Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикати и здруженија контра РКЕ: Веднаш да ја повлечете одлуката за поскапa струја

0
By Нова ТВ on August 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 1, 2020 15:01

Синдикатите и здруженија од земјава најостро реагираат на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7,4 проценти и бараат таа веднаш да биде повлечена.

„Револтира што одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа или добиваат намалување на платите, како и во период кога се обелоденуваат разни малверзации од страна на фирми кои добивале државна помош, а не исплаќале плати на вработените. Со ваква штетна предлог одлука уште еднаш се потврдува дека најголемиот удар од кризава ќе биде врз економски најранливите и работниците“, се вели во соопштението од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Оттаму посочуваат дека револтира образложението на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски дека цената морала да се покачи поради намалените приходи на енергетските компании.

„Профитот на големите монополски компании не смее да биде пред јавниот интерес и обврската на државата да ги штити посиромашните граѓани“, наведуваат од ССНМ.

Додаваат дека револтира и тоа што одлуката се донела преку ноќ, без никаква јавна консултација, среде лето, пред продолжен викенд и државен празник, кога граѓаните немаат многу простор да реагираат на неа.

„Одлуката се носи и во пост-изборен период, кога не е конституирано Собранието и нема избрано нова Влада, поради што е спорен и нејзиниот легитимитет, бидејќи ова не е техничка одлука. Ова е политичка одлука, со сериозни политички и социјални последици, која ќе ги засегне сите граѓани на оваа држава на долг период“, стои во соопштението.

Од ССНМ укажуваат и дека многу европски држави во кризава донеле одлуки со кои ги одложиле или ги покриле сметките за струја за сиромашните граѓани, или пак ја намалиле цената на струјата.

„Нашата држава, која има највисока сиромаштија и невработеност во цела Европа, има уште поголема обврска да донесе некоја таква мерка, наместо да покачува цени. Поради сето ова, бараме Регулаторната комисија за енергетика веднаш да ја повлече Одлуката за поскапување на струјата“, се подвлекува во соопштението.

Потписници на Повелбата за солидарност и здруженијата и организациите за заштита на човековите и работничките права се Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Самостоен синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независен академски синдикат (НАкС), Левичарско движење Солидарност, Хелсиншки комитет за човекови права, Здружение на граѓани Гласен текстилец, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Субверзивен фронт.

здруженија реакција РКЕ синдикати струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.