Author: Нова ТВ
Преговорите меѓу Србија и Косово под покровителство на ЕУ имаат за цел нормализирање на односите, формално признавање на Косово и интеграција на двете земји во Европската унија. Ова го изјави за време на денешниот брифинг портпаролот на ЕК Петер Стано. – Во теорија, секоја земја може да аплицира за влез во ЕУ. Во пракса, Европската унија прифаќа и работи со апликации само од оние земји кои исполнуваат голем број критериуми, од кои едниот е фактот за нејзино законско признавање од страна на сите членки. ЕУ е во разговори меѓу Србија и Косово, кои се насочени токму на тоа – нормализирање…
Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, се сретна со главниот европски преговарач за Брегзит денеска и изрази длабока загриженост за отсуството на напредок во преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој нагласи дека Обединето Кралство целосно истапува од ЕУ за 114 дена, по што правото на ЕУ нема повеќе да важи во оваа земја, како што е случај за сега, за време на транзициската фаза. -Времето не е на наша страна и јас сум длабоко загрижен со оглед на недостатокот на напредок во преговорите во оваа доцна фаза, изјави Сасоли. Сасоли порача дека ЕУ го почитува суверенитет на Обединетото…
Дипломатите на земјите членки се состанаа утрово во рамките на телото за проширување во Советот на ЕУ, за да разговараат за нацрт-преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија како главна тема на дневен ред, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова е првпат земјите членки да се состанат за да разговараат темелно за преговарачките рамки за двете земји, но и за новата преговарачка методологија на ЕУ, предложена и усвоена во март оваа година. Според дипломатите од земјите членки на ЕУ со кои разговараше МИА, атмосферата денеска била “добра“, а германското претседателство со поддршка од широко мнозинство земји членки на ЕУ…
Дел од лозарите се задоволни од исходот на денешниот состанок со владините претставници, а дел сметаат дека се ниски цените што ги нудат откупувачите. Од здружението „Напредни лозари“ се задоволни од понудените решенија и сметаат дека не е време на штрајкови. – Четири денари од државата и 11 по килограм „вранец” од откупувачите, значи дека сме постигнале цена од 15 денари или за „смедеревка” четири плус 9, се добива ланската цена од 13 денари за килограм. Се понуди и можност за стимулации за сите откупувачи за извоз – од два, три и четири денари по килограм. Така ќе се направи…
Последниот извештај на Европската агенција за животна средина, ЕЕА, покажува дека аерозагадувањето и натаму претставува најголема еколошка опасност по здравјето, а Северна Македонија и другите земји од регионот конзистентно покажуваат лоши резултати во анализите за последиците од загадувањето врз здравјето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел. Албанија и Босна и Херцеговина бележат најлоши резултати во делот на смртни случаи поради животната средина и се на дното на скалата од вкупно 37 рангирани земји. Албанија е на последно место, со 172 смртни случаи на 100 илјади лица. Северна Македонија е осма од дното на скалата со 120 смртни случаи…
Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на септември да бидат именувани раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт. Тој денеска во Кавадарци изјави дека има намера најдоцна до крајот на неделата да ги достави до Собранието предлозите за заменици-министри. – Сакам после празникот, најдоцна до крајот на неделата, да ги доставам предлозите до Парламентот, а понатаму тој ќе одлучи кога ќе ја закаже седницата. Веќе почнуваме заедно со министрите да ги утврдуваме и државните секретари бидејќи тоа е спефицична област каде има посебни законски услови. Верувам дека до крајот на септември ќе ги поставиме или ќе ги…
Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале осум лица, односно, двајца пациенти од Тетово на 60 и 71 година, пациент од Делчево на 78 години, пациент од Струга на 63 години, од Скопје на 59 години, од Дебар на 52 години и двајца пациенти од Охрид на 70 и 94-годишна возраст. Седум од нив се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат вон болница. Во изминатото деноноќие се потврдени 99 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 33 случаи во Скопје, 14 во Охрид, седум во Куманово, по шест во Прилеп,…
Пред Владата утрово почна централното чествување по повод Денот на независноста, 8 Септември. Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред бројните гости, претставници на државниот врв, дипломатскиот кор и медиумите, истакна дека стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја. Денес, потенцира Заев, независноста која беше мечта на многу генерации, ја славиме слободни и отворени кон светот. – Денот на независноста, 8 Септември 1991 година, ќе остане запамтен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и…
Имавме тешка година со пандемијата, но и година на успеси, како се Преспанскиот договор, членството во НАТО Сега е нужен и реален, конкретен консенсус меѓу власта и опозицијата, невладиниот сектор и бизнис заедницата за брзо завршување на преговорите со ЕУ што ни претстојат Оваа година беше тешка и за нас и за светот поради пандемијата на ковид-19. Пандемијата сигурно ќе биде со нас уште некое време и ќе донесе дополнителен притисок врз целото општество. Но, со заеднички сили и посветена, напорна работа можеме да ги надминеме тие проблеми, вели претседателот на државата Стево Пендаровски, во видео-обраќањето по повод Денот на…
На синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата, потврдена е одлуката за утрешниот протест, а именувани се и претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение информираше за вчерашните одлуки на Извршниот комитет, кој одржал седница вчеравечер. Една од одлуките која ја донел е формирање Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ што ќе го води Александар Пандов, како што се вели, долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции и ја потврдил одлуката за утрешниот протест за покачување на струјата. Исто така, именувани се и нови 14 претседатели на општинските партиски комитети: 1. ОК Конче Ацо…
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Оваа година и честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на земјата за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова огромно достигнување, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во име на владата и американскиот народ во честитиката по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија. -Ние сме охрабрени од напредокот што го постигнавте на патот кон членството во ЕУ и ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за постигнување европска интеграција. Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени околности и ние го…