Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари одвоени средби со претседателката, на Косово Вјоса Османи-Садриу и претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца, за време на неговата посета на земјата. На средбите, како што соопшти МНР, се разговараше за иднината на регионот со фокус на регионалната соработка, при што Османи ја реафирмираше пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграцијата на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави. -Наша заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Во оваа насока, како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме…
Во новоотворената гинеколошка ординација во населбата Шутот Оризари пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита ќе добијат близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ја посети Поликлиниката во Шуто Оризари по повод отворање на ординација на матичен гинеколог. -Денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан, нешто што ќе значи многу полесен пристап кон здравствена заштита, секако подигање на квалитетот, тоа е отворањето на гинеколошка ординација во населбата Шуто Оризари. Со ова на близу 20 илјади жени коишто живеат во оваа населба ќе им се овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана…
– Компанијата МГ Фешн, во консултација со својот адвокатски тим, информира дека има основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, доколку Општина Центар донесе одлука за суспензија на деталниот урбанистички план со кој е засегната МГ Фешн како инвеститор на проектот Гранд Скопје. Евентуалното прифаќање на иницијативата да се искористи законската можност за суспензија на планот за градење, од страна на Општина Центар, ќе предизвика огромна материјална штета по нас како инвеститор, на ионака веќе претрпената штета во изминатите 3 години како последица на мораториумот – неуставна и незаконска мерка, која дури два пати беше поништена со Одлука…
– Недозволиво е јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, иако е мој личен пријател ќе побарам од службите да биде разрешен, изјави премиерот Зоран Заев, откако директорот на ДПИ Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, тој нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени. Според Заев однесувањето на Пауновски пркос кој не е дозволен бидејќи како што истакна во Владата има хиерархија, се знае како тоа треба да функциоонира.. Заев смета дека постои основа за разрешување на Пауновски и очекува службите да покренат постапка. Тој…
Речиси половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Ваквата оценка е различна кај Македонците каде само 37,9 проценти даваат поддршка за реизбор, а 57 отсто од Албанците би му дале втора шанса. Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци (41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата и локални избори“. Овде се презентирани резултатите од…
Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор, што важи за останатите граѓани и остро негодуваше што тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската „Спутник В“. „Пратениците се насочени да се вакцинираат со ‘Спутник’. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со…
Северна Македонија првпат добива Закон за потекло на имот.Ќе се испитува нелегално стекнат имот и капитал, објави денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски. – На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, првиот чекор е направен. Подготвена е физибилити студија за Законот за потекло на имот, која содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение. Веќе е…
Перспективата на нашето општество е во рушење на сите бариери помеѓу нас, во отворање едни кон други, преку почитување на современите човекови слободи и права, независно од големината на нашите етнички заедници. Потребна е нова филозофија на размислување и делување, иманентна од статистиката, во склад со принципите на граѓанското општество
Процесот на имунизација против Ковид-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека во сите пунктови од вакцината на „Астра Зенека“ останати се околу 5000 дози и како дополнување на тоа околу 5000 дози од количината од вакцината на „Фајзер“ која веќе пристигна во земјата, ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да се одвива процесот на вакцинација…
Секое понатамошно неефектуирање на европската перспектива на регионот и неизвесноста на намерите на ЕУ, создава вакуум кој што може да биде пополнет од други глобални актери и ја поткопува улогата на Унијата на меѓународната сцена, со што добива и безбедносни димензии. Ова било истакнато на денешната средба во Вилнус меѓу вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и премиерката на Литванија Ингрида Шимоните. Димитров, по вчерашната посета на Летонија, денеска во Вилнус продолжува со балтичката турнија. На средбата се разговарало за изгледите и предизвиците за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија, а беа разменети мислења за актуелните состојби во земјите…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започна посетата на Косово со средба со заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц. Притоа, беа реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство, во интерес на граѓаните на двете земји, но и како „добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици“, истакна министерот Османи. Се разговараше за конкретни теми поврзани со билатерална соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување. „Косово и Северна Македонија имаат исклучително динамична трговска размена,…
Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите со нагласена националистичка агенда не беа наградени од страна на бугарските гласачи, вели во интервју за МИА шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг. „Јас бев длабоко разочаран од неможноста да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија. Билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени…