Author: Нова ТВ

Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. – Без разлика што бројките паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот, додава Филипче во објавата. Тој посочува и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.

Read More

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба. Иницијативата до Уставниот суд е поднесена од Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”. Од Здружението велат дека сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра,…

Read More

Национаната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и Акцискиот план за спроведување 2021 – 2025 година, опфаќа 14 критични сектори, од кои четири за првпат – урбанизам и просторно планирање, животна средина, земјоделство и спорт. Приоритетни сектори се јавните набавки и вработувањето во јавниот сектор, додека најмногу мерки и активности се насочени во секторите здравство, образование и инспекциски служби. До крајот на 2021 година предвидено е да започнат 31 процент од вкупно планираните актовности во стратегијата, информираше на денешната прес-конфернеција Државната комисија за спречување на корупција. Ризични сектори, детектирани и опфатени во стратегијата што Собранието ја усвои…

Read More

Руската вакцина „Спутник В“ е ефикасна против британските, јужноафриканските и бразилските соеви на Ковид-19, изјави денеска директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеј“, Александар Гинцбург. „Во однос на соевите за кои денес се дискутира, како што се британските, јужноафриканските и бразилските соеви … можеме со сигурност да кажеме дека Спутник В обезбедува заштита од добро познати соеви кои во моментот се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал“, рече Гинцбург за рускиот ТВ канал Еден. Сепак, рускиот научник додаде дека не може да има целосна гаранција дека вакцината ќе обезбеди заштита од сите…

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и управителите на компанијата ДММ Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Лукас Муехрингер и Јосеф Oтто Ерих Кауфман ќе потпишат договор за државна помош.

Read More

Обвинителството поднесе обвинителен акт против Вера Иванова, поврзано со аферата за дијализа. -По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по член 273 ст.1 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. – Обвинетата В.И., како одговорно лице –…

Read More

Средните училишта се подготвуваат за полагањeто на државната матура. На онлајн средбата со министерката за образование и наука Мила Царовска информираа дека постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит. „Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, рече министерката Царовска. Обврска на матурските предметни комисии е да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за…

Read More

Армин Лашет, лидер на германските демохристијани (ЦДУ), ја доби битката да стане конзервативен кандидат за канцелар откако неговиот ривал Маркус Зодер од Христијанско социјалната унија (ЦСУ) го призна поразот. Но неверојатната нова анкета покажа дека партијата на Зелените се искачила на првото место меѓу гласачите запрашани кого би избрале доколку федералните избори се одржат оваа недела. Анкетата спроведена од високо ценетата агенција „Форса“ за телевизиските мрежи РТЛ и н-тв, покажува дека конзервативна коалиција на Германија претрпела јасна штета од борбата со ниски удари меѓу Лашет, премиерот на Северна Рајна-Вестфалија и баварскиот лидер Зодер. Според анкетата, 28 проценти од гласачите рекле…

Read More

Бугарскиот постојан претставник во ЕУ, Димитар Цанчев изјави дека Бугарија останува подготвена за дијалог со Северна Македонија, иако земјава продолжува да не го спроведува Договорот за добрососедство, јави Бугарското национално радио (БНР). – Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ со строго почитување на сите критериуми. За жал, нашите македонски партнери продолжуваат да не го спроведуваат Договорот за соседство со Бугарија, што е еден од условите за отворање на патот на Северна Македонија кон почеток на преговорите. Сепак, Бугарија останува подготвена за дијалог, изјави амбасадорот Цанчев по состанокот на Советот за општи работи на ЕУ. Цанчев ја истакна потребата…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров на 22 и 23 април (четврток и петок) ќе престојува во работна посета на Рига и Вилнус. Во рамки на утрешната посета на Латвија, предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент (Saeima) – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања. Во Литванија пак во петок, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од премиерката Ингрида Шимоните, како и од министерот за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а ќе се сретне и со Радвиле Моркунаите-Микулениене, заменик спикерка и претседателка на…

Read More

Преговарачите на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска, во раните утрински часови, постигнаа договор за Законот за клима, според кој Унијата до 2030 година ќе ги намали емисиите на штетни гасови за 55 проценти во споредба со 1990 година. -Воодушевена сум што постигнавме договор за овој клучен елемент на Европскиот зелен план. Нашата политичка цел – до 2050 да станеме првиот климатски неутрален континент сега, исто така, е наша законска обврска, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според постигнатиот договор, целта е намалувањето на штетните гасови до 2030 година да изнесува 55 проценти, во споредба со сегашните 40 проценти. Договорот ја потврди позицијата на Европскиот совет, кој во декември минатата година го поддржа предлогот на…

Read More

Европската Супер лига одлучи да го прекине проектот, откако вчера сите англиските клубови го откажаа учеството во натпреварувањето. – Европската Супер лига е убедена дека моменталниот статус на европскиот фудбал мора да се промени. Предлагаме нов европски натпревар затоа што постојниот систем не функционира. Нашиот предлог има за цел да овозможи развојот на спортот преку генерирање ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучително и помагање во надминување на финансиските тешкотии со кои се соочува целата фудбалска заедница како резултат на пандемијата. Исто така, тоа би овозможило значително зголемување на плаќањата за солидарност на сите засегнати страни во фудбалот. И…

Read More