Author: Нова ТВ
Со сведочење на две лица предложени од обвинителството, на 10 септември продолжува рочиштето за предметот „Монструм“. Сведоците се од Центарот за известување и командување кој ја примиле дојавата дека во местото Враживир, на 13 април 2012 е пронајдено возилото „Опел Омега”, кое според обвинението е користено од страна на извршителите на убиството кај Смилковксо Езеро, на 12 април. За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Судењето за овој…
Протокол за активности во установите за згрижување и воспитување деца, донесен од Комисијата за заразни болести, а со кој се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенција од ширење на коронавирусот во градинките кои треба да се отворат идната недела, презентираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Протоколот, посочи Филипче, опфаќа план на активности и делување кои се однесуваат на самата установи, на воспитно згрижувачкиот кадар и на родителите на децата кои ќе посетуваат градинка. – Пред отворање на установите потребно е да се направи дезинфекција…
Министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска денеска изјави дека установите за згрижување и воспитување се подготвени на 9 септември да ги примат децата согласно здравствените протоколи. Сите установи во земјава согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца. – Анализата на податоци од градинките покажа дека тие се подготвени наредната среда на 9 септември да почнат со работа и да ги примат и згрижат децата согласно утврдените протоколи. Приоритет за посетување градинка ќе имаат децата на самохрани родители или на двајца…
вата Влада планира во следните четири години да отвори 80 отсто од поглавјата во преговорите за влез во Европската Унија и да ги донесе европските стандарди дома. Ова, меѓудругото, се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година, во која Владата се заложува и дека ќе продолжи со реформите во клучните области – владеењето на правото и изградбата на функционална демократска држава – реформа во правосудството, реформа на јавна администрација, реформи во безбедносните служби и борба против организиран криминал и корупција. -Владата на Република Северна Македонија има амбициозен, но реален план: да ги заокружи преговорите што поскоро и што поуспешно…
Николовски за НОВА: ќе инсистирам на зголемена транспарентност на сите нивоа, ќе се обидам да наметнам намалување на дискреционите права на функционерите и да реагирам на сите сомнежи околу злоупотреба на позиција
Испитувањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од страна на истражителите на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое се одржа во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во косовскиот главен град, заврши попладнево, по повеќе од осум часа од неговото појавување таму утрово околу 9:30 часот, јави дописникот на МИА од Приштина. Околу 18 часот Ахмети е забележан како го напушта седиштето на меѓународната правна мисија во Косово, при што не даде никаква изјава за медиумите. Според косовските и другите медиуми на албански јазик, но и според самиот Ахмети, тој е повикан на распит во својство на…
Во текот на 2019 и 2020 година „Алкалоид АД Скопје“ реализираше донација во „Општа болница со проширена дејност Кавадарци“ во вкупен износ околу 10.500.000 денари (170.000 евра) комплетно опремувајќи го „Интерниот оддел за женски болести“ на оваа јавна здравствена установа. Просторот од над 350м2, кој скоро три децении стоел незавршен, денес официјално и свечено беше предаден во употреба со строго почитување на сите здравствени протоколи и заштини мерки од страна на Министерот за здравство, Проф. д-р Венко Филипче, Генералниот директор и Претседател на Управен одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов и директорот на болницата, д-р Диме Коцев. Новото одделение е…
Нови 145 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1772 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и Неготино-1. Во болнички услови починати се двајца пациенти од Дебар (67г) и Струга (48г). Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациентиа од: Скопје-55, Куманово-31, Дебар-4, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-14, Струга-10, Велес-2, Битола-5, Кавадарци-6, Гостивар-39, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-3, Делчево-3, Свети Николе-4,…
Колку се училиштата подготвени за организирање настава со физичко присуство од прво до трето одделение и за спроведување на насоките на МОН и дали се набавени сите потребни материјали прецизирани во протоколите за безбедност. За условите со кои располагаат е разговарано на денешната средба меѓу директори на основни училита со министерката за образование и наука Мила Царовска, откако Владата вчера на седница го усвои Планот на МОН за почеток на учебната 2020/2021 година. – Директорите и градоначалниците се главната алка кои треба да го обезбедат она што ние како Влада и Министерство го носиме. Затоа и ги повикавме на средба,…
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ги отфрли тврдењата на инвеститорот на дивоградбата кај Мавровка, Мевљудин Алити, дека се платени комуналии и дека објектот е легален. „Ако платил комуналии тогаш објектот е легален, ама нема платено. Не знам дали платил надоместок за приватизација на земјиштето, што е главниот проблем, бидејќи ако е така, продажбата се одвивала во организација на централната власт, а во тој случај 80 проценти од средствата од продажбата одат кај централната власт. Мене ми е криво што дојде до изградба на ваков објект, но ова нека биде пример за сите кои сакаат да профитираат на сметка…
Сопственикот на објектот што денеска се урива кај ТЦ Мавровка во изјава за медиумите тврди дека за објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. – Ништо од тоа што е пренесено од страна на медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот што беше изгорен од пожарот и на легална градба запишана во Катастарот. Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата. Можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа, јас бев тука и им ги дадов документите за објектот. На еден од порталите…
Швајцарската фармацевтска компанија Рош објави дека до крајот на септември на пазарот ќе пушти брз тест за откривање на коронавирус, кој ќе дава резултати за 15 минути. Тестот за антигени на вирусот САРС-КоВ-2, што ја предизвика пандемијата на Ковид-19, од кој од крајот на декември починаа повеќе од 851.000 луѓе низ светот, ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, задолжителна за производите што влегуваат на пазарот на Европската унија. Рош сака да побара и итно одобрување од Американската агенција за лекови (ФДА). – Секој месец ќе бидат достапни 40 милиони брзи тестови за САРС-CoV-2. Тој капацитет ќе…