Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Појавувањето на нон пејперот кој „наводно“ словенечкиот премиер Јанез Јанша го има доставено на Брисел, предизвика полемика во регионот. За овој проект, кој беше објавен и во српските медиуми, имаше дискусија, а официјалниот став на Белград беше презентиран преку изјавата на претседателот Александар Вучиќ, кој изјави дека нема видено никаква мапа, ниту план. -Јас немам видено никаква карта, никаков план. Фактот дека на некои не им одговара да зборуваат за тоа, но би сакале да и го припишат тоа на Србија, кажува многу повеќе за нив отколку за нас. Јас не сум некој што лажно ќе обвини некого… Премиерот Јанша…
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја продолжува балтичката турнеја со посета на Литванија. Димитров, како што е најавено, ќе биде примен од премиерката на Литванија Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на Комисијата за европски прашања во литванскиот Парламент (Seimas). Вицепремиерот Димитров на средбите со своите соговорници ќе ги разгледа и областите за зајакнување на билатералната соработка за успешно спроведување на европските реформи преку конкретна техничка поддршка, како и продлабочување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, изнаоѓање одговор на…
Годината на короната беше и година на волонтирање, на поединечни и на групни акции за пружање помош, кои можат да бидат потенцијал за демократско јакнење и социјална инклузија на Косово.
Се уште не стивнуваат реакциите откако минатата недела словенечкиот портал „Нецензурирано“, објави нон-пејпер испратен до ЕУ, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан. Документот наводно бил напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше, додека Канцеларијата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во изјава за порталот „Еурактив“ не можеше да негира дека го добила документот, ниту пак даде дополнителни коментари. Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во регионот, сметаат аналитичарите. Во…
Состојбата со коронавирусот се смирува, а епидемилошката крива спласнува, децидни се надлежните. Сепак, повикуваат на поголема внимателност и во периодот што претстои. До крајот на месецот се очекува да пристигне голема количина на вакцини од Кина, а според најавите, на сите наши граѓани кои сакаат да патуваат во Грција, ќе им биде потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест. Нашата држава, како што изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче, веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа. Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис, тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство. -Тоа што би требало да се бара при премин на границите се потврда или за примена вакцина за што ние имаме спремна потврда со соодветен код, кој ќе биде прифатен на сите гранични премини. Тој сертификат е подготвен и на почеток на следната недела веќе во понеделник ќе се издава ретроактивно на сите лица кои се ревакцинирани.…
– Урбанистичкото планирање и градење согласно законите е клучно, како и важноста за усогласеноста на деталниот урбанистички план со генералниот, што веќе е потврдено, изјави премиерот Зоран Заев за пацелата кај Холидеј Ин на која планирано е да се градат три објекти и за што изминатиот период имаше голем број реакции во јавноста. Според Заев Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно мегаломанските проекти треба да бидат скратени, скротени и нормализирани. – Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е…
Северна Македонија постигна неверојатен напредок во процесот на прибличување кон Европската Унија и искрено се надевам дека ќе стане 28-та земја членка на ЕУ, изјави летонскиот министер за наворешни работи, Едгарс Ринкевичс по денешната средба во Рига со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. – По нашите разговори и информациите што ги добив за напредокот, реформскиот процес и по дискусиите за состојбата на Западен Балкан, можам да го потврдам нашиот цврст и непоколеблив став дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Веруваме дека е време и формално да започне процесот, со првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакна Ринкевичс.…
Мене никој не ми вршеше влијание, а нема поплаки за такво нешто ниту од колегите членови во Советот, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски по денешниот избор на јавни обвинители. Тој изрази задоволство бидејќи денешната седница поминала во најдобар ред, но, како што рече, за да помине така требало претходно да се сублимираат податоците на кандидатите, односно да се направи преглед за нивното движење во кариерата како јавни обвинители, за нивниот стаж и за добиенитете оценки, со цел сите членови на Советот да имаат увид во нивното работење. -Најпрво беше изготвено оценување од страна на вишите јавни…
Друштвото на писатели, соопшти за заминувањето на поетот, прозаистот, драмскиот автор и преведувач – академикот Богомил Ѓузел. Ѓузел е роден во 1939 година во Чачак, Србија. Израснал и се школувал во Скопје, каде што и дипломирал на катедрата за англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во 1963 година. Автор е на поетските збирки „Медовина“, „Алхемиска ружа“, „Мироносници“ (награда „Браќа Миладиновци“), „Одисеј во пеколот“, „Бунар во времето“ (награда „Браќа Миладиновци“). Неговите стихови се преведени на англиски, српски, чешки, француски. Застапен е во многу македонски и југословенски поетски антологии објавени по 1965 година, на повеќе од дваесеттина…
– Заедно се договоривме да го обновиме членството во партијата и нејзината одлука да не се кандидира повеќе за заменик претседател на СДСМ ја почитувам, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Тој додава дека двајцата заедно со членството на партијата се договориле да отстапат простор за избор на нови луѓе. -Шекеринска не поднесе оставка од позицијата заменик претседател на СДСМ, таа најави дека нема намера да се кандидира за трет мандат.Нејзината одлука ја почитувам.Таа е заслужна за влезот на нашата земја во НАТО и за многу важни процеси во државата.Таа е мој другар, другарка и без разлика каде…
Премиерот Зоран Заев пред почетокот на денешната седница на Заедничката македонско-бугарска историска комисија што ќе заседава денеска и утре им посака успех на историчарите во изнаоѓањето компромис за спорните прашања и исчекорување кон решавање на различностите. „Можам да им посакам само упсех, да направат еден чекор напред во решавање на дијалогот“. Секаква експертска помош е добра. Што и да се случи, одлуката ќе остане на Комисијата“, истакна македонскиот премиер. Според информации од Бугарија, на денешната средба историчарите од двете страни уште еднаш ќе разговараат за прашањето за Царот Самоил, за кое веќе се дискутираше на почетокот на работата на Комисијата.…
Државната изборна комисија денеска усвои Стратешки план за периодот 2021-2024 година, со којшто се поставуваат цели за унапредување на работата на Комисијата преку одржување на кредибилен изборен процес, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборниот процес и остварување на нивните избирачки права. -Свесни сме за предизвикот пред кој се наоѓаме и токму затоа подготвивме стратешки план што ќе одговори на сите отворени прашања притоа следејќи ги сите универзални норми и принципи. Стратешкиот план е производ на заложбите, разговрите и сугестиите на сите вклучени во изборниот процес се со цел да се организираат фер, слободни…