Author: Нова ТВ
Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефикасна и одговорна која ќе ги гарантира стратешките определби, односно членство во НАТО и во ЕУ, добри меѓусоседски односи, справување со корона-кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции. Програмата за работа на Владата, додаде тој, во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери
Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини е во притвор. Сознанијата на Нова ТВ во текот на денешниот ден добија потврда и од Министерството за внатрешни работи (МВР). Нефи Усеини се појави во една од многуте аудио снимки на Јутјуб во предизборниот период во која Александар Николоски му вели на Миле Јанакиески „да не се чепкаат неговите згради во Далјан оти тоа било дел од договор за избори“. Ден по објава на снимениот материјал, Оштина Охрид започна со уривање на неговата бетонска база. Неодамна, пак, полицијата поднесе кривични пријави против него и неговиот брат по пријавата за инцидент во…
Родителите на учениците и натаму имаат различни ствови за начинот на кој треба да се одвива наставата. ОД МОН највуваат законски измени, од Сојузот на средношколци – протест
Во касарната „Боро Менков“ во Куманово денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод отпочнувањето со работа на Kомандата за југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) во Република Северна Македонија. На настанот е најавено присуство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на председавачот на процесот СЕДМ, Петро Кочи, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадори, заменици на министрите за одбрана, замениците на генералштабовите и воените аташеи на земјите учеснички во бригадата и градоначалникот на Куманово. По обраќањето на министерката Шекеринска и председавачот на процесот СЕДМ, Кочи, ќе следува примопредавање на должноста командант на бригадата меѓу досегашниот командант,…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а одбраната почна со презентирање на материјални докази. На последното рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљаноски читаше делови од записници на собраниски комисии, од координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието. Нив ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа. Одбраната на Вељаноски има повикано и околу 50 сведоци, пратеници…
Судскиот предмет за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012, познат во јавноста како „Монструм“, денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје со прво рочиште по завршување на судската ферија. Предметот е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на едно од наредните рочишта би требало да дадат исказ и сведоците предложени од одбраната. Повторувањето на судењето за „Монструм“ како сведоци пред Кривичниот суд Скопје ги доведе поранешните високи функционери во МВР, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Исто така, свој исказ дадоа и политичките функцинонери Зоран Заев и Али Ахмети. За убиството на момчињата…
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во 11 часот ќе достави до Собранието предлог состав и програма за работа на новата Влада. Ова следува по повлекувањето на пратениците кои ќе бидат идни министри и верификацијата на мандатите на новите пратеници кои дојдоа на нивните места во законодавниот дом. Новиот владин кабинет ќе биде помал и ќе има 19 министри, наместо досегашните 26. СДСМ ќе има 11 министри од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност. Покрај Заев, како премиер, членови на владата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер…
Во системот на МојТермин, е во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти, информираа од Министерството за здравство. За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест. За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден. Доколку еден пациент имал симптоми во…
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево ја напушти собраниската седница на која се верификуваше мандатот на пратеничката Драгица Ѓавочанова која доаѓа на местото на Зоран Заев, кој пак како мандатар за составување на новата влада, претходно поднесе оставка од пратеничката функција. Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, постапката за верификација на мандатите на новите пратеници е неделовничка. Тие посочија дека Верификационата комисија нема мандат да решава бидејќи претстанала да постои по конститутивната седница. – Очигледно процедуралните забелешки од страна на опозицијата не допреа до Вас и констатацијата дека и порано се правело вака, не дозволува понатамношно кршење на Деловникот. Од тие причини, јасно…
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.768 тестирања со позитивни наоди кај 38 лица од Скопје, 23 од Куманово, 15 од Прилеп, 12 од Гостивар, осум од Тетово, пет од Велес, по три од Штип, од Прибиштип, од Берово, од Делчево и од Свети Николе, по две од Пехчево и од Струга и по едно лице од Дебар, од Битола, од Охрид, од Кавадарци, од Струмица, од Виница и од Неготино
Државната изборна комисија (ДИК) денеска му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазлиу од ДУИ, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими и истото треба да биде верификувано од Собранието. Фазлиу доаѓа од Изборната единица 6 од редовите на ДУИ. Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, што тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.
Неформалната лидерка на опозициското движење во Белорусија во говорот пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент претпладнево истакна дека овие протести не се „ниту про, ниту анти Русија, ниту про, ниту анти ЕУ“