Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ, АА/А и Левица против реизбор на Џафери за претседател на Собрание

0
By Нова ТВ on August 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 21, 2020 16:21

Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница сo претрес по предлогот за претседател на законодавниот дом да биде Талат Џафери. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за собраниски спикер за кого пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, на Алијанса на Албанците и Алтернатива и на Левица најавија дека ќе гласаат против.

Бројот на потписи за кандидатурата на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и на ДУИ за формирање на владина коалиција. Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“.

Предлогот за претседател на Собранието го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери „ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот“. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи предлогот Џафери да биде повторно претседател на Собранието. Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ своето обраќање го започна со коментар дека со 62 пратеници нема функционалност и стабилна работа во парламентарниот дом и оти вакво Собрание нема „долго да биде“.

„Малиот број на пратенци не дава можност дека овој дом ќе биде функционален и дека ќе работиме како што треба. Предлогот што го доставувате, нема да биде поддржан. Во делот од предлогот во една реченица прочитав дека Џафери во минатиот мандат успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието“, рече Мицевски.

Тој се наврати на работењето на Собранието во претходниот мандат, кога претседател на Парламентот беше Талат Џафери, посочувајќи на злоупотреби на Деловникот, дека 40 отсто од законите биле донесени по скратена постапка, злоупотреба на уредбите, злоупотреба на европското знаменце и друго.

Јован Митревски од СДСМ реплицираше дека е точно оти од 800 закони, 300 биле донесени по скратена постапка, но дека 90 отсто од донесените закони по скратена постапка биле усогласување на законот за прекршоци со кои се намалуваат казните за граѓаните. Во однос на формирањето на владеачко мнозинство, Митревски рече дека тоа ќе трае четири години и оваа држава ќе оди напред, а претседател на Собранието ќе биде Талат Џафери.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

„Процедурата е гаранција за демократија. Претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата“, рече Силјановска. На ова Џафери рече дека седницата може да ја води додека трае претресот и дека во одреден момент ќе повика некој од замениците да претседава со седницата.

Пратеничката Силјановска рече дека Џафери е 19 години на функција, што според неa, е предолго. Политиката, како што кажа, не смее да биде занимање, туку треба да следи по нешто што сте го направиле во животот. Потсети дека функцијата претседател на Собранието влегла во пазарењето меѓу коалициските партнери што е недозволиво.

„Се случи уставните измени да ги брани министерот за надворешни работи, но овде седеа и двајца луѓе од кабинетот на премиерот. Многу други закони се носеа на ваков начин без дебата и затоа јас имам голема резерва кон старо-новиот претседател на Собранието како чувар на Деловникот и на процедурата“, рече Силјановска, која потенцира дека не смее да има грубо кршење на Деловникот и оти мора да се држиме до процедурата.

Таа, сепак, позитивно го оцени потегот на Џафери кој ги потсети актуелните пратеници дел од владата дека со верификацијата на мандатите им престануваат функциите во Владата, но тие, како што кажа Силјановска, ревносно си ги вршат своите функции, спротивно на Уставот, Деловникот и Изборниот законик.

Скендер Реџепи, како претставник на Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така кажа дека тие нема да гласаат за Џафери и дека дури и нема да присуствуваат на гласањето за него. Обвини за крадење на албанските гласови од страна на ДУИ и рече дека тие ќе продолжат со демократско делување. Против Џафери ќе гласа и Левица, како што најави нејзиниот лидер Димитар Апасиев од говорницата во Собранието.

АА/А ВМРО-ДПМНЕ Избор конститутивна седница Левица претседател Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.