Author: Нова ТВ

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”. Одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство, а се однесува на Северна Македонија, на Албанија и на Турција, вчера беше објавена во Службен…

Read More

Од денеска државјаните на земјите-членки на Европска Унија и на шенген зоната ќе можат да влезат во Босна и Херцеговина со негативен тест на Ковид-19 не постар од 48 часа. Според одлуката на Советот на министри на БиХ државјаните на тие земји се обврзни да се придржуваат и да ги почитуваат сите епидемиолошки упатства. Од одлуката изоставени се држајаните на Србија, Хрватска и Црна Гора, за кои не е потребен негативен тест.

Read More

Откако стана извесно дека Левица ќе влезе во Парламент, а нејзиниот лидер Димитар Апасиев ќе стане пратеник, тој објави провокативен статус на социјалната мрежа Фејсбук. Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе, напиша Апасиев заедно со симбол на срце.

Read More

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Република Северна Македонија, ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата држава до 31 јули. -Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги…

Read More

Најдоцна за 20 дена од одржувањето на изборите треба да се свика и конститутивна седница на македонското Собрание чија задача е на претседателот на претходниот состав, во случајот Талат Џафери. Собранискиот состав го сочинуваат 120 пратеници кои ги претставуваат граѓаните и одлучуваат по свое уверување. Согласно Уставот, пратениците во Собранието се избираат за мандат од четири години што го верификува Собранието и почнува да тече од конститутивната седница. Во членот 63 од Уставот е предвидено, доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами да се состанат и да го конституираат Собранието на 21 ден од денот на…

Read More

Националното координативно тело за заразни болести (НКТ) на Црна Гора донесе одлука со која самоозолацијата за контактите на заболените од коронавирус трае 21 ден, јавуваат подгоричките медиуми. Како што е наведено, НКТ, по предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, одлучи да ги измени наредбите на Министерството за здравство во врска со карантинот и самоизолацијата на лицата за кои биле или се претпоставува дека се во контакт со лица заразени со коронавирус или се суспектни дека страдаат од оваа болест, соопшти Владата на Црна Гора. Во соопштението на НКТ се наведува дека самоизолација до закрепнувањето, а најмалку 21…

Read More

Бугарското Национално собрание во понеделник, на вонредна пленарна седница, ќе расправа за гласањето недоверба на владата на Бојко Борисов, поднесено од опозициската БСП. Предлогот за датумот на седницата го даде претседателот на Парламентот, Цвета Карајанчева, а доби поддршка од 172 пратеници, јавија бугарските медиуми. Ова ќе биде петти обид на опозицијата за соборување на владата на Борисов. Темата за разгледување и гласање повторно е поврзана со корупцијата и ќе биде дискутирана во заднината на тековните протести во Софија и во голем број градови низ целата земја. Левичарската опозиција во 2018 година првпат се обиде да ја собори владата на Борисов,…

Read More

Република Ирска го одложи отворањето на баровите и ноќни клубоиви за три недели, односно до 10 август, бидејќи постои загриженост од пораст на бројот на инфицирани лица со Ковид-19 меѓу младите, изјави ирскиот премиер Микел Мартин. Ирска на 20 јули требаше да влезе во четвртата, завршна фаза од рестриктивните мерки – отворање на баровите и ноќните клубови и да дозволи собири до сто лица во затворен простор. Мартин додаде дека Владата ќе нареди и носење маски во сите продавници, како и дека останува во сила препораката да не се патува во странство.

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 31.107 неважечки ливчиња на вчерашните предвремени парламентарни избори, според обработени 3.421 од 3.480 избирачки места. Бројот на важечки ливчиња изнесува 869.533. На десеттите парламентарни избори во Македонија гласале вкупно 927.640 граѓани или 51 отсто од вкупно запишаните 1.814.263 милион во Избирачкиот список. Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, без значителен број нерегуларности, оценија вчеравечер надлежните по затворањето на гласачките места. Десеттите парламентарни избори поради актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, а се гласаше со маски и други превентивни мерки според протоколот што го утврдија здравствените институции.

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го смени шефот на својата предизборна кампања,Бред Паскал, назначувајќи го Вилијам Степин на неговото место, соопшти самиот синоќа на Твитер. „Со задоволство објавувам дека Вилијам Степин е унапреден во менаџер на кампањата на Трамп. Бред Паскал, кој веќе некое време е со мене и ја води нашата одлична стратегија за дигитални податоци, ќе продолжи да ја извршува истата улога, но ќе биде висок советник во кампањата “, напиша Трамп. Трамп додаде дека се надева на „голема и многу важна втора победа“ на изборите, бидејќи „неговиот рејтинг рапидно расте и економијата се подобрува“. Според последните…

Read More