Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски и Незири со прогноза за изборите: Мртва трка што ќе се решава во фото-финиш

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2020 20:58

Универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски и политичкиот аналитичар Џелал Незири за „Фокус“ со прогнози за мртва трка на претстојните парламентарни избори. Главната борба, неспорно, е меѓу коалициите „Можеме“ на СДСМ и „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, но ставовите на двајцата се однесуваат на тесен изборен резултат што ќе зависи од распределбата на бројот на пратеници по изборни единици. Кај албанскиот блок, пак, и едниот и другиот даваат предност на ДУИ.

Според Бучковски, победничката коалиција на предвремените парламентарни избори ќе освои 50 мандати наспроти 48. на поразената. Притоа ги споделува сопствените перцепции за победа на ривалските табори по изборни единици (ИЕ), пришто како клучни ги издвојува првата и шестата.

„Резултатот ќе биде тесен. Ќе одлучува фото-финишот. СДСМ е фаворит во првата и во шестата изборна единица. Ако победи со 10-8 во првата и со 5-3 во шестата ИЕ, СДСМ ќе биде севкупен победник, зашто очекувам во втората, во четвртата и во петтата изборна единица да биде нерешено, а во третата ИЕ да победи ВМРО-ДПМНЕ во 11-9. Во овие мои прогнози, СДСМ би освоил 50, а ВМРО-ДПМНЕ 48 мандати. Од друга страна, што би била победничка формула за ВМРО-ДПМНЕ? – Во првата и во шестата ИЕ да изгуби со разлика од еден мандат, а тоа да го надомести со победа од два мандата разлика во третата ИЕ, да има еден мандат повеќе во втората и во петтата ИЕ, а во четвртата ИЕ да биде нерешено 10-10. Во ваков распоред на мандатите, ДПМНЕ би имал 50, а СДСМ 48 пратеници“, прогнозира Бучковски за „Фокус“.

Тој очекува тесна битка и во рамки на албанскиот блок во кој, според него, ДУИ ќе победи пред Алијансата за Албанците со 11-9 во однос на пратенички мандати. Бучковски прогнозира по еден мандат да добијат ДПА и Левица.

Незири во прогнозата се потпира на резултатите од досега објавените анкети. Се разбира од веродостојните извори. И тој смета на израмнет резултат меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и блага предност на ДУИ во однос на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, не исклучува изненадувања за што упатува на неодамнешните избори во Хрватска, а во тој контекст ги посочува и локалните избори од 2017 година.

„Ако навистина излезе ваков резултат, тогаш ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да формираат влада без ДУИ. Но, изборите во Хрватска покажаа дека анкетите можат да бидат грубо демантирани на денот на изборите. Или за локалните избори во 2017 година, кога анкетите предвидуваа мртва трка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но СДСМ на крај ги освои речиси сите општини во земјава“, коментира Незири.

Алијанса за Албанците Владо Бучковски ВМРО-ДПМНЕ ДПА ДУИ Избори 2020 Исход Левица Прогнози СДСМ Џелал Незири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.