Author: Нова ТВ
Управниот суд одби 78 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираат за МИА од Управен суд. Левица поднесе вкупно 101 тужба до Управниот суд и тие се разгледуваат на повеќе јавни расправи закажани во текот на денешниот ден. Освен по тужбите од Левица, денеска Управниот суд има закажано јавни расправи и по тужбите од Социјалдемократска Унија, МОРО – Работничка партија и Демократи, чии одлуки ќе бидат јавно соопштени по завршување на расправите. Тужби имаат поднесено и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обноба на Македонија“ – две и Единствена Македонија и Коалиција „Никогаш Северна само Македонија”…
Министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека е заразен со коронавирусот. – Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал тестот е позитивен – напиша Адеми на Фејсбук. Тој апелира сите да ги почитуваат максимално протоколите заради нивното здравје и здравјето на блиските.
Русија врз услов на реципроцитет ќе ги отвори своите граници со другите земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој инфомира дека за ова прашање „е разговарано со странските партнери, но сè уште не е донесена конкретна одлука“. – Како што е познато, во тек се контакти, но одлуката не е донесена, рече Песков. Русија ги прекина меѓународните летови на 27 март поради пандемијата на коронавирусот и дозволи само специјални летови за враќање на странците дома, додека автомобилскиот и желеничкиот сообраќај се ограничени од 30 март.
Во Меѓународен сојуз беа потпишувани договори и од други лица кои беа дел од него, а не само од Фросина Ременски, изјави во воведни зборови Бојан Јовановски, на денешното рочиште за случајот Меѓународен сојуз
Министрите за здравство на германските сојузни покраини планираат да воведат задолжително тестирање на коронавирус за патниците кои се враќаат од земјите со голем број заразени лица. За тие потреби на аеродромите ќе бидат поставени центри за тестирање. Повратниците од ризичните земји, кои пристигнуваат по копнен пат, ќе треба да се тестираат веднаш по пристигнувањето во местото на престој. Мерката се воведува со цел да се избегне двонеделен карантин за повратниците од ризичните подрачја. Тестирањето ќе биде задолжително и бесплатно. Неформалниот договор, кој е постигнат вчера, треба да биде потврден на утрешната конференција по договорите со локалните институции за јавно здравство,…
Тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдуваат решенијата на Државната изборна комисија, информираат од Управниот суд. – Заклучно ден 22.07.2020 година, донесени се вкупно 77 одлуки од кои, 75 одлуки по тужби поднесени од тужителот Алијанса за Албанците и Алтернатива, една одлука по тужба поднесена од тужителот Интегра Македонска Конзервативна Партија како и една одлука по тужба поднесена од тужителот Живка Арсовска и по истите донесени се пресуди со кои тужбите на тужителите се одбиваат како неосновани и решенијата на Државната изборна комисија се потврдуваат, информира Управниот…
Реформаторот Петар Богојески преку Фејсбук се обрати до јавноста и побара реформи во ВМРО ДПМНЕ. Неговиот став го пренесуваме во целост: РЕФОРМИ ВО ВМРО ДПМНЕ Пред точно 3 години ве повикавме на реформирање, за да спречиме расформирање на ВМРО ДПМНЕ! Ви кажавме дека ако не се реформираме по брза постапка, ќе ги изгубиме сите избори и на крај ќе се распаднеме! Сега е веќе започнат процес на расформирање на партијата, “граѓанската војна” е во тек, а обидот на Груевски и Мицкоски со наводни реформи да спречат расформирање е повеќе од трагикомичен!!! Касно е сега дечки! Помина возот!!! Товење свиња после Божиќ!…
Земи 2 ваучери за обуки за дигитални вештини! 1 ваучер од МОН, 1 ваучер од нас Секој ваучер покрива до 30.000 ден или 50 отсто од школарината. Број на достапни ваучери од МОН: 5.000 Рок за аплицирање: ДЕНЕС* (* Рокот е до 1 август 2020 односно додека има ваучери. Затоа, не чекај до последен момент, секогаш ќе има побрзи од тебе) Зошто е ова ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ПРОПУШТА? Ќе стекнеш знаења, вештини Ќе дојдеш до добро платена работа и клиенти Понудата е еднократна Зошто токму на Еверест? 27 години искуство (Alexandria + MyMentor + Everest) Целосно индивидуален, 1:1 менторски…
Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори, вели во својот допис испратен до медиумите Ивица Коневски
Во изминатото деноноќие во светот се регистрирани 202.726 новозаразени случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заболени лица се зголеми на 14,76 милиони, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Како што е соопштено, во истиот период починале повеќе од 4.000 лица и со тоа бројот на смртни случаи надмина 612.000. Најголем број новозаразени се потврдени во Северна и Јужна Америка, 109.052, со што од почетокот на пандемијата досега се инфицирани 7.811.127 луѓе. Најмногу пријавени случаи и понатаму имаат САД, а потоа следуваат Бразил, Индија, Русија, Јужноафриканската Република и Перу.
Поранешната француска министерка за финансии Лагард додаде дека „лидерството значи да се биде одговорен и грижлив“.
Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 17 степени, а дневната ќе достигне 35 степени. Утре и в сабота во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен…