Author: Нова ТВ

Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.742 тестирања со позитивни резултати кај 40 лица во Скопје, 18 во Гостивар, по 13 во Штип и во Тетово, седум во Кичево, по шест во Куманово и во Охрид, по пет во Прилеп и во Виница, по четири во Струга и во Делчево, три во Битола, по две во Кавадарци и во Пробиштип и по едно лице во Струмица и во Берово

Read More

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети ја почнаа средбата во Клубот на пратениците на која ги договараат деталите за формирање на постизборна владина коалиција. Заев и Ахмети на средбата се придружувани од генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби. СДСМ и ДУИ веќе соопштија дека е постигнат сериозен договор меѓу двете партии во преговорите за формирање влада. Во Клубот на пратениците прв пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од Артан Груби, а петнаесетина минути подоцна и лидерот на СДСМ Зоран Заев со Николовски. За време на викендот и вчера продолжиле интензивните работни…

Read More

Долг пат минавме од местото каде што почнавме пред три години. Станавме 30 членка на Алијансата и дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Се опкруживме со сојузници кои ги споделуваат нашите вредности. Нашето знаме гордо беше подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Но, најважно од сè, заедно со подигањето на нашето знаме, се подигна и нашата гордост и главата на сите граѓани. Ова денеска во Скопје по повод одбележувањето на Денот на Армијата (18 август) го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Нашето знаме беше гордо подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, пред…

Read More

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко за персона нон-грата во Европската Унија (ЕУ) и повикаа на нови, „слободни“ избори во земјата. Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел. „Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановскаја. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за…

Read More

Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење на заштитна маска и за држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува, иако здравствените власти постојано апелираат за почитување на мерки за заштита. Од направените 912 тестирања, вчера беа регистрирани 103 новозаболени лица со Ковид-19, оздравеле 187, а три лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 127.196 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 12.840 позитивни на Ковид-19, излекувани се вкупно 9.361 лице, а бројката на починати е 547. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.932. Најмногу…

Read More

Нова ТВ дознава дека ДУИ во преговорите ги добиле министерствата за надворешни работи и за финансии. Досегашниот премиер Оливер Спасовски ќе се врати во Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде ја презеде функција премиер на техничката Влада, додека Никола Димитров од МНР заминува во Министерството за правда

Read More

Претседателот Пендаровски, на свеченоста, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија

Read More

Уште 12 патници кои пристигнале во Турку со саботниот лет на Визер од Скопје се позитивни на Ковид-19, соопштија финските власти. Во авионот имало вкупно 115 патници од кои 95 проценти биле тестирани и за сите се издадени писмени наредби за домашен карантин што ќе го надгледуваат локалните власти. Ова е трет по ред лет на релација Скопје – Турку во кој се откриени позитивни патници на Ковид-19. Со првиот лет на 8 август, по доброволно тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје, беа позитивни 26 лица, а на вториот, на 11 август, уште пет. Во трите лета досега се…

Read More

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата. За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил. Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и…

Read More

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска со цел да испита дали има судир на интереси во врска со нејзиното постапување со средствата што ги имала во „Еуростандард банка“ пред да биде ставена во стечај. Од ДКСК за МИА потврдија дека предметот е отворен по нивна иницијатива со цел да се расчисти целиот случај што предизвика реакции во јавноста. ДКСК е во фаза на собирање податоци за предметот од Народна банка и од Министерството за финансии со цел да се утврди дали министерката имала информации дека банката ќе биде затворена, па затоа ги повлекла…

Read More

За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставници на СДСМ, како предводник на коалицијата “Можеме“ и на ДУИ со цел креирање на коалициски договор за идна стабилна Влада на Република Северна Македонија, се најавува во партиското соопштение на СДСМ. „Тимовите на СДСМ и на ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена по добивање на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада“, стои…

Read More

Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје му е доверена на стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје, а првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври, информираат денеска од Основниот граѓански суд Скопје. „Усвоен е предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година во 13 часот“, се вели во соопштението од Основен граѓански суд Скопје. Народната банка…

Read More