Author: Нова ТВ
Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност, истакнува лидерот на СДСМ, Заев
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, од североисточен правец, а УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 степена, а дневната од 26 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 19 степени, а дневната до 33 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Од АМСМ информираат дека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Просторот околу катедралната црква „Света Софија“ во Охрид доби физичко обезбедување. По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот, Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет. Токму тој простор на западната ориентација кон предворјето, изминатите денови беше едно од главните собиралишта на помлади лица кои зад себе оставаа купишта ѓубре од амбалажа на се она што понеле за пиење и за јадење. Екипи на ЈП „Охридски комуналец“, но и поединци и активисти на…
Со почит за Илинденците и значајните крушевчани, со подигнување на бајракот на Крушевската Република на Гумење, со читањето на Манифестот на Крушевската Република, со испукување на црешовото топче пред „Македониумот“ и со мерки за заштита за присутните, синоќа во Крушево беше означен почетокот на Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“. Обраќајќи се пред крушевчани и гостите, крушевскиот градоначалик и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска република“, Томе Христоски нагласи дека Илинден е празник на сите нас, празник на минатото, на сегашноста и на иднината. Го одбележуваме во несекојдневни услови на пандемија, но тоа, рече, не нè спречува да го чествуваме…
Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, премиерот Оливер Спасовски ќе ја предводи владината делегација на скопско Кале, а потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски ќе одржи говор на Мечкин Камен во Крушево на Денот на Република на кој оваа година се одбележуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од првото Заседание на АСНОМ
Група од 59 мигранти избегале од спортска сала во Шпанија, каде биле задржани во карантин, бидејќи било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавија денеска шпанските медиуми. Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија соопштија дека на мигрантите им бил одреден карантин од 14 дена во спортска сала во близина на градот Картагена, пишува „Ла Вердад“. Полицијата досега успеала да пронајде и да врати во карантин 15 избегани мигранти.
Нов негативен рекорд e забележан во Албанија во последното деноноќие, кога станува збор за новозаразени со Ковид-19. Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа регистрирани се 120 новозаразени со коронавирус, што е највисока бројка до сега од 9 март, кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син, по нивното враќање од Италија. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, од каде се 57 од новозаразените, а ново жариште повторно станува Драч, каде има 15 новозаразени. Во исто време починале четворица, додека оздравеле девет пациенти. Со последните 510, до сега направени се 41.709 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.396 лица, битката со опасниот вирус ја добиле 2.961, починале…
Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Чаир-168, следи Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158. Гази Баба има 139 активни случаи, Центар и Карпош по 128, Шуто Оризари има 113, а Ѓорче Петров 101. Следат општините со помалку од 100 активни случаи на нивна територија: • Бутел – 92 • Сарај – 70 • Студеничани – 54 • Шуто Оризари – 113 • Арачиново – 24 • Илинден – 23 • Петровец – 17 • Чучер…
Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19, починати се седум лица, а оздавени 144 лица
Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Документот беше парафиран во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов. „На денешен ден, пред три години, имавме чест заедно со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, да оддадеме почит на илинденците од Крушево и од АСНОМ, на светото место пред гробот на Гоце Делчев во Скопје и да го потпишеме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Покажавме политичка волја за прогрес, за решавање на отворените прашања и направивме историски чекор напред. Создадовме модел со…
Оттаму посочуваат дека револтира образложението на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски дека цената морала да се покачи поради намалените приходи на енергетските компании. Додаваат дека револтира и тоа што одлуката се донела преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа