Author: Нова ТВ
Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата. Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-Би-Си. Како што се наведува, зголемување на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави. Во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1.000 луѓе или досега вкупно над 138.000.
По осумчасовното сослушување, четврти ден по ред, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа ја напушти зградата на Специјалното обвинителство во Хаг кога изјави дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство за време на војната во Косово и после тоа, за периодот што го покрива мандатот на Специјалното јавно обвинителство. -Многу сум задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена бев во можност да дадам информации за мојата улога, моите одговорности за време на…
Деветмина заговорници за независност на Каталонија, осудени поради забранетиот референдум за отцепување од Шпанија, ќе престојуваат в затвор само ноќе, додека преку ден и за време на викенди ќе бидат слободни, соопшти регионалната Влада во Барселона. Официјалните претставници, меѓу кои и поранешниот потпретседател на каталонската влада Ориол Жункерас, се осудени минатата година на затворски казни од девет до 13 години, бидејќи во 2017 година организираа референдум за независност на Каталонија. Трите затвори, во кои престојуваат овие политичари, и предложиле на каталонската Влада ублажување на условите и полуслободен режим на издржување на казната. Владата, која заговара независност и ги поддржува осудените…
ЕУ денеска ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија и го намали списокот на 12 држави. Листата, која е составена врз основа на епидемиолошки критериуми, се ревидира секоја втора недела. Тоа е список на земји за кои „треба да се укинат“ ограничувањата за патување преку надворешните граници на ЕУ. Таа препорака не е задолжителна, туку секоја земја-членка сама одлучува кои патници ќе ги пушти на своја територија. Патувањата во Европа, кои не се неопходни, се забранети на 17 март поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус. ЕУ настојува да…
Aмериканските власти денеска објавија дека границите со Мексико и Канада ќе останат затворени за повеќето патувања до 20 август за да се спречи ширење на новиот коронавирус. Со новите потврдени инфекции во САД заразени се рекордни 67.632 вчера, а смртните случаи се над 137.000, што го потенцираше неуспехот на Владата на САД да ја стави епидемијата под контрола, јавија западни медиуми. Во Канада, одговорните лица на неколку провинции се изјаснија против повторното отворање на границата со САД поради цифрата на заразени. Канада регистрираше повеќе од 8.800 смртни случаи и повеќе од 108.000 случаи на заразени, додека случаите во Мексико се…
Како први избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување на преговори со ЕУ, овие избори претставуваат значаен чекор кон демократијата, се вели во ставот на Американската амбасада во Скопје за парламентарните избори одржани на 15 јули годинава. – Го поздравуваме големиот напор на локалната изборна администрација, што овозможи наспроти предизвиците со тековната пандемија, изборите да бидат организирани со сите напори за заштита на здравјето и на гласачите и на лицата ангажирани во изборните центри и набљудувачите. Како први генерални избори одржани по влезот на Северна Македонија во НАТО и по поканата за започнување…
Факт е дека бевме мета на тежок хакерски напад. Ако целта беше да нè парализираат, апсолутно не успеаја во тоа, бидејќи за неполн час ние ги споделувавме информациите преку нашите платформи на социјалните мрежи и Јутјуб каналот. Но, не беше овозможено тоа да изгледа онака убаво и за око за целокупниот аудиториум“, изјави за Нова ТВ, Добри Јанчев, генерален секретар на Државната Изборна Комисија
Државната изборна комисија вечерва ги соопшти конечните неофицијални резултати и освоени мандати на предвремените парламентарни избори. По рачно броење на резултати од гласањето кое траеше цел ден , Деркоски ги соопшти резултатите. На овие избори гласале 942.334 гласачи. Од нив, важечки гласови се 910.868, а Комисијата утврдила 31.466 неважечки ливчиња. СДСМ и коалицијта освоиле 46 мандати, односно 327.329 гласа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 44 мандати или 315.344 гласа, ДУИ 15 пратенички места, односно 104 587 гласови, Алијанса за Албанците имаат 12 пратеници односно 81.827 гласа, Левица 37.551 глас, а тоа се 2 пратеника во новиот собраниски состав, и ДПА добија…
Се случи хакерски напад на сајтот на ДИК, за што го известивме МВР за сајбер криминал. Тие денеска беа тука и се надевам дека за брзо време ќе откријат за што с е работи. Нападнат беше сајтот, тоа беше надворешен напад, информира претседателот на ДИК Оливер Дерковски вечерва на прес конференција. „Се случи хакерски напад кој предизвика мало одложување на оперативната активност. При тоа се појавија разни лажни вести кои ги демантирам. ДИК работи согласно законикот и има постапка со која ги добиваме сите материјали. Во текот на ноќат без престан работевме, овој пат тоа беше подолго но е поради…
Германскиот министер за Европа, Михаел Рот на Твитер му ја честиташе изборната победа на Зоран Заев и коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори во земјава, јави дописничката на МИА од Брисел. – Честитки до Северна Македонија, Зоран Заев и Никола Димитров. Добра вест е што изборите беа спроведени без проблем, во исчекување сме да се фатиме за работи и да ве поддржиме на патот кон ЕУ, твитна Михаел Рот, чија земја претседава со Европската Унија до крајот на оваа година.
Албанскиот претседател Илир Мета испрати порака во која и честита на Северна Македонија за одржувањето слободни избори. Преку објава на Фејсбук, шефот на албанската држава им честита и на албанските партии за високиот резултат во овој изборен процес. Меѓу другото, тој го потенцира фактот дека „треба да ги здружиме напорите и да продолжиме заедно за започнување преговори за членство во Европската унија“. – Честитки до Северна Македонија за слободните, демократски и конкурентни избори! Многу честитки до албанските партии за високата застапеност во новиот парламент. Да ги здружиме напорите за да чекориме заедно за започнување на преговорите за членство во Европската…