Author: Нова ТВ

Се наоѓаме пред историски најголемата победа, а од 16 јули треба да се засукаат ракавите и на работа. Тој предизвик не е лесен, но колку што крајната цел е поголема, толку победата е поголема, порача претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од село Таринци во Општина Карбинци на последниот ден од кампањата на карванот на коалицијата „За Обнова на Македонија“ во пресрет на изборите.  „Да се обединиме со народот, како што и секогаш во минатото македонскиот народ се обединувал заедно со своите сограѓани, кога било најтешко и се исправал пред многуброен и пред многу помоќен противник од ова раководство на…

Read More

„Покажавме дека сме кадарни, дека знаеме. Покажавме љубов, целиот свет дојде да ни се поклони на мудроста и храбрите одлуки. Знаеме како да продолжиме заедно да работиме за татковината. Немојте никогаш да им ги заборавите 11. години владеење. Тие ни се школо и учиме од него. ВМРО ДПМНЕ ви одзеде 11 години од животот и сега како ве повикува да гласате за бројот 14? – Ако од тој број ги одземете 11 години нивно владеење, тогаш излегува бројот 3. Само бројот 3 е сигурност, се друго е опасност за вас и за државата“, говореше лидерот на СДСМ, Зоран Заев на…

Read More

Никола Димитров, Гордана Силјановска Давкова и Изет Меџити, како носители на кандидатските листи за пратеници во Изборната Единица 1 на коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ, на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, гостуваа на ТВ Телма на финално соочување пред јавноста пред претстојните парламентарни избори на 15 јули. Притоа одговараа и на прашања од гледачите кои, патем, имаа што да слушнат. Меѓу прашањата за министерот за надворешни работи, Димитров беше и ова – по кој повод или државнички успех би организирале пикник-риболов со Силјановска?. Не мислејќи се многу, Димитров одговори по повод влезот во Европската Унија…

Read More

Двајцата упатуваат на израмнета борба меѓу ривалските коалиции „Можеме“ на СДСМ и „Обнова на Македонија“ за ВМРО-ДПМНЕ со прогноза за разлика од два мандата за победникот. Блага предност во албанскиот блок му даваат на ДУИ во однос на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Бучковски прогнозира дека во новиот состав на Собранието ќе бидат и ДПА и Левица

Read More

Конечно, цела јавност гледа како звучи сечено-лепено, реагираат од СДСМ по објавената аудио-снимка од 12 минути со гласот на Зоран Заев во која се споменува адвокатот Васил Димишков и сума од шест милиони евра. „Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она „марш“ од претседателот Заев во разговорот. Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна…

Read More

Последниот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори ја носи и втората „бомба“. По претпладневната што „одекна“ за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оваа е наменета за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Објавена е на јутјуб каналот „Зоки рекетарот“ со времетраење од 12 секунди и во неа наводно се слуша гласот на поранешниот премиер, се споменува адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова и некаква понуда од шест милиони евра. https://www.youtube.com/watch?v=5fovOW91uLA Претходно, утринава беа објавени 4 кратки аудио снимки на друг Јутјуб канал именуван како „Обнова на режимот“ во кои наводно се слуша гласот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ…

Read More

Од Министерството за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 991 тест со позитивни наоди за 46 лица во Скопје, 14 во Штип, 13 во Гостивар, 12 во Тетово, девет во Струга, седум во Дебар, шест во Куманово, пет во Свети Николе, по четири во Кичево и во Ресен, три во Радовиш, по две во Охрид, во Струмица, во Крушево и во Демир Хисар и по едно лице во Прилеп, во Велес, во Кочани, во Пробиштип и во Кратово

Read More

Независната пратеничка група (НПГ) на ВМРО-ДПМНЕ го осуди снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски што се одржала во канцеларијата на координаторот на партијата Никола Мицевски во македонското Собрание. Тие упатија и барање до надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Во соопштението испратено до јавноста, пратениците истакнуваат дека на Јутјуб се објавени само исечоци по неколку секунди, додека средбата и разговорот со Мицковски траеле подолго. „Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас,…

Read More