Author: Нова ТВ
Само во текот на денешниот ден шест лица даруваа крвна плазма, од кои четири од Штип и две од Прилеп, информираат од Институтот за трансфузиона медицина
До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии. Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со Ковид-19 или во самоизолација гласале. За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу…
Три четвртини од британските компании не се подготвени за Брегзит, се нагласува во истражувањето на Институтот ИоД (Institute of Directors). Половина од речиси 1.000 анкетирани шефови на деловни активности велат дека не можат да се подготват во моментот меѓу нарушувањето што е предизвикано од пандемијата на Ковид-19 и потребата за детален излез на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција во декември. Една четвртина велат дека се подготвени и тоа се претежно фирми во финансискиот сектор. „ИоД“ повикува на „прогресивно спроведување во корист на сите“ на промените што ќе произлезат од Брегзит и „помош за малите и средни…
Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР не постар од 72 часа при влез во земјата за државјани на Македонија, на Црна Гора и на БиХ. Мерката нема да важи за граѓаните од трите земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за Ковид-19, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест. Превозниците кои влегуваат во Косово од…
Двајца мигранти од Пакистан држеле во заложништво поголема група на мигранти во напуштен објект во Ваксинце. Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, по претходно добиени сознанија, денеска го обезбеди посочениот објект во кумановското село при што лиши од слобода 21 лице и во моментот се утврдуваат причините и околностите под кои групата се нашла на територија на државата. „По преземените мерки и активности, во напуштениот објект се пронајдени 21 мигрант, од кои двајца се сторители и потекнуваат од Пакистан и 19 оштетени лица – мигранти. Сите се лишени од слобода“ се вели во извештајот на СВР Куманово. Се работи на…
Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопштија од Јавното обвинителство, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија, се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години. Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено…
Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница. Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина. Тие не…
Во општина Гостивар денеска гласаат 26 лица. Утре правото на глас од дома ќе го остварат 184 лица кои се евидентирани како болни и изнемоштени. Еден пријавен за денешното гласање починал, а еден е во болница. Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, една од двете комисии со заштитна опрема денеска излегла на терен и во 13 часот ги донесе првите гласови од лицата заразени со корона вирусот или кои имаат решенија за самоизолација. – Од прифатените барања на 26 лица, две лица не гласаа. Едното е префрлено на лекување во болница, а другото во меѓувреме починало. Комисијата нема дозвола…
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип. Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст од 43 и 72 години. Во КБ Штип е почината пациентка на 76 годишна возраст
Официјален Пекинг денеска соопшти дека ќе забрани влез на територијата на Кина за американските сенатори Марк Руби и Тед Круз, конгресменот Крис Смит и амбасадорот за верска слобода Сем Браунбек поради критиките за политиката на владејачката Комунистичка партија кон малцинствата и верниците. Претставничката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Џунинг изјави дека „американските активности сериозно ги нарушиле кинеско-американските односи“ и дека Пекинг е решен да го зачува националниот суверенитет на Кина од надворешно мешање во земјата. – Кина и во иднина ќе има подготвен одговор во согласност со развојот на настаните, рече Хуа.
Со изработка на мурал на фасадата на ЈП „Водостопанство“ во Кочани продолжува програмата на петнаесетото издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата „Факултет за работи што не се учат“
Анонимен читател на НОВА ни ја испрати оваа фотографија сликана денска во кругот на МВР во која се гледа како Бишевски се шета со заштитна маска во боите на полтичката партија ВМРО ДПМНЕ