Author: Нова ТВ
Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) – 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива – 12, „Левица“ – 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) – 1
Основното јавно обвинителство Скопје по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија
Зајакнување на сликата на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза е целта на туристичката кампања на Грчката туристичка организација, а финансиски поддржана од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Кампањата за промоција на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос, како во внатрешноста на земјата, така и во странство, а во висина од два милиони евра, ја испраќа пораката дека секој остров е посебен, со своја уникатна приказна. – Лезбос се поврзува со традицијата, Хиос со истражувањето, Самос со природата и светлината, Кос со историјата, а Лерос со бескрајното синило, соопштуваат од…
Реакција во име на ЕУ за изборите на 15 јули стигна попладнево од страна на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји и шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија им честита на граѓаните што го искористија своето право на глас на изборите и покрај здравствените предизвици од Ковид-19 пандемијата. Реакцијата на ЕУ се темели врз наодите на ОБСЕ/ОДИХР објавени вчера и потсетува дека “правната стабилност“ е “поткопана“ поради “суштинските ревизии на законската рамка и последователните владини декрети“. Европската Унија очекува од Северна Македонија и нејзините институции да ги исполни сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР…
Благодарение на твоите напори, пораката на прогресивните сили стана уште посилна, вели поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во честитката, преку „Твитер“ до Зоран Заев, додека пак од секторот за меѓународни и европски прашања во грчката опозициска партија, коментираат дека победата на СДСМ е „уште една оптимистичка порака за иднината на регионот“, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас му честиташе на Заев преку „Твитер“, додека пак од СИРИЗА, преку соопштение ја коментираа победата на СДСМ. -Честитки Зоран Заев. Благодарение на твоите напори, пораката на храбрите прогресивни сили што се борат против национализмот, за општествена правда и…
До Државната изборна комисија со 11 часот нема поднесени приговори од политичките партии и коалиции кои учествуваа на изборите во средата иако роковите започнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати. До 21 часот вечер е рокот кога може да се поднесе приговор за постапката за гласање додека до сабота навечер околу 19 часот и 30 минути истекува рокот за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори. ДИК со задоцнување вчера ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите поради, како што изјави претседателот, хакерски напад на веб-страната на Комисијата. Предвремените парламентарни избори се одржаа под посебни…
Процентот на новородени деца во вонбрачни заедници во ЕУ во 2018 година изнесува 42 проценти, што е раст од 17 проценти во однос на 2000 година, покажуваат податоците на Евростат. Кај нас 12,1 процент од новородените деца во 2018 година биле од вонбрачни заедници, што е раст од повеќе од два процента во однос на 2000 година кога биле 9,8 проценти. Во регионот најголем процент вонбрачни деца има Бугарија – 58,5 проценти, по што следат Косово со 38,7 проценти, Србија – 26,8 проценти и Хрватска 20,7 проценти. Под нас е само Грција со 11,1 процент, додека за Албанија и Црна…
Регистрирани се 218 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија. Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степена
Според пресметките на СДСМ разликата во корист на Коалицијата Можеме е најмалку три мандати
Во новиот собраниски состав СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат помалку пратеници од досега, додека ДУИ и Алијанса за Албанците ќе ја зголемат својата застапеност, а Левица со двајца пратеници влегува за првпат во Парламентот
Истекува рокот за предавање на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата. Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, односно утре, а граѓаните може да ги искористат најдоцна на 15 август годинава. Целта е во краток период да се вшприца поголема количина средства во економијата со купување домашни производи и услуги, а со цел поддршка во кризата предизвикана од коронавирусот. Домашна платежна картичка добија над 324 илјади граѓани, во четири категории. Првата група доби домашна платежна…