Author: Нова ТВ
Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека во изминатото деноноќие регистирани се 420 прекршувања на мерката за носење на лична заштита на лицето. Казната за прекршување на мерката изнесуав 20 евра или двојно помалку доколку биде платена во рок од 7 дена. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19.
Охриѓанецот Спирко Топалоски кој завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, преку својот адвокат одеднаш ја смени својата изјава. -Добив удар од позади грб и поради стресот што го добив сум стекнал погрешен впечаток дека Нефи Усеини има пиштол. Ова е дел од изјавата на Додека полицијата трага по браќата Усеини за кои веќе е одреден и осумдневен притвор за нападот на Топалоски, a се осомничени за кривичните настани „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Првата изјава на Топалоски беше дека Нефи го тепал и замавнувал со пиштол пред очите…
Последното име во новата влада е конечно познато – стружанецот Јетон Шаќири ќе биде новиот министер за информатичко општество и администрација. Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а е избран и во новиот состав на парламентот. Весникот „Коха“ јавува дека тој е близок на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Неговиот избор е веројатно дел од бунтот во партијата поради номинирањето на Бујар Османи и Артан Груби и донекаде Фатмир Бесими. Некои од моќните ограноци, како струшкиот беа најгласни во негодувањето, па изборот на поранешниот директор на комуналното водоводно претпријатие на Струга веројатно е дел од оваа спогодба. Главен кандидат…
Протести и блокади на улиците Имаше во повеќе градови низ државата. Во Скопје, Куманово, Дебар, Битола, Кичево граѓаните излегоа на улиците револтирани од поскапувањето на струјата за 7,4 проценти. Во Скопје беа блокирани две крстосници во центарот на градот, додека во Тетово и Гостивар ги блокираа автопатиштата. Се бара национализација на ЕВН, укинување на Регулаторната комисија и на нејзино место формирање на друго комисиско тело. Во Битола граѓаните носеа транспаренти со симболични пароли „Нè отепа струјата“, алудирајќи на поскапувањето на струјата. Протестираа низ Широк Сокак почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, со маски на лицата и меѓусебна дистанца. На…
Неделата на новиот германски филм“ почнува на 24 август. Публиката во Струга, Скопје и Прилеп ќе ја продолжи долгогодишната традиција на дружење со најновите остварувања на богатата германска кинематографија. За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции под отворено небо. Неделата на новиот германски филм на 24 август во НЦСК Струга ќе се претстави пред македонската публика со премиерата на долгоочекуваниот „Undine“ на режерот Кристијан Петцол. Фестивалот ќе продолжи со прикажувањето на селекцијата составена од трилерот „Ballon“ (2019) на Мајкл Хербиг, биографскиот „Mein Blind Date Mit Dem Leben“ (2017) на Мајк Ротемунд и комедијата „Die Goldfische“…
На попладневното продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, тој беше реизбран со 62 гласа „за“, 43 „против и ниту еден „воздржан“. Во гласањето не учествуваа пратениците од коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива
Според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија, македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја. Како што јави дописникот на МИА од Белград, во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, објавено во Службениот гласник, прецизирано е дека влез во Србија за македонски државјани е дозволен доколку се поседува негативен ПцР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија. Доколку само се транзитира…
Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес по предлогот за претседател на законодавниот дом да биде Талат Џафери. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за собраниски спикер за кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците и Алтернатива и на Левица најавија дека ќе гласаат против. Бројот на потписи за кандидатурата на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и на ДУИ за формирање на владина коалиција. Претседателот на Собранието се избира со 61 глас…
Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.825 тестирања со позитивмни наоди кај 32 лица од Скопје, 14 од Штип, 11 од Гостивар, 10 од Тетово, по осум од Дебар и од Берово, седум од Куманово, четири од Свети Николе, по три од Делчево, од Охрид, од Гевгелија, од Кичево и од Крива Паланка, по две од Прилеп и од Велес и по едно лице од Кочани и од Пробиштип
Кога еден тим губи не може да биде одговорна публиката на играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше претседателот Хрисијан Мицковски и неговите најблиски соработници“, рече Дамчевска Илиевска
Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, порача дека ќе се врати во Белорусија од Литванија кога ќе се чувствува безбедно. На денешната прес-конференција во Вилнус таа изјави дека народот во Белорусија сака да се одржат нови избори, кои би биле слободни и фер, пренесуваат британските медиуми. На претседателските избори што се одржаа во Белорусија на 9 август, Лукашенко победи со околу 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја, која освои 10 отсто од гласовите, наредниот ден се пресели во Литванија поради закани по нејзиниот живот. По објавување на изборните резултати, во Минск и други…
На денешното рочиште во судскиот процес против актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ беше прочитано обвинението според кое се обвинети за производство и пуштање во промет наркотични дроги. Одбраната ги изнесе воведните зборови пред судот. Стојановска и Будисавјевиќ се под обвинение дека организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија