Author: Нова ТВ

По долго боледување денеска почина профeсор доктор Стојмен Михајловски, кој беше уставен судија во периодот од 1994 година до 2003 година. Роден е во 1941 година во село Трново, Кривопаланечко. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година, магистрирал во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје во 1973 година, докторирал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево во 1979 година на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување”. Професор Михајловски беше уставен судија во периодот од 1994 до 2003 година. Во периодот од 1966 година до 1994 година беше научен советник и редовен професор на Институтот…

Read More

Во Дебар и понатаму расте бројот на заразени лица со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистрирани се шест нови случаи или вкупно 41 случај од четврти јули до денес. Најголема бројка беше регистрирана вчера или 17 новозаразени, што беше втора највисока бројка по онаа на 20 јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни. Во изминатото деноноќие регистран е и еден излекуван или девет во изминатата недела, во која беше регистриран и еден починат. Со последно потврдените случаи, вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, се искачи на 143. Битката со опасниот вирус ја добиле 57, ја изгубиле пет, додека активни…

Read More

Евроамбасадорот Самуел Жбогар објави видео на Фејсбук во кое на македонски јазик ги повикува граѓаните на почитување на мерките за заштита од Ковид-19. „Вирусот е дел од нас. Само со почитување на мерките ќе успееме да имаме безбедно секојдневие. Носењето на маска по маркетите, на пазарите, на гласачките места, во банка или во друг затворен простор е клуч за нашата основна заштита и безбедност. Никаде без маска, порачува евороамбасадорот Жбогар. https://www.facebook.com/dr.a.mitov/videos/329209361417058/

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР) е во потрага по екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски кому велешкиот Основен суд му изрече мерка притвор во траење од 30 дена за негово обезбедување на рочиштата за случајот АКМИС. Полицијата, велат извори од таму, постапува по судска наредба и во оној момент кога Панчевски ќе биде лоциран, ќе биде и приведен. Мерката за Панчевски е образложена со негово непојавување на судењето за АКМИС. Скопското Обвинителство пред една година поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд. Судењето за…

Read More

Од утре по полноќ, заклучно до 21 часот на 15 јули, важат правилата за изборен молк за време на предвремените парламентарни избори, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) како потсетување за за медиумите. „За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања“, истакнуваат од Агенцијата. Од АВМУ потсетуваат дека според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите. Потоа какви било…

Read More

Во изминатото деноноќие се направени 1.545 тестирани кои покажале позитивни резултати кај 90 лица во Скопје, 24 во Свети Николе, 17 во Куманово, по 12 во Тетово и во Струга, девет во Штип, шест во Дебар, пет во Гостивар, четири во Охрид, по три во Прилеп, во Пробиштип и во Кичево, по две во Битола, во Ресен, во Кавадарци и во Струмица и по едно во Радовиш, во Крушево и во Демир Хисар

Read More

Македонскиот претседател со видео-порака по повод геноцидот во Сребреница, каде пред 25 години над 8.000 луѓе, претежно мажи и деца беа систематски убиени, само поради тоа што беа Бошњаци. Тоа, нагласи Пендаровски, без дилема е еден од најмрачните настани во модерната европска историја за кој не постои никакво рационално оправдување

Read More

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 345 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 7.032 примероци. Во истиот период починале 12 лица. Процентот на смртност е 2,11 отсто. На респиратор се 130 пациенти, а вкупниот број на активни случаи изнесува 3.911, објавено е на веб-страницата на српското Министерство за здравство.

Read More

Од СДСМ информираат дека тие како одговорна партија чии носители на листи се поборници за слободата на говорсааат да ја информират јавноста и медиумите за постојаното назадно однесување на дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Имено: „Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 Игор Дурловски денес по третпат избега од телевизиско соочување со носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 5 Радмила Шекеринска. Со тоа Дурловски покажа дека се плаши од дебата со носителката од СДСМ Радмила Шекеринска. Можеби на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дурловски му е полесно да ги искажува своите ставови во толпа и да хушка кон насилно…

Read More

На самиот крај од кампањата за парламентарните избори 2020, сакаме да ја информираме јавноста за 2 теми кои се поврзани директно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=BSc6VHgK84E&feature=emb_title Во вторникот до СДСМ е доставен материјал како што е наведено од професор на машинскиот факултет на кој се гледа дека доцент Мицковски и неговиот татко професор Мицкоски покрај тоа што се еклатантен пример за непотизам биле и извршители на договори за работа како ревиденти и консултанти за тендер и проекти во државната компанија ЕЛЕМ. Секако тоа не го правеле про-боно, туку фактурирано и наплатено. ( во прилог се сумите: 105.020 ;…

Read More

Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе в понеделник на 13 јули во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули. До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во самоизолација. Според информациите од ДИК, се финализира комплетирањето на посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат ова гласање, а се составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии. Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично…

Read More