Author: Нова ТВ
Службеник кој е вработен како советник во Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево го нападнал началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот во Тетово. Информација за инцидентот беше споделена на социјалните мрежи, но доби потврда и од МВР дека случајот е регистриран и оти се постапува по него. Притоа не се навлегува во детали, освен дека на расветлување работи внатрешната контрола на МВР. „Денеска во 15:55 часот е пријавен инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е Одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот“, изјави портпаролот на МВР…
Жител на Дебар е приведен, откако го фотографирал гласачкото ливче со кое гласал на избирачко место. „Приведено е лицето А.Д. (30) од Дебар, врз основа на барањето за интервенција од претседателот на избирачкиот одбор лоциран во ОУ „Саит Нјадени“. Тој во 13:15 часот откако гласал, со својот мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче“, потврди портаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Против дебранецот е најавено оти ќе се преземат соодветни законски мерки.
Третата изборна единица и понатаму има највисока излезност од 43,99 проценти, а најниска излезност има во шестата изборна единица, информира претседателот на Државната Изборна Комисија
Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места. – Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна и очекувам до крајот на денот грѓганите да го остварат своето гласачко право, истакна претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес-конференција. Според него, изборниот ден поминува мирно, со мали, спорадични инциденти. – Се решаават во од сите оние прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека можеме да бидеме задоволни генерално од сликата која ја имаме за овој изборен…
Од Министерството за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.382 тестирања кои дадоа позитивни резултати кај 83 лица во Скопје, 27 во Свети Николе, 21 во Штип, 12 во Куманово, 11 во Битола, 10 во Гостивар, девет во Тетово, седум во Радовиш, по три во Охрид, во Струга и во Демир Хисар, по две во Велес, во Прилеп и во Пробиштип и по едно лице во Дебар, во Кочани и во Кичево
До 2100 годиnа бројот на населението на Земјата ќе изнесува 8,8 милијарди луѓе, што е за две милијарди лица помалку во споредбата со актуелните прогнози на Обединети нации, објави медицинскиот неделник „Лансет“ (Lancet). Меѓународни експерти проучувајќи ги прогнозите за наталитетот и стареењето на населението тврдат дека до крајот на векот 183 од 195 држави ќе се соочат со огромен пад на наталитетот. Додека во повеќе од 20 држави, меѓу кои Јапонија, Шпанија, Италија, Тајланд, Португалија, Јужна Кореја и Полска населението двојно ќе се намали. Дури и во Кина се прогнозира огромен демографски пад од денешните 1,4 милијарди луѓе за 80…
Здружението за унапредување на правата на самохраните мајки „Една може!“ бара од надлежните органи, националните институции, одлучувачките тела и локалните самоуправи, а во овој период и од Владата, Кризниот тим за постапување во вонредни состојби и Министерството за труд и социјална политика, да се реши проблемот на самохраните родители од кои во најголема мера се жените самохрани мајки кои секојдневно се среќаваат со непремостливи проблеми, а посебно се погодени и под висок ризик, од почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19. „Имено, како ранлива група ретка е можноста нашите деца да ги чуваат нашите родителите, некои ги имаат, некои не, некои…
Во Министерството за внатрешни работи денеска од 11.00 до 12.00 часот биле пријавени настани во врска со изборниот процес. Од МВР потенцираат дека се работи за добиени пријави по кои постапуваат, односно ја утврдуваат фактичката ситуација и откако ќе се утврдат фактите соодветно ќе информираат. -Во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. околу 11:05 пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР. Во Полициската станица Бит пазар, се наведува…
Одѕивот на избирачите до 15 часот е 31,78 отсто, соопшти портпаролот на Државната Изборна Комисија (ДИК), Адмир Шабани на прес-конференцијата што заврши предмалку и додаде дека на 3.435 избирачки места, од каде се обработени податоци, гласале 576.576 граѓани. Најголем одѕив, како што потенцира Шабани, има во четвртата изборна единица во која излезноста е 35,56 отсто, а најмал и натаму е во шестата изборна единица – 22,85 проценти. Шабани притоа информира за излезнозста и во останатите Изборни единици до 15 часот – во првата е 34,51 отсто, во втората – 29,96, во третата – 37,24 отсо, во четвртата – 35,56 отсто…
Земјотрес е регистриран денеска во 10.44 часот со епицентар во околината на Ростушe, на 85 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот имал локална магнитуда од 2.7 степени по Рихтеровата скала. Бил почувствуван од населението во југозападните делови од земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ не се забележани неправилности. Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – до 11 часот 17,62%, до 12 часот 22,82%, до 13 часот 27,58%, до 14 часот 32,02% ИЕ 2 – до 11 часот 15,09%, до 12 часот 19,79%, до 13 часот 24,00%, до 14 часот 27,79% ИЕ 3 – до 11 часот 19,41%, до 12 часот 24,78%, до 13 часот 29,41%, до 14 часот…
Во последното деноноќие во Албанија како последица од Ковид-19 починале четири лица, меѓу нив и 21-годишна девојка,што е најмладо починато лице од опасниот вирус до сега,информираше Министертвото за здравство и социјална заштита. Таа била хоспитализирана на Инфективната клиника,пред неколку дена, но состојбата веднаш и се влошила. И покрај максималните напори на медицинскиот персонал, младата жена не успеала да преживее.Останатите тројца се на возраст од 49 ,56 и 67- годишна возраст. -Во текот на изминатите 24 часа, извршени се 361 тест при што кај 85 е добиен позитивен резултат,најмногу од нив или 44 се во Тирана,со што вкупната бројка на заразени…