Author: Нова ТВ

Утрово околу 7 часот и 10 минути се случила сообраќајна незгода на крстосницата од бул.„ Партизански одреди“ со „8 Септември“ помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски таблички и товарно возило комби „мерцедес“. Во незгодата, како што потврдија за МИА од МВР, има повредени лица и сè уште се врши увид.

Read More

Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста, напиша утрово на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев. Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок – независноста на државата. Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста!, напиша на ФБ…

Read More

Почина Мазлум Хасан, кој беше градоначалник на општината Центар Жупа, бизнисмен и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото заминување е непроценлива загуба за неговото семејство, за неговите роднини, пријатели, соработници, сограѓани, за турската заедница во Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ. Тој е уште една жртва на вирусот Covid-19 кој иако го затекна целосно здрав на 52 годишна возраст успеа да го совлада, пишува на Фејсбук, екс премиерот Никола Груевски.

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, по денеска објавената препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста,  изјави дека разгледувале повеќе аспекти кога го дискутирале тоа прашање. Не е ад хок одлука, посочи министерот, туку е резултат на дискусија која ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели. – Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по кои се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични…

Read More

 Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница. Ова за МИА го информираат од Министерството за здравство. – Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на граница. Сите се изолирани во карантин во мотел/хотел „Вардар“, посочуваат од Министерството за здравство. Во Гевгелија досега се регистрирани 73 случаи со КОВИД-19, од кои активни се 46.

Read More

Рускиот опозиционер Алексеј Навални излезе од вештачка кома и во „фази“ ќе биде симнат од апаратот за вештачко дишење, соопшти денеска берлинската болница. Навални, кој беше отруен со невротоксичен агенс од типот Новичек „реагира кога му се зборува“, информира болницата во која е хоспитализиран рускиот опозиционер од 22 август. Неговата „здравствена состојба … е подобрена“, истакнуваат од болницата, но исто така додаваат дека „не се исклучечни“ долгорочни последици од „тоа тешко труење“, пренесува Бета. Според германската Влада, Навални „недвосмислено“ е отруен со нервен агенс од типот Новичек, супстанца позната од времето на Советскиот Сојуз, која се користела во воени цели.…

Read More

Од октомври жителите на Општина Центар ќе рециклираат пластични шишиња и лименки и за тоа ќе добиваат пари. ЈП „Паркинзи Општина Центар“ деновиве ја постави првата од деветте машини за рециклирање пред бараките на Општина Центар. Граѓаните ќе добиваат од 0,5 до 1,5 денари за рециклирано шише на платежната картичка „Грин пеј кард“. „Оваа мерка за рециклирање ќе важи само за жителите на Центар, односно пари ќе се враќаат само на картичката ‚Грин пеј кард‘. Месечно максималната цена која ќе може да ја добие еден граѓанин е 1.000 денари. Овие пари ќе можат да се употребат за пазарење во маркети,…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ од среда почнува со најавените граѓански протести, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата Христијан Мицкоски. -На 9 септември, среда, ги повикувам граѓаните на протест. Протестот ќе започне во 18 часот. Појдовна точка ќе биде Министерство за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Имаме скапа струја, а сиромашен народ, рече Мицкоски истакнувајќи дека тоа е првата причина за која ќе протестираат. Најави и дека протестот ќе биде прв во низата протести што ќе следуваат во следниот период. -И токму поради тоа ќе протестираме. Тоа е причината поради која ќе излеземе со свои барања. И уште нешто, да…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужби во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, информира Игор Јанушев, генерален секретар на партијата. Тој денеска изјави дека и покрај реакциите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во која укажале дека, како што рече, е тотално погрешен, нелигитимен и пред се нелегален начинот на тоа на кој што владејачкото мнозинство го направило. -Преку предлог на Комисијата за верификациони работи која што впрочем е создадена, е формирана и функционира само за првата конститутивна седница. Иако…

Read More

Нови 37 случаи со ковид-19 регистрирани се во последните 24 часа на направени 484 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1. Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од…

Read More

Косовскиот претседател Хашим Тачи го оцени минатонеделното потпишување во Вашингтон на договорот за економска стабилизација меѓу Косово и Србија како „најсериозно дипломатско дело во минатите две децении на Западен Балкан“, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната прес-конференција Тачи изјави дека најзаслужни за постигнатиот договор, што во Белата куќа го потпишаа косовскиот премиер Авулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ, се претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот специјален пратеник за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Ричард Гренел. – Минатата недела видовме уште една потврда на посветеноста на американскиот претседател Трамп за Косово. Со посветеноста на специјалниот пратеник Ричард Гренел…

Read More