Грижејќи се за моето семејство, за моите соработници, како и за сите верници и граѓани, решив да направам тест за Ковид-19 што за жал е позитивен, напиша в.д. Реисот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаи на својот фејсбук профил.

„Во моментов, сè е нормално и нема никакви проблеми, ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација“, додаде во постот на Фејсбук.