Author: Нова ТВ

Речиси 30 милиони Полјаци денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори и избираат меѓу опозицискиот кандидат, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски и актуелниот претседател Анджеј Дуда.

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во последниот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори на 15 јули со писмо до граѓаните во кое ги повикува да гласаат за опозициската коалицијата „Обнова на Македонија“. Во него истакнува дека и кон него не треба безрезервно да се верува, меѓутоа тврди дека е дојдено време за заминување на политичарите кои го разочарале народот. „Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат да го прават тоа. Вашиот глас, пак, ни дава шанса, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска поради пандемијата на коронавирусот. – Кога сте во болница … мислам дека се очекува да носите маска, изјави тој при излегувањето од Белата куќа. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење маска во јавност.

Read More

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус, синоќа на домашен терен во дуел од 32. Коло, одигра нерешено 2:2 со третопласираната на табелата Аталанта. Гостите од Бергамо два пати водеа, но нивна победа спречи Кристијано Роналдо со два гола од пенал. За Аталанта стрелци беа Дуван Запата и Руслан Малиновски. Јувентус со 76 бода е убедливо прв во пласманот во Серија А, втор е Лацио со 68, Аталанта има 67, Интер 65 и натпревар помалку.

Read More

Националниот институт за јавно здравје на Косово синоќа соопшти дека вчера се тестирани вкупно 419 примероци, од кои 203 се позитивни, со што вкупниот број на заразни со коронавирусот на Косово достигна 4.715. До сега починале 101 лице, а само вчера имало четири смртни случаи, кои покрај Ковид-19, имале и други хронични заболувања. Вчера се лекувани 71 пациент, додека вкупниот број на излечени е 22.27, а активни се 2.377 случаи.

Read More

Празниот пулт на Дурловски покажува колку и самите се свесни дека е празна и понудата на ВМРО-ДПМНЕ, дека нема што да им понудат на граѓаните и докажува дека бегаат од сите ненарачани прашања и дуели, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска на вечерашната дебата на телевизија Телма на која не присуствуваше кандидатот од истата изборна единица од коалицијата „Обнова за Македонија“. „Членството во НАТО ни донесе сигурност, а темите на национализам и федерализација ги наметнуваат луѓето кои немаат реално што да понудат на граѓените на клучните прашања, а тоа се сигурност, економија…

Read More

Проверка на имотот на политичарите, зголемени плати и пензии и шанси за младите, вети денеска во Ранковце, носителот на кандидатската листа во Третата изборна единица на коалицијата „Обнова за Македонија“, Игор Јанушев. Обвинувајќи ги СДСМ за погубни политики, криминал и корупција, Јанушев рече дека во изборната програма, ВМРО-ДПМНЕ нуди 20 проценти зголемување на пензиите, 25 проценти повисоки плати, намалување на невработеноста под 10 проценти, 640 милиони евра за земјоделците, нула данок за младите вработени до 29 години, итн. „Македонскиот народ три години сведочи на безброј лаги, манипулации, криминал, корупција и уцени. Впрочем, тоа е се што СДСМ остави за народот…

Read More

„Овој собир не е да покажеме колку е силна БЕСА во Тетово, за тоа нема дискусија. Овој собир е за одговор на прашањето зошто не, а зошто ДУИ во опозиција“, истакна шефот на изборниот штаб на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа. „Додека ние зборуваме за животен стандард, тие зборуваат за историја и за фолклор. Не заборавајте, последен што зборуваше за историја беше Никола Груевски, а знаеме каде тој заврши“, посочи Хоџа. Хоџа ја коментираше и идејата за премиер Албанец што ја лансира ДУИ и за кандидат за функцијата го предложи Насер Зибери. „Осумнаесет години не успеаја да изградат кадар за премиер,…

Read More

Кај лицата З.З. и И.В. биле пронајдени 4.000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница биле пронајдени 60.000 денари во апоени по 2.000 денари, кај лицето Д.В. се пронајдени 3.500 евра и пропаганден материјал од политичка партија и кај лицето С.И. се пронајдени 10.000 денари и пропаганден материјал на политичка партија. При претрес на едно возило паркирано во двор на С.И., сопственост на лицето Б.Т. исто така од Ерџелија, е пронајден список со 20 лица

Read More