Author: Нова ТВ
Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат за да се надмине КОВИД пандемијата, е заклучокот од средбата на туристичкиот сектор во земјава со претставниците на ОН. На вчерашниот онлајн состанок беше оценето дека туризмот има голема улога во актуелната ситуација. Според учесниците, можно е во вакви услови да се биде и иновативен, да се редефинираат и прошират можностите во секторот. Безбедниот туризам може да стане нов стандард. -Тоа што се случува во овој сектор не се однесува само на овој дел од економијата, туку и на здравјето, на добросостојбата на луѓето…
Шефот на дипломатијата Никола Димитров објави на својот Фејсбук профил дека вчера за време на работната посета на Грција, во Атина имал средба со неговиот грчки колега Никос Дендиас. -Разговаравме за добрите билатерални односи и можноста да ја исполниме новата страница на пријателство со конкретни проекти од заеднички интерес. Зборувавме и за нашата ЕУ иднина, актуелните прашања во регионот и во светот, со акцент на пандемијата и како да се справиме со предизвиците со кои сите се соочуваме, напиша Димитров. За средбата се огласи на Твитер и шефот на грчката дипломатија, кој напиша дека со Димитров разговарале за соработката меѓу…
Вкупно 60.350 земјоделци досега поднеле барања за субвенции. Рокот за аплицирање истекува утре (31 јули). Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) апелираат здо емјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите. „Најголем број земјоделци, 60.350, аплицираа за субвенции, а според информациите од подрачните единици во текот на денешниот и на утрешниот ден се очекува оваа бројка да се зголеми. Сите земјоделци кои сакаат да поднесат барање, може да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за…
Грижејќи се за моето семејство, за моите соработници, како и за сите верници и граѓани, решив да направам тест за Ковид-19 што за жал е позитивен, напиша в.д. Реисот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи на својот фејсбук профил. „Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација“, додаде во постот на Фејсбук.
„Алкалоид“ бележи раст на консолидираните продажби за 10 отсто, со двојно зголемени инвестиции во износ од преку 841 милиони денари и со 111 нови вработувања, покажува извештајот за работењето на компанијата за периодот јануари-јуни оваа година. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2020 година, продажбите достигнуваат 4.740.145.403 милијарди денари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.067.515.783 милијарди денари, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за…
Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај, изјави дека бил контактиран од меѓународниот Специјален суд за Косово, но вели дека не бил испитуван и не е поканет како сведок од Обвинителството во Хаг, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за косовската јавна телевизија РТК, Дедај изјави дека од Трибуналот му се јавиле за да го прашаат дали доживеал „вознемирувања, закани и слично“. – Бев контактиран, но ништо повеќе. Подготвен сум да одговорам и барам да се расветлат сите злосторства во Косово, а се знае дека злосторствата ги извршија Србите, изјави Дедај, оценувајќи дека Специјалниот суд води…
Министерството за здравство апелира денеска и утре да се почитуваат општите мерки за заштита од високи температури зашто, според најавите од УХМР, земјава ќе биде во жолта, алертна фаза
Дирекцијата за заштита и спасување согласно законот за заштита и спасување и Законот за шумите алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети. -Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари- ЈП Национални шуми, Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесувње…
Над Арачиново вечерва избувна пожар. Гори депонијата, а пожарникарите веќе интервенираат на терен со две возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот е пријавен во 20:10 часот и оти на терен се испратени осум пожарникари.
САД и ЕУ тесно се координираат и работат за влез на регионот во унијата но и на меѓусебна интеграција на земјите од Западен Балкан преку таканаречаната иницијатива „мини Шенген“. Ова денеска на самитот на Западнобалканската шесторка организиран од Атлантскиот совет го истакна Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департмент за Западен Балкан. –Земјите од регионот ги гледаме како членки на унијата.кои прават реформи неопходни за да ја постигнаат таа цел, истакна Палмер. Додаде дека САД и ЕУ соработуваат тесно во таа насока наведувајќи неколку примери. -Работиме на тоа Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат неопходните реформи за да се убеди Европскиот…
Околу 18 часот попладнево во близина на селото Едриниково во општина Василево избувна голем шумски пожар кој, според првичните проценки, зафатил голема површина. Чадот од пожарот може да се види и од Струмица и околните населени места, а според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот го гаснат три противпожарни возила и 12 пожарникари. На терен е и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и засега е неизвесно кога пожарот ќе биде ставен под контрола.
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 17.007.435 лица. Од нив починале 665.714, а оздравеле 10.534.752 лица. – Бројот на потврдени случаи во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број заразени во таа држава достигна 10.871, од кои 4.750 се активни. Починале уште осум лица заразени со вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 355. Во моментов 699 лица се хоспитализирани, а 40 од нив се на интензивна нега. Инфицирани се 638 членови на медицинскиот персонал. – Во Словенија, во последните 24 часа, од 919 примероци тестирани за вирусот, 14…