Author: Нова ТВ

Австралија ќе стане првата земја што ќе бара од интернет компаниите да им плаќаат на медиумски куќи за новинската содржина. Земја ќе ги принуди технолошки гиганти како Фејсбук и Гугл да ги платат австралиските медиуми за објавените вести. Овој принцип е според модел сличен на авторски права, а годинава ќе биде регулиран со закон, соопшти австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг. – Тоа би било чесно за работењето на австралиските медиуми. Треба да обезбедиме подобра конкуренција, подобра заштита на потрошувачите и одржливо медиумско опкружување. Се работи за иднината на австралискиот медиумски простор, додаде Фрајденберг. Гугл соопшти дека регулативата ги игнорира „милијардите кликови“ што ги…

Read More

Управата за хидрометеоролошки работи уште еднаш предупредува дека денеска температурата ќе достигне 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засиленветер, претежно во планинските подрачја во севернитеделови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе дотсигне 38 степени. Од недела…

Read More

Стотици противници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа протестираа пред неговата официјална резиденција, повикувајќи го да поднесе оставка, додека мала група негови приврзаници се судрија со полицијата и новинарите во трговскиот центар во близина. Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица. Додека централниот дел на демонстрациите се одржуваше пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим, група млади луѓе, облечени во црно, ги навредуваа претставниците на медиумите и нападнаа палестински возач на автобус и двајца новинари во трговски центар во близина. Телевизијата Канал 13 објави видео од маж кој се гледа како пцуе и го тепа снимателот на таа телевизија. Според извештаите, мажите се дел од „Ла Фалилија“, екстремистичка група на поддржувачи на фудбалскиот…

Read More

Според агендата, претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста воМеморијалниот центар во Пелинце, претседателот на Собранието Талат Џафери на Мечкин Kамен во Крушево и претседателот на Владата Оливер Спасовски на свеченоста во Скопје

Read More

Еден маж е уапсен откако пукал на мајка и син во хотел во Мајами Бич, Флорида, изнервиран бидејќи не ги почитувале мерките за физичка дистанца. „Вие не се придржувате кон мерката за физичко дистанцирање“, вели Даглас Маркс (47) од Мајами во писмената изјава, до која локалните медиуми имале пристап. Тој потоа им рекол на Вероника Пен и нејзиниот син, туристи кои дошле на Флорида од Мексико, дека мора да го напуштат хотелот, по што извадил огнено оружје и испукал неколку истрели во холот на хотелот. Никој не е повреден во пукањето, што се случи во вторникот вечерта, пренесува Дејли Меил.…

Read More

Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје денеска ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании. Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојна банка, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку шест комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија. Овие 105 проекти треба да поддржат вработување на 145 лица, соопшти Развојната банка. Најголем дел од овие средства, 40 отсто или 10,2 милиона евра се…

Read More

Националниот институт за статистички и економски студии – ИНСЕЕ никогаш не забележал ваков колапс на економијата – Франција забележа историски пад од 13,8 отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) во второто тримесечие поради епидемијата на коронавирус, покажуваат податоците на ИНСЕЕ. Потрошувачката на домаќинствата, главна компонента на растот, падна за 11 отсто, јави дописникот на МИА од Париз. ИНСЕЕ исто така го ревидираше мерењето на активноста во првиот квартал, кој падна за 5,9 отсто, а не за 5,3 отсто, како што беше претходно објавено. Сепак, шокот е помал од очекуваниот. ИНСЕЕ предвиде пад на активност во вториот квартал од околу 17…

Read More

Бројот на заразени со коронавирус во Токио, во изминатите 24 часа, надмина 400 лица, што претставува рекорд за целиот период на епидемијата, изјави гувернерката Јурико Коике. Според неа, во изминатите 24 часа се регистрирани 463 нови случаи на заразени и за првпат зголемувањето во главниот град надминува 400 лица за 24 часа. Претходниот пик на нови случаи беше пријавен во четвртокот, кога бројот на новозаразените достигна 367 лица. Шефицата на градската администрација уште еднаш ги повика жителите да се воздржат од посета на места каде има масовно собирање луѓе и, доколку е можно, да не ги напуштаат своите домови навечер. Јапонската…

Read More

Антивладините протести продолжуваат со блокада на клучни крстосници и булевари во Софија. Демонстрантите настојуваат за оставка на Владата на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер парламентарни избори. Тие остануваат цврсти во нивните барања и велат дека нема да се откажат додека не бидат исполнети. На главните улици во Софија се поставени шатори веќе втор ден, а градскиот сообраќај е блокиран и се пренасочува.

Read More

Владата, како што беше најавено, ја објави листата со фирми кои аплицирале и добиле државна помош, но не исплатиле плати на вработените. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска пред неколку дена соопшти дека околу 700 фирми кои користеле финансиска поддршка за исплата на минимална плата од 14.500 денари не им ги дале парите на работниците и во време на пандемија 1.700 вработени останале без плата, а уште 52.000 добиле пониска плата од минималната. Фирмите на тој начин за себе си задржале околу два милиона евра. Телма, повикувајќи се на извори во Владата попладнево објави дека сумата за задржани средства е петкрано…

Read More

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Управата за јавни приходи ги демантираат написите на одредени медиуми во кој е наведено дека „oколу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец“, се наведува во реакцијата на УЈП. „Управата за јавни приходи на прес-конференција за медиуми одржана во вторник, на 28 јули, објави дека вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 милиони денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984…

Read More