денис Боувен со својата оригиналност и непосредност, со извонредното чувство за перцепција, уште во годините по Втората светска војна се ослободува од влијанијата на традицијата. Прави голем…
Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат денеска, а вчера Кризниот штаб предложи полицискиот час од утре да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителки објекти, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час. Сега на потег е Владата која на денешната седница треба да донесе конечна одлука. Олабавувањето на мерките, според…
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската Унија и на НАТО. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски денеска ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. Шефот на државата ќе одржи средби и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Ќучук, како и со…
Германската компанија „Гересхајмер“ денеска отвара фабрика во земјава во која ќе се произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија. Ова е првиот инвестиционен сиклус на компанијата кој започна во 2019 година и ќе трае пет години. На свеченото отворање според најавите ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Премиерот Зоран Заев вчера соопшти дека во разговори со претставниците на компанијата бил договорен и втор инвестиционен циклус кој според информациите би бил и најголем во земјава до сега.