Author: Нова ТВ

Oдбраната на бизнисменот Јордан Камчев преку отворено писмо се обрати до Комитетот на министри на Советот на Европа во кое бара меѓународен мониторинг, бидејќи како што тврдат главниот доказ со кој Судот располага и врз основа на кој Камчев е против е целосно незаконит. Адвокатот Тони Менкиноски вели дека и покрај сите инсистирања од страна на одбраната, Судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната. Според одбраната информацијата на АНБ врз која се заснова решението на Судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и Судот одбива да го стори тоа,…

Read More

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод протестот за поддршка на осудените за тероризам за настаните од 27-ми април. „Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, стои во објавата на социјалните мрежи на лидерот на опозицијата. За настаните во Собранието од 27-ми април, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко…

Read More

Во известувањето за пописот доминираа политичко-партиските реакции со високи 60,5 отсто од објавите, додека прилозите посветени на конкретните пописни активности беа застапени со само 22,2 отсто. Овие бројки ја потврдуваат изразената политизација на пописот во медиумите која прогресираше од недела во недела, за својата кулминација да ја достигне во деновите по лидерската средба (29 март – 2 април), кога се очекуваше Собранието да ги изгласа измените на законот и да го одложи пописот за септември годинава. Ова го посочуваат резултатите од мониторингот спроведен од НВО Инфоцентарот, во периодот од 15 март до 2 април (во работни денови, понеделник – петок),…

Read More

Одлуките за привремено ограничување на копнените граници, како и за забраната за влез на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи за уште една седмица, односно до 3 мај 2021 година, а новата одлука, што претставува продолжување на претходната од минатиот понеделник, веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила утре во 6 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина. Промена има во последниот член на одлуката, каде што е додаден нов став што се однесува на задолжителниот ПЦР тест што патниците треба да го покажат при влезот во земјата и наведено е дека…

Read More

Турското министерство за надворешни работи поради изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во која тој признава дека бил извршен турски геноцид врз Ерменците во 1915 година за време на Отоманското царство, го повика на разговори американскиот амбасадор во земјата Дејвид Сатерфилд. Според информациите од медиумите американскиот амбасадор Сатерфилд бил примен од заменик-шефот на турската дипломатија Садер Онал и дека тој ја пренел острата реакција на Турција на изјавите на Бајден. На американскиот амбасадор му било кажано дека Турција остро ги осудува и целосно ги отфрла изјавите на Бајден, кои се неприфатливи и немаат историска или правна основа. Турското Министерство за…

Read More

Во услови на значително зголемената посетеност на излетничките места, Град Скопје спроведува кампања „Колку помало, толку почисто“, со цел, како што велат, да направиме разлика и заеднички да придонесеме за почиста средина за нас и за нашите деца. -Со затоплувањето на времето се зголемува и атрактивноста на популарните излетнички места во и околу Скопје. Градскиот парк, Водно и другите дестинации за прошетка на граѓаните стануваат омилени локации кои речиси секој викенд се преполни со посетители. Исто така, овој период, бидејќи не работат угостителските објекти, популарните скопски излетнички места се со значително зголемен број на посетители, а со тоа се зголемува…

Read More

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски смета дека едно од излезните решенија за намалување на политичката криза се избори. „Дента кога требаше да се гласа овој пакет мерки, не кога дојдоа со скафандери, туку неколку дена претходно, неколку пратеници од ДУИ фалеа, и тие не беа заболени или слично, но не беа присутни на седницата и тоа беше дополнително фрлање масло на огнот, бидејќи тие сами не може да се соберат за своите закони. Затоа, една од основните работи за да се смири оваа ситуација и власта и Собранието да почнат нормално да работат се избори“, изјави тој во интервју…

Read More

„Само помрачени умови болни за власт, организираат протести на ваков ден како Цветници“, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески го коментира денешниот протест пред Владата, на кој ќе присуствува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Денес е Цветници. Секој Христијанин прославува низ молитва и причест воскресение Лазарово, најголемото чудо на Господа и влез негов во Светиот град! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам! Срам! Срам!“, објави Богојески. По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и…

Read More

Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, во телевизиско обраќање денеска изјави дека поднесува оставка за да може во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори. -Денеска ја поднесувам оставката со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни, рече Пашинијан, пренесен од руските медиуми. Пашинијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни. Тој, исто така, кажа дека формално оставката ќе ја поднесе во април, со цел да отпочне механизмот за распуштање на парламентот, но дека владата ќе ја предводи до изборите во јуни. Според ерменскиот закон, предвремените парламентарни избори се одржуваат не порано од 30…

Read More

Денеска во 11 часот е најавен мирен семакедонски народен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот ќе почне пред Владата, е ќе заврши пред Собранието на Македонија. Опозициски партии, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ, TMРО, Единствена Македонија го поддржаа протестот, а ќе биде испратена Декларација за слобода на уставобранителите.

Read More

За помалку од пет месеци од почетокот на првите кампањи за масовна вакцинација, во декември 2020 година, ширум светот се употребени повеќе од милијарда дози вакцина против коронавирусот, преметаа француските медиуми. Најмалку 1.002.938.540 дози се потрошени во 207 земји и територии на светот, според пресметката заснована на официјални извори. Повеќе од половината од вкупната бројка (58 проценти) е потрошен во три земји: САД (225,6 милиони), Кина (216,1 милиони) и Индија (138,4 милиони). Но, во однос на популацијата, најуспешен е Израел, каде речиси 60 проценти од населението ги примило двете дози на вакцината. Следат Велика Британија (49 проценти добија барем по…

Read More

Со прогласувањето на Шар Планина за национален парк покрај погодностите, се очекува и долгорочно решавање на иднината на лицата чија основна дејност е поврзана со „користење на шумите“ во западниот регион. Дел од нив се вработени во ЈП „Национални шуми“, дел во приватни компании, а исход очекуваат и оние на кои единствена егзистенција им е работата во шума.Нивната иднина е дел од преговорите на засегнатите страни и државата кои се во тек. Ефектите од прогласувањето на Шар Планина за национален парк беа изнесени на јавните дебати. Од најавените решенија, се очекува корист за месното население и вработените во шумарскиот сектор.…

Read More