Државната изборна комисија (ДИК) денеска му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазлиу од ДУИ, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими и истото треба да биде верификувано од Собранието.

Фазлиу доаѓа од Изборната единица 6 од редовите на ДУИ.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, што тој ја поднесе по реакцијата на  Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.