Author: Нова ТВ

По објавата на НОВА дека интервенцијата на ЕВН по теченнието на брајчинска река го загрозува природниот проток на водата како и едмемскиот вид на речна пастрмка од оваа компанија се огласија со реакција во која се наведува дека последиците од интервенцијата ќе бидат отклонети. “Чистењето на вегетацијата околу дистрибутивната мрежа е тековна планирана работа за да се обезбеди сигурно и непречено напојување со електрична енергија. Доколку тоа не се заврши навреме, постои опасност од искрење и пожари што може сериозно да се загрози животната средина или човечки живот. За таа цел, ЕВН ангажира надворешни фирми кои се обврзани да ја…

Read More

Претседателскиот кандидат на Демократската партија на изборите во ноември во САД, Џо Бајден, изјави дека доколку победи на изборите, ќе биде подготвен повторно да ја „затвори“ земјата доколку научниците тоа го препорачаат со цел да се спречи коронавирусот за време на можниот втор бран од пандемијата. -Ќе ги послушам научниците, рече Бајден во интервјуто за Еј-Би-Си њуз, што го даде заедно со неговиот избор за демократски потпретседател на земјата, сенаторката Камала Харис. Според Си-Ен-Ен, Бајден е подготвен да стори „се што е потребно за да се спасат животи, затоа што не можеме да ја рестартираме земјата се додека вирусот не…

Read More

Во училиштата во Англија во јуни потврдени се 67 случаи на Ковод-19 и 30 жаришта на заразата, покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот за јавно здравје за стапката на заразеност со Ковид-19 во образовните институции од првиот ден на нивното отворање на 1 јуни. Во заклучокот од студијата се наведува дека се ретки жариштата и слуачите на новиот коронавирус во образовните институции во Англија. Во текот на јуни бројот на деца кои посетуваа настава во училиштата зголемен е од 475.000 на повеќе од 1,6 милиони. Во студијата се наведува дека постои голема поврзаност помеѓу регионалната стапка на инфицираност и…

Read More

Флорим Бесими пратеникот од редовите на ДУИ, поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието, поради,  како што вели, избегнување на можен конфликт. Имено, тој му е брат на Фатмир Бесими, кој е номиниран за министерската функција за финансии. -Стоејќи се на принципите на еднаквост, правда, можност за сите и целосно почитување и без никакво двоумење на законот и волјата на народот, ве известувам дека останувам принципиелен и следствено на тоа давам оставка од мандатот на народен пратеник, за да се избегне можен конфликт. од интерес со мојот глас во собранието“, вели на ФБ  Флорин Бесими.

Read More

Во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19. Најмногу заболени, 53 има во Скопје, потоа 19 во Куманово и 10 во Гостивар. Во болнички услови починал 63 годишен пациент од Дебар. Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти. Досега, во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.

Read More

Ова е брајчинска река, природен хабитат на ендемскиот вид на пастрмка позната како брајчинска пастрмка. Воедно од водите на оваа река доаѓа и најголемиот прилив на вода во Преспансото Езеро кое во изминатите две години ја преживува најголемата криза со водостојот

Read More

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, кон почетокот на септември, поточно на 2 септември, ќе сведочи пред меѓународните хашки обвинители за воените злосторства во Косово, пренесува ТВ21. Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК. Од кабинетот за ТВ21 велат дека на 2 септември е предвидено Али Ахмети да отиде во Приштина за да сведочи, а меѓународните обвинители побараа од Ахмети да биде два дена на располагање.

Read More

Властите во Белорусија блокираа над 20 интернет-страници, вклучително и некои странски портали, кои известуваа за двонеделните антивладини протести, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари. Додека државната издавачка куќа престана да ги печати независните весници Народна волја и Комсомолскаја правда, а како причина ја наведе неисправност на опремата. Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.

Read More

Нови 159 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа на направени 1733 тестирања, информираат од Министерството за здравство. Новите заболени се во: Скопје-32, Куманово-25, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-9, Струга-15, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-5, Гостивар-22, Гевгелија-5, Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-4, Кичево-3. Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од  Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-27, Куманово-1, Дебар-3,…

Read More

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска побара од военото раководство да ги преземе сите неопходни мерки и да ја ангажира армијата цврсто да застане во одбрана на територијалниот интегритет, посочувајќи дека ситуацијата е особено чувствителна на западните граници. Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена таканаречената обоена револуција, што се потпира на странскиот фактор и се обидува да ја дестабилизира земјата, јави Тасс. -Се јасно укажува дека во Белорусија се спроведува обоена револуција, со поддршка на странскиот фактор, што се вмеша, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор, заклучи Лукашенко.

Read More

МВР соопшти денеска дека 55 мигранти биле пронајдени утринава на локалниот пат кој води кон селото Триводи, кое се наоѓа во околината на Струмица. Мигрантите, како што наведуваат од МВР, се превезувале со товарно возило „ивеко“ без регистрарски таблички. Возачот откако ги забележал полициските службеници, побегнал заедно со мигрантите, но по претресот на теренот тие се пронајдени. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Read More

Музичарот Џек Шерман, кој се стекна со слава како гитарист на групата „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers), почина денеска на 67-годишна возраст. Причината за смртта на гитаристот засега е непозната. Поранешни колеги од групата по неговата смрт изјавија дека тој бил единствен. Му благодариме за времето што го помина со нас – доброто, лошото и она помеѓу нив“, напишаа членовите на познатата група. https://youtu.be/WBFBPETbDS0

Read More