Author: Нова ТВ
Нови 92 случаи со Ковид се регистрирани во последните 24 часа се направени 997 тестирања, информира Министерството за здравство. Новите заболени со ковид-19 се во: Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5, Неготино-1. Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41г) и пациент од Дебар (63г) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35г) почината вон болнички услови Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациент од: Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2, Делчево-3. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани…
Неколку лица ноќеска се прободени со нож во центарот на Бирмингем, соопшти денеска британската полиција. „Можеме да потврдиме дека околу 30 минути по полноќ бевме повикани за инцидент за прободување во центарот на Бирмингем. Наскоро потоа беа пријавени голем број други убоди со нож во областа и случајот беше прогласен за голем инцидент, се вели во соопштението на полицијата во Вест Мидлендс. Во соопштението се наведува дека има голем број повредени. „Во моментов не сме во можност да кажеме колку се повредени или колку од нив се сериозно повредени. Сите служби за итни случаи работат заедно на лице место…
Финансирањето на дефицитот и кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, а ќе има и бафер за евентуални нови шокови од пандемијата. Приходите се движат во рамки на предвидувањата, а ќе има доволно средства за финансирање на следните пакети економски мерки, за редовна исплата на плати, пензии, социјална помош, за обврските кон стопанството, кон кредиторите. Ова го порачува новиот министер за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА. – Сакам да упатам јасно порака за смирување дека финансирањето на дефицитот и на кредитите кои доспеваат до крајот на годината ќе биде обезбедено, дури ќе обезбедиме и бафер за…
Комбинираниот модел за онлајн настава и настава со физичко присуство е флексибилен и ќе се менува во зависност од состојбата со ковид-19, вели во интервју за „Факултети.мк“, новата министерка за образование, Мила Царовска. „Тој може и ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба, препораките на надлежните институции, но особено важно, и од контролата и квалитетот на образовниот процес. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и во Европа решенијата се национални, а не универзални. Во многу поразвиени држави, ги следиме предностите, проблемите…
Со примена на ЕКМО технологија во клиничката болница „Аџибадем Систина” е спасен животот на 45 годишен пациент заболен од Ковид-19. Астрит Селимај бил примен во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната форма на Ковид–19, со пневмонија. пПоради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина” и инфектолог од ГОБ „8-ми септември”, пациентот бил префрлен на ЕКМО апарат, кој всушност бил пресуден за неговото преживување. Астрит е првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија.
Во последните 24 часа се регистрирани 127 нови случаи на Ковид-19, починаа пет лица, оздравени се 95, а направени се 1.574 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2. Починати се пет лица, и тоа пациентка…
Со откривање на новиот споменик и положување цвеќе пред спомен-плочата до самиот паметник денеска беше одбележана 11-годишнината од трагичниот настан што се случи на Охридското Езеро, кога при потонување на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи – државјани на Република Бугарија. – На секој 5 септември се собираме да оддадеме почит на 15-те бугарски граѓани кои пред 11 години загинаа на Охридското Езеро. На десетгодишнината од несреќата пред мене беше моделот на овој споменик. Денеска тој е реалност. Од една страна тој е уметничко дело достојно за уважување, а од друга тој е симболот што ќе може да го…
САД изразија „сериозна загриженост“ поради тоа што властите на Германија откриле дека опозицискиот политичар Алексеј Навални бил отруен со нервна-паралитичка супстанца од руско производство, соопшти синоќа Стејт департментот. На средбата на заменикот државениот секретар Стивен Биган, со рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, Биган укажал дека користењето на Москва на тоа хемиско оружје е јавно прегазување на обврските на Москва на Конвенцијата за забрана на употреба на хемиско оружје. -Заменикот државен секретар ја повика Русија на целосна соработка со меѓународната заедница во истрагата за ово напад, се вели во синоќешната официјална изјава на портпаролот Морган Ортагус. Навални е во болница…
Лидерот на ДУИ Али Ахмети бил повикан од Специјалното обвинителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година. Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека испрашувањето на Ахмети од хашките истражители е поврзано со активности на Ксово, а не и во Македонија. -Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет – во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие…
Поради продолжувањето на несаканите ефекти од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти. Во врска со оваа можност, Банката ги известува своите клиенти – физички лица, дека на својата веб страница објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски. Ова се однесува на клиентите корисници на кредитни продукти (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки) кои имаат влошување на својата финансиска состојба како последица од Covid-19 кризата, а со тоа и реална…
Делегациите на Србија и на Косово денеска во Вашингтон постигнаа договор за економска нормализација. Трамп оцени дека тоа е голем чекор и најави дека Србија ќе работи на тоа да ја премести својата амбасадата во Израел, во Ерусалим, а Косово и Израел се договориле да воспостават дипломатски односи. Своите потписи на договорот ги ставија српскиот претседател Александар Вучиќ , косовскиот премиер Авдула Хоти и американскиот лидер, Доналд Трамп. Потпишувањето се случи со ненајавено одложување и откако косовската делегација не заминала навреме кон Белата Куќа, a причина за тоа е несогласувањето со делови од договорот кое го истакнал поранешниот премиер и…
Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони е хоспитализиран откако е дијагностицирано дека е позитивен на коронавирусот. Според најновите информации тој има воспаление белите дробови. Претходно, агенциите објавија дека Берлускони е примен во болница превентивно, но неговата здравствена сосјба се влошила синоќа откако бил тетсиран на коронавирус и му е дијагнистицирано воспаление на двете белодробни крила. Заразена е и неговата вереница Марта Фасчина, која се наоѓа во 14 дневен карантин, дома, а позитивнис е и неговата ќерка Брабара и синот Луиѓи. Неговата партија ги откажа сите собори кои биле планирани пред избори. Берлускони за време на најголемиот бран на пандемијата бил во…