Author: Нова ТВ
Активистите тврдат дека над илјада луѓе загинале откако воените сили извршиле напад со хемиско оружје во предградието на Дамаск, меѓу загинатите има многу жени и деца, според ОН се работи за „сериозна ескалација на судирите“
НСА незаконски собрала до 56.000 лични и-мејл пораки од Американците годишно, покажуваат декласифицираните судски документи
Леонард Коен најавува концерт во Турција на 19 септември. Еден од најголемите поети на денешницата, доаѓа после Ред хот чили пеперс и Мадона, во Арената Улкер
Законот за медиуми предизвика инциндент на собраниската Комисија за транспорт и врски
За изградбата на новата фонтана на плоштад Македонија властите од Град Скопје не кажуваат колку ќе чини реновирањето на Плоштадот, туку само дека 2/3 од парите ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот
Медиумите пренесуваат дека помеѓу потенцијалните купувачи е една кинеска компанија, индонезијската национална компанија, и „Етихад“ од ОАЕ кој купи 49 отсто од српскиот авиопревозник
Ивон Величковски, лидер на ЛП, подносител на Платформата за името, ЕУ и НАТО: Со решение за името не се менува идентитетот, а тој не е БЈРМ; Со новиот Закон за медиуми постои опасност од затворање на критичкитe медиуми
Советот за безбедност на ОН, за вечерва закажа вонредна седница по повод ситуацијата во Сирија, откако Сириската главна опозициска група, тврди дека во денешниот напад на силите на режимот на Асад со хемиско оружје убиени се повеќе од 650 лица
Казна од 35 години затвор за американскиот војник Бредли Менинг поради откривање доверливи документи со тајни податоци на „Викиликс“
Пратеничката на СДСМ, предупредува дека во една од одредбите на Законот за медиуми, се вели 50 отсто од предвидениот буџет за медиуми, да им се даде на приватните ТВ-станици за изготовка на македонска продукција, која потоа ќе ја откупуваат останатите радиодифузери
Се инвестира во Македонија или не; граѓаните се прашуваат дали е намалена невработеноста и дали е пораснат стандардот? АНКЕТА на НОВА
„Филип Морис“ станува стратешки партнер на Тутунскиот Комбинат Прилеп, откако како единствена компанија која се понудила на јавниот повик, ги исполнува условите за соработка