Author: Нова ТВ

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска уште еднаш нагласи дека имунизацијата на населението продолжува да се одвива според возрасната граница. До крајот на следната недела треба да се вакцинираат дополнително пријавените 8.000 постари граѓани и тие ќе имаат приоритет пред помладите. Околу 40 отсто од вкупното население над 70 години, веќе е вакцинирано, нагласи Филипче. Според него, граѓаните кои се вакцинираа во Србија со „Астра зенека“, а се под 60 години, нема да се ревакцинираат со оваа вакцина, туку со „Синофарм“ или „Фајзер“, а за тоа треба да се пријават кај матичните лекари. -Пријавените повозрасни граѓани во Скопје и ширум…

Read More

Генералниот комесар на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, за време на посетата на Мадрид изјави дека крвопролевањето во Палестинските територии го испровоцирал Израел со протерување палестинските семејства од источен Ерусалим и забрана на верниците да влегуваат во џамијата за време на рамазанските празници. „Ова беше најавена криза, знаевме дека ќе избувне ако ништо не се стори. Во текот на изминатите две недели имаше закани во Шеик Џарах дека ќе се протераат десетици палестински семејства што живеат таму повеќе од 70 години. Во исто време, целосниот влез на верниците беше забранет за време на Рамазан до џамијата…

Read More

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска нагласи дека не планира да попушти во нападите против Хамас во Газа, по силното бомбардирање насочено кон исламистите во палестинската енклава. – Тие го нападнаа нашиот главен град, истрелаа ракети кон нашите градови. Тие плаќаат и ќе плаќаат скапо за тоа, изјави тој по безбедносните консултации во воениот штаб во Тел Авив. – Се уште не е завршен конфликтот, додаде тој. Шест Палестинци беа убиени денеска на Западниот брег во неколку судири со израелската армија, соопшти палестинското Министерство за здравство. Како што е наведено, петмината биле убиени додека фрлале камења кон израелски војници на…

Read More

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.  -Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од годинава изнесува 1 милијарда и 55 милиони евра и е за 67 отсто зголемен во однос на истиот период лани односно речиси 27 отсто во однос на 2018 година. Компаниите активни во зоните и понатаму остануваат носители на извозот во земјава со учество од речиси 47…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата. Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики. -Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики…

Read More

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Народна Република Кина. На приемот на донацијата присуствуваа министрите за здравство и за одбрана, Венко Филипче и Радмила Шекеринска, како и кинескиот амбасадор Џанг Ѕу. Според Филипче и Шекеринска, ова е вистинска помош во вистинско време. „Ова е значајна количина вакцини која за бројот на население како нашето значително може да ја смени епидемиолошката слика. Со донацијата се потврдува партнерството меѓу двете земји. Се надевам дека соработката ќе продолжи“, истакна министерот за здравство. Тој нагласи дека имунизацијата во земјава ќе продолжи по приоритет, согласно…

Read More

Дигитализацијата на образованието ќе се случи, независно дали во мојот мандат или пак во времето на некој следен министер. Затоа што тоа е глобален процес во кој учествуваат сите земји кои имаат намера да напредуваат преку развој на образовниот систем. Северна Македонија конечно фаќа чекор со современите стандарди за квалитет и драго ми е што тоа почна и се случува забрзано токму по моето назначување да раководам со ресорот.

Read More

Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти, од партиите што го изгласаа укажуваат на формално-правната процедура со којашто тој повторно ќе оди во собраниска процедура. Во меѓувреме продолжија реакциите за усвојувањето на законот со гласови и на пратениците од владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски вчера го извести претседателот на Собранието Талат Џафери, дека одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот, со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се…

Read More

Нема влошување на епидемолошката состојба по попуштањето на рестриктивните мерки и според здравствените власти треба да останат во сила уште најмалку една недела. Третиот бран од ковид пандемијата стивнува. И вчера, како и во претходните денови, се регистрирани мал број новозарезени, а се намалува и бројката на починати како последица на вирусот. Во вакциналните пунктови продолжи вакцинацијата, а во државава пристигнуваат и дополнителни количини за да се обезбеди континуитет во процесот. Синоќа пристигнаа 38.400  вакцини „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот, а денеска уште 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“, донација од кинеската Армија. Новите дози на „Астра Зенека“ ќе…

Read More

Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина. Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор  Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на Шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава. На крајот на минатиот месец во С Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.

Read More

Закани по живот, физички напади, вербални злоупотреби и навреди преку социјалните мрежи, полека но сигурно стануваат секојдневие на новинарите и медиумските работници ширум државата. Соочувањето со вакви напади не само што претставува сериозен предизвик, туку во голема мера го загрозува и нивниот интегритет и личното достоинство. Културата на неказнивост останува длабоко вкоренета во нашето општество, со оглед на фактот дека од вкупно 14 регистрирани напади кои се случиле во текот на минатата година, само еден завршил со институционална разрешница. Во најава се измени во Кривичниот законик за поголема заштита на новинарската фела, со кои нападот врз медиумските работници ќе добие…

Read More

Во Северна Македонија опстојува оптимизмот за надминување на блокадата на Софија на патот на евроинтеграциите, особено по понудените идеи од Грција кои би можеле да помогнат во постигнување на целта. Премиерот Зоран Заев во интервју за дописничката на МИА во Атина, посочува дека Грција е еден од најпосветените наши пријатели за нашата ЕУ перспектива, и открива дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис развил неколку позитивни идеи, кои би можеле да помогнат за тргање на бугарската блокада. -Јас верувам во тој оптимизам што го кажав од многу прагматични причини. Значи ова покрај тоа што е проблем и предизвик на Северна Македонија, е…

Read More