Author: Нова ТВ
СДСМ ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, повика обвинителството да реагира и да нема толеранција за закани со фашистички наратив. „На денот кога државата, институциите организираа беспрекорно чист изборен ден, политичката партија Левица и нејзини претставници шират говор на омраза и повикуваат на линч на неистомисленици. СДСМ ги осудува ваквите маргинални политики кои се блиски на фашистичките наративи и концепти. Денес, Северна Македонија е слободна земја во која владеат закони и никој не смее им се заканува на граѓаните и да помине неказнет. Правда доаѓа за сите. Надлежните институции, обвинителството, да преземат мерки, да постапат и да ги…
Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека вчера по добиена дојава за загадување на Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, направиле увид на посочената локација. Со непосредниот инспекциски надзор утврдиле дека водата е со црвена боја и веднаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа кои се однесени во акредитирана лабораторија и е во тек нивно испитување. Истовремено, како што се посочува во соопштението, извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ б.б. Во момент на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно…
Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната сигурност остава простор за загриженост. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите, се наведува во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР. Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила. -Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување избори и ги препознаваме напорите на властите да се…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-49, Куманово-2, Штип-8, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-2, Гостивар-13, Кочани-2, Свети Николе-9, Кичево -2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од: Скопје-27, Штип-1, Прилеп – 8, Тетово-1, Велес-3, Кочани -2. Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 63, 63 и 60 години, во ГОБ „8 Септември“…
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова е, рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“. Соопшти дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат. -Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои…
„Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност“, реагираат од СДСМ. „Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите. Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа…
Италија го забрани влез на своја територија од Србија, Косово и од Црна Гора, откако ги додаде овие земји на списокот држави кои се ризично во епидемилошка смисла. „Потпишав наредба да ги додадам Србија, Црна Гора и Косово на списокот на ризични земји. Забранет е влез и транзит за оние кои останале на тие територии во последните 14 дена“, објави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца на Фејсбук. Со таа длуката ќе се блокира воздушниот, железничкиот и другиот сообраќај што ја поврзува Италија со споменатите територии, појаснува агенцијата Анса. Сперанца изјави дека светот се соочува со „најтешката фаза“ на пандемијата…
Возило со изборен материјал од вчерашното гласање во Општина Гостивар пламна утрово во движење на пат кон Скопје. Причините за инцидентот засега се непознати, но она што се знае е дека нема повредени во настанот, ниту пак се оштетени гласачките ливчиња што го потврди портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Утрово во 4:30 часот во СВР Тетово бeше пријавено дека моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35 годишниот Ф.А. од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар кои го превезувале…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека во деновите што следат ќе се отворат преговори со сите политички субјекти, по што ќе се види како ќе се одвиваат работите за формирање нова влада. Тој рече дека е подготвен да разговара со сите политички партии, но оти тоа нема да го прави под уцена и условување. -Подготвен сум да преговарам бидејќи кредибилитетот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е најголем, но она што не сум подготвен да преговарам е условот. Јас под диктат не работам, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил условот на…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прва прес-конференција по вчерашните предвремени избори истакна дека опозициската партија го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада. ВМРО-ДПМНЕ, според него, има повеќе гласови од СДСМ, без Беса, со која е во коалиција. Разликата во гласови, според Мицкоски, е десетина илјади. -Важно е што во Македонија расположението е опозициско, а резултатите покажуваат дека опозицијата освои повеќе гласови од власта, а ВМРО-ДПМНЕ без Беса во редовите на СДСМ освои повеќе пратенички мандати. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија победија во 41 општина, потенцираше Мицкоски. Посочи на Скопје, Ѓорче Петров,…
Државната изборна комисија денеска соопшти дека се уште се врши прием на материјалите од општинските изборни комисии
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија, велат од партијата