Author: Нова ТВ

Четири новозаболени лица од Ковид-19 во Кавадарци во изминатите 24 часа бележи кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, потврди за МИА дека станува збор за три жени кои не знаеле каде се заразиле и еден маж кој претходно имал позитивен случај во семејството, на возраст од 21, 38, 58 и 59 години. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

Read More

Правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата, затоа Владата во својата програма најавува дека ќе гради систем кој ќе одвраќа од злоупотреби и јасно ќе ја лоцира одговорноста. -Корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и институциите. Го оштетуваат буџетот, ја рушат правната држава, ги слабеат институциите и ја загрозуваат демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година. Од Владата посочуваат дека ќе ја водат битката преку широка и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна ДКСК и нулта толеранција при…

Read More

Новиот началник на генералштабот на американското воено воздухопловство, Чарлс Браун, верува дека САД нема да ја води идната војна далеку од своите брегови и дека ќе ја води против сили слична на себе. – Треба да бидеме подготвени да водиме војна со борбени загуби и ризици за нацијата, слични на оние со кои се соочивме за време на Втората светска војна, рече Браун, пренесува порталот „Дифенс њуз“. Браун проценува дека борбените акции ќе бидат различни од оние предводени од САД во претходните две децении. – Идната војна нема да се води далеку од нашите брегови, рече Браун. Според него, Вашингтон…

Read More

Санкционирани се десет возачи на на моторцикли кои учествувале во т.н. „диви трки“ на подрачјето на Град Скопје, поточно на скопската обиколница. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка. Како што соопшти денеска МВР, возачите се санкционирани во рамки на акциската контрола што вчера ја спроведоа Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Полицијата кај десетте возачи на моторцикли констатирала повеќе прекршоци.

Read More

Пробував да му помогнам, но беше тргнат по погрешен пат. Нека си ја сноси одговорноста, вели кардиохирургот Жан Митрев, откако германските медиуми објавија дека на неговиот син Филан, му се суди за тероризам. „Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2 000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјави кардиохирургот…

Read More

Сопственикот на компанијата „Еколог Интернешнл“, Лазим Дестани додели донација за реновирање на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, позната како стара Градска болница. Дестани денеска го посети овој медицински центар за лично да го увиди напредокот на тековните  работи. Донацијата за реновирање на овој болнички центар во Скопје доаѓа по низата донаторски активности на групата „Еколог“. За време на пандемискиот период, оваа компанија во рамки на корпоративната општествена одговорност донираше техничка опрема за присуство на процес на учење преку интернет за деца од социјални семејства низ целата држава, материјали и опрема во болницата во Тетово и доставени…

Read More

Фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд продолжија со клинички испитувања на вакцина против коронавирус, откако тестовите беа запрени поради болест кај еден од волонтерите, соопшти компанијата. „Клиничките испитувања на вакцината за коронавирус AZD1222 се обновени во Велика Британија откако добија потврда од Агенцијата за лекови и здравствени производи (МХРА) дека е безбедно да продолжат испитувањата“, се вели во соопштението на Универзитетот во Оксфорд. Сепак, АстраЗенека и Универзитетот не откриваат детали за медицинската дијагноза на болниот доброволец. На 6 септември беа запрени тестирањата на вакцината за коронавирус на фармацевтската компанија и универзитетот во сите земји во светот, со цел да може…

Read More

Со слоганите „Слобода“, илјадници бегалци и мигранти, кои четврти ден се на улиците на Лезбос, без покрив над глава, денеска повторно протестираа со барање да си заминат од островот, додека паралелно, со брз ритам се поставуваат шаторите во новиот, привремен камп, јави дописничката на МИА од Атина. По двата пожари во Мориа, најголемиот бегалски камп во Грција, нешто помалку од 13.000 бегалци и мигранти сѐ уште се на улиците, а меѓу нив се и 35 лица позитивни на Ковид-19. Исто како и вчера, така и денеска бегалците и мигрантите одржаа протест, барајќи да си заминат од Лезбос, а според локалните…

Read More

Македонската банкарска асоцијација (МБА) ги отфрла како неточни и општествено неодговорни тврдењата од одредени субјекти во текот на изминатите денови. Воедно апелира, „граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем“. -Препорачуваме да се следи официјалниот извор на информации за работењето на банките – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, располагаат со исклучително високо ниво на ликвидност, а солвентноста е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум, наведува МБА. Според Асоцијацијата, банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна…

Read More

Нови 140 случаи на ковид-19 регистрирани се во последните 24 часа на направени 1507 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г) Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1. Вкупната бројка…

Read More

Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на коронавирус, а со тоа вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица. Во последното деноноќие во земјата од Ковид-19 умреле уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина  130.396 лица, соопшти бразилското Министерство за здравство. Бразил се наоѓа на третото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, веднаш по САД и Индија, и е на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД.

Read More

Европската унија ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и ќе воведе санкции потив лицата кои се одговорни за изборните измами и насилството врз мирните демонстранти, изјави синоќа министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеп Борел. Тој повтори дека ЕУ е решена да воведе санкции против одговорните за насилството, „задушување на мирните протести и фалсификување на изборните резултати“. Тој додаде дека, доколку е потребно, ЕУ ќе преземе дополнителни ограничувачки мерки, пренесуваат британските медиуми, појаснувајќи дека Борел не прецизирал што тие можат да значат. -ЕУ ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и присилното протерување на членовите на опозицијата, што покажува…

Read More