Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Историски и образовни прашања денеска тема на состанокот на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија составена од македонски и бугарски историчари. Пред нив ќе се најдат прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев како и содржината во учебниците за седмо одделение. Денешната 13. средба се одржува онлајн, Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век. За бугарскиот копретседател на Комисијата Ангел Димитров 12. состанок заврши без напредок. – Ние се уште…
Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е на дневен ред на денешната 39. седница, ќе се одржи откако, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе го усогласи терминот со поднесувачите на барањето, пратениците од Алијансата за Албанците и Алтернатива, и со министерот Спасовски. Џафери, во гостување на ТВ 24, во врска со интерпелациите што беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ за вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, повтори дека рокот за нив поминал, бидејќи опозициската партија побарала тие да бидат тргнати од дневен ред од 36. седница и оти сега доколку сметаат дека треба,…
Северна Македонија и Австрија во континуитет градат пријателски и партнерски односи во повеќе сфери од заеднички интерес. Австрија дава континуираната поддршка за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, истакнал македонскиот претседател Стево Пендаровски на денешната средба со Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, и притоа ја потенцирал важноста за скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот. Во контекст на актуелната состојбата со пандемијата од Ковид-19, претседателот Пендаровски се заблагодарил за напорите на Австрија да го администрира распоредувањето на вакцините „Фајзер/БиоНТек“ од Европската Унија за земјите од Западен Балкан,…
Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во регионот, сметаат аналитичарите. Во исто време, регионални и меѓународни аналитичари со кои порталот „Еурактив“ контактираше, остро ги отфрлија идеите за „фантомскиот“ нон-пејпер. Минатата недела љубљански портал објави „нон-пејпер“ напишан наводно од словенечниот премиер Јанез Јанша или негов близок соработник, во кој се предлага можна промена на границите „за да се адресира малаксаноста што постои во поранешна Југославија“, наведува „Еурактив“. Јанша демантираше дека го напишал документот, додека Канцеларијата на претседателот на Европскиот…
Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми, Сашо Рајчев, Наум Пановски и Снежана Бундалевска – Георгиевска на денешната седница на Советот на јавни обвинители се избрани за обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Обвинителите Фетаи и Рустеми се од поранешното Специјално јавно обвинителство, Пановски доаѓа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Рајчев и Бундалевска-Георгиевска од Јавното обвинителство Скопје. Советот денеска за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ. Обвинителите Стефанова, Ајро и Пеливанов беа дел од поранешното Специјално…
Вицепремиерот за за европски прашања Никола Димитров утрово во Рига се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Парламентот, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда. На средбата со која е означен почетокот на турнејата во балтичките земји реафирмирана поддршката од страна на летонските пратеници Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Унијата. -Латвиското искуство во евроинтегративниот процес внесе свежа енергија и надеж за консолидирање на европскиот континент. Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите, а парламентарната соработка е еден од конкретните показатели во таа насока, што придонесува…
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на денешната седница за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ги избра Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ. На конкурсот за избор на пет обвинители во ова Обвинителство беа пријавени 14 кандидати, меѓу кои и Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, Елизабета Јосифовска, Никола Довлев, Имран Османи, Влатко Биковски, Оливера Проевска, Наташа Сарамандова и Верица Бешетска Крстева, кои не ги добија потребниот број гласови од членовите на Советот на јавните обвинители. На денешната седница на Советот на јавните обвинители…
Финансиската поддршка од шестиот пакет економски мерки е реална и предвидува поддршка за оние дејности кои со одлука на Владата се затворени, односно се најпогодени од пандемијата. Овие мерки се континуитет на претходните, а најголем дел од поддршката е наменета за туристичко угостителскиот сектор, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Министерот, во гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, појасни на кој начин е предвидено да се исплаќа финансиската поддршка во секторите кои се целосно затворени, како и оние што се затворени со последната одлука на Владата од пред три недели. -Моделот е комбиниран. Предвидовме за сите регистрирани угостителски…
Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата. Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус. Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април, а чија цел е да ги истакне и да им даде важност на еколошките проблеми со кои се соочуваме, од климатската криза, преку загадувањето на околината и воздухот, па сѐ уништувањето на шумите. И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува…
Конкурсот за упис во средните стручни училишта е направен врз основа на потребите, утврдени во социјален дијалог меѓу училиштата, локалните самоуправи и компаниите. Тоа е едниот ефект – реален конкурс за упис во средните училишта. Вториот е дека 97 паралелки се отворени како дуални, што во превод значи дека имаме паралелка со поинтензивна праска и повеќе часови пракса во компанија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска. Компаниите, посочи таа во гостувањето во „Економски магазин“ на Алсат телевизија, потпишаа со училиштата договор, за тие паралелки, и самите компании за прв пат се прикажани во конкурсот. -Точно знаете и како…
Нашата држава веќе има изготвено сертификат, по насоки на ЕУ, со посебен код кој ќе послужи на граѓаните да патуваат во Грција, откако тамошните власти ќе донесат и официјална одлука за тоа, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Според најавите што Филипче ги добил од грчкиот министер за туризам Теохарис тоа се очекува да се случи на 14 мај. Освен сертификат за вакцинација, граѓаните кои не се вакцинирани ќе може да патуваат и со потврда за негативен ПЦР – тест што може да го направат во една од дваесетте лаборатории кои имаат дозвола од Министерството за здравство. -Тоа што би…
Власта и опозицијата со различни толкувања за шестиот пакет мерки, туристичко-угостителскиот сектор денес ќе го каже својот став