Author: Нова ТВ

Министерост за здравство, Венко Филипче со објава на Фејсбук ја информираше јавноста дека вечерва во Македонија пристигнаа 38 400 дози од вакцината „Астра-Зенека“. – Вечерва пристигнаа 38 400 вакцини од производителот „Астра-Зенека“ кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот. Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk, стои во објавата на министерот.

Read More

Денеска на 71-годишна возраст почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ. Стојановски беше пратеник во Собранието во три мандата, од 1991 до 1994, од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2002 година. Неговиот син со емотивна објава се прости со својот татко. – Наќе Стојановски (7.4.1950 – 14.5.2021). Чест беше да се биде твој син, татко… Почивај во мир, напиша Богдан на социјалната мрежа Фејсбук.

Read More

Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, пред сѐ е прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот македонски народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи. -Европските вредности се водилка за нас, но заштитата на идентитетот исто така е европска вредност, напиша Заев.

Read More

„Сите ќе се залагаме за нашата заедничка држава. Денес велам пред вас дека Македонија е моја татковина и со сите министри во Владата, спикерот и сите функционери ќе се залагаме за земјава“, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за емисијата „Само интервју“. Според него, се создава впечаток дека ЕУ без поддршката на САД не може да ги реализира своите ветувања и да ја внесе земјава во европското семејство. „Немаме што повеќе да дадеме за членство во ЕУ. Сметам дека е потребна поактивна и поприсутна улога на американската администрација и Америка на Западен…

Read More

Северна Македонија е меѓу земјите за кои, веќе и официјално постои исклучок од забраната за влез во Грција, согласно министерската одлука објавена во Службен весник, во која детално се објаснети условите за патување кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина. За влез во Грција, за сите со наполнети пет години, задолжително е или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или потврда за прележан Ковид-19. Со потврда за вакцинација дозволен е влез доколку се поминати 14 дена од ревакцинацијата, а сертификатот треба да биде на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Во случај да се патува со негативен ПЦР тест, треба да биде во рок од 72 часа пред пристигнувањето во Грција,…

Read More

Северна Македонија и Албанија во март лани добија зелено светло за  почеток на преговорите и двете земји заслужуваат да ги одржат првите меѓувладините конференции и да ги почнат преговорите без никакво одложување, порачаа  на заедничката прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорот Зеф Мази, главен преговарач за пристапување на Република Албанија во ЕУ. -Претстојните летни самити на ЕУ претставуваат неповторлива шанса со  тоа што ЕУ на дело ќе ја покаже кредибилноста на процесот на проширување и со тоа ќе ја зачува европската идеја како главен мотор на позитивни промени во регионот, вели Османи. Мази, изрази очекување…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, информираат од претседателскиот кабинет. Текстот на Законот, според претседателот, е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. -Врз основа на член 75, став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, а во врска со член 38, став 2 од Законот за Собранието на Република Северна Македонија, Ве известувам дека…

Read More

Министерството за финансии објави јавен повик до општините за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, со вкупен фонд од 10,5 милиони евра. -Висината на заемот за една локална самоуправа може да варира од 50 илјади до 750 илјади евра и зависи од слободниот капацитет за задолжување на општината и проценетата вредност на предложениот општински проект. Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80 отсто од овие средства општината ќе ги добие како подзаем, додека, пак, останатите 20 отсто како грант. Воедно, од страна на Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за Проектот, ќе бидат покриени…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи веќе упатил писмо со честитка до новиот шеф на бугарската дипломатија во привремената влада Светлан Стоев и очекува состаноци, вели, оваа недела во насока на одржување на Меѓувладината комисија и за отворање пат за преговори. -Уште вчера пратив писмо честитка до новиот министер за надворешни работи изразувајќи желба за скорешна средба со цел да се продолжи со идејата за состанок на Меѓувладината комисија, усвојување на извештаите од досегашната работа на комисиите, усвојување и одобрување на акцискиот план. Мислам дека се ова важни чекори во понатамошното имплементирање на Договорот, во градење на довербата. Веќе неколку…

Read More

Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија. Според Министерството за здравство во Појасот Газа, бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени Околу 2.000 ракети и минофрлачки проектили се истрелани од Појасот Газа од понеделникот, кога почна најсилниот конфликт од војната во појасот Газа во 2014 година, според израелските медиуми. Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани…

Read More

Палестинците кои живеат покрај северната и источната граница на Појасот Газа почнале денеска да ги напуштаат своите домови поради жестоките израелски бомбардирања. Палестинските семејства настојуваат да се заштитат во времени засолништа во Појасот Газа додека траат артилериските напади во северниот дел на Газа со цел да се уништи мрежата на тунели кои ги ископале екстремистите. Тие напади би можеле да претходат на потенцијална копнена операција. Семејствата заминувале со камиони и пеш до училиштата со кои раковадат ОН, носејќи со себе цела покуќнина. Во воениот извештај е наведено дека 160 авиони симултано извршиле синоќа напади врз тунелите ископани под Појасот Газа…

Read More

Од понеделник (17 мај) до втори јуни на армискиот полигон Криволак ќе се одржи меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“ во која ќе бидат вклучени над илјада припадници армиите на Репубика Северна Македонија, на САД, на Грција и на Бугарија. -Денеска може да видите дека нашата амбициозна цел да го модернизираме и унапредуваме Криволак била и оправдана и реална. Веќе денеска можете да видите дека полигонот навистина прераснува не само во национален и регионален, туку и вистински НАТО капацитет, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска беше на Криволак. Периодов на европскиот континент се спроведува огромна вежба со над…

Read More