Author: Нова ТВ

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот изјави дека промената на границите не решава никаков проблем на Западен Балкан, како и дека таа приказна може да биде многу опасна и повторно да ја отвори „Пандорината кутија“ полна со конфликти. Во интервју за Дојче веле на албански јазик, по повод таканаречениот „нон-пејпер“, наводно доставен од словенечкиот премиер Јанез Јанша до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Рот рече дека сегашноста и иднината на Западен Балкан се во помирување, блиска регионална соработка и оддалечување од национализмот и реваншизмот. „Земјите од Западен Балкан се и остануваат земји на мултирелигиозни и мултиетнички општества. Ова е…

Read More

Министерството за образование и наука демантира дека од употреба се исклучуваат печатените учебници и потсетува дека во планот за работа за следната учебна година ќе се примени комбиниран начин на учење кој подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници. – За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и…

Read More

Со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, пратениците во СОбранието дадоа поддршка на донесувањето на Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија. На денешната седница пратениците покрај оваа донесоа уште неколку други одлуки меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан. Во продолжението на седницата беше донесен и дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на…

Read More

Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ не доби поддршка од ДС и Има таков народ за мандатот добиен од претседателот Румен Радев за формирање нова влада. Во одговорот испратен во писмена форма од страна на ДС до претседателот на парламентарната група ГЕРБ – СДС, Десислава Атанасова, лидерот на партијата Христо Иванов, поранешен министер за правда во една од владите на Бојко Борисов соопшти дека предизборните определби на неговата партија и причината за длабоки реформи во судството и борбата против системската корупција ја исклучуваат можноста да одговорат на предлогот на ГЕРБ. Според него, ГЕРБ продолжува да биде главен носител на маѓепсаниот модел…

Read More

Забелешките од последниот извештај на Репортери без граници ќе ги земеме сериозно, а Владата со целиот капацитет ќе се насочи кон тоа повеќе да нема случаи на притисоци врз новинари и медиуми, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски соопштувајќи го ставот на Владата за последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“. Според Арсовски најважен индикатор во извештајот, е што оваа Влада од 2017 до денес покажува позитивен тренд, што не беше случај со минатата влада, и тоа, како што рече, треба да биде показател дека состојбата со медиумите од 2017 постојано се подобрува. Пренесувајќи го ставот на Владата, Арсовски повика сите…

Read More

Со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста и се создаваат услови за промени за подобро утре. Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува за поквалитетни и поконкурентни производни услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделно, порача премиерот Зоран Заев на денешната панел дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“. Дискусијата е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој по повод 21 Април – Светскиот ден на…

Read More

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година, изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месел лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации -10.1 отсто, Други услужни дејности – 8.2 отсто и Рударство и вадење на камен – 7.5 отсто. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак,  е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен – 9.0 отсто, Уметност, забава и рекреација – 6.4 отсто…

Read More

Во моментов нема потреба од ребаланс, бидејќи ликвидноста и приходната страна на Буџетот се попозитивни од очекуваното, смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него елспертите во моментов не размислуваат за ребаланс иако вообичаено во период дури и кога немало кризи сме имале најмалку еден ребаланс. – Кажавме ако е потребно секако ќе влеземе во процес на ребаланс, но се уште немаме прецизирано кога би било тоа затоа што податоците за ликвидноста на Буџетот, на приходната страна во Буџетот се стабилни, дури се и попозитивни од тоа што и самите го очекувавме, рече Битиќи во одговор на прашање по…

Read More

Германската компанија „Дрекселмаер“ чија дејност е производство на кабелски сетови, комплетни електрични системи за „Ауди“, БМВ, „Бугати“, „Кадилак“, „Јагуар“ и многу други, потпиша договор со државата со кој се предвидува изградба на производствен погон во Куманово и нова производствена линија во Кавадарци, во кои ќе се отворат 1.000 нови работни позиции. Со договорот од друга страна пак државата се обврзува да ја стимулира компанијата со државна помош во висина од 16 милиони евра. – Денешното потпишување на договорот за државна помош е уште една потврда за добриот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјава како и…

Read More

Какви се измените кај нас, а какви се во некои европски земји? Темелната реформа во образовниот систем опфаќа и реформа на моделот на користење на наставните материјали. НОВА направи анализа за тоа што содржи македонскиот модел и каков е образовниот модел од земјите во регионот. Во работна група којашто го разви новиот концепт за употреба на наставни средства и дидактички материјали за основно и средно образование учествуваа претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието, СОНК како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор. Креиран е автентичен, македонски модел на користење на наставни…

Read More

Скопје како еден од најзагадените градови во Европа, ќе стане првиот град на Западен Балкан кој ќе воведе систем на брз автобуски превоз (БРТ), благодарение на кредитот во износ од 70 милиони евра обезбеден од Европската банка за обнова и развој, за да ја поддржи клучна трансформација кон одржлив транспорт и ќе одговори на итните еколошки потреби на главниот град на Северна Македонија. „Горди сме што Скопје е првиот град на Западен Балкан кој го воведува БРТ. За граѓаните на Скопје ова е остварување на сонот после 40 години. Добиваме подобар транспортен систем согласно нашите потреби. Добиваме брз, безбеден и…

Read More

Во шестиот пакет економски мерки, предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 граѓани, посочува премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук. – На сите угостителите ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година, додава премиерот Заев во објавата на фејсбук. Тој воедно посоочува дека повеќе информации за…

Read More