Author: Нова ТВ

Изложба „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“, е отворена за посетители во Музејот на современата уметност – Скопје. Кураторка на изложбата е Марика Бочварова Плавевска, а кустос соработник е Благоја Варошанец. -Идејата на ова проектно размислување, како дел од серијата проблемски изложби е да ги открие и зближи преодните предизвикувачки преобразби, делумно започнати во 60-те години, акцентирани преку 70-те години и на некој начин вклопени во 80-те години, вели Бочварова Плавевска. -Проектот е насочен кон барање на релациите меѓу двете децении, со паралели што ја допираат анахроноста на уметничките движења, посебно на првата. Како своевиден…

Read More

Претседателството на германската владеачка Христијанско-демократската унија (ЦДУ) уште еднаш го поддржа својот нов претседател, и премиер на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, во кандидатурата за демохристијански кандидат за канцелар на парламентарните избори во септември, јави ДПА. Членовите на сојузното претседателство на ЦДУ рано утринава, по шестачовниот работен состанок, го поддржаа Лашет со 77,5 проценти од гласовите на членовите на највисокото партиско тело. Од 46 члена на претседателството, 31 член гласаа за Лашет, девет беа за лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер, а шестмина беа воздржани. Зедер, претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), помалата партија во повеќедецениската демохристијанска коалиција  ЦДУ/ЦСУ, беше…

Read More

Околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор денеска напладне, пред Министерството за финансии, ќе почнат со најавените протести. Владата, пак, на прес-конференција ќе соопшти детали за претстојниот шести сет економски мерки. Од денеска треба да почне и аплицирањето за финансиска поддршка на платите, мерка што беше дел од петтиот антикризен пакет, но не можеше да се реализира до донесувањето на законите во Собранието. Туристичко-угостителскиот сектор бара еднократна финансиска помош за сите регистрирани угостителски објекти, еднократна финансиска помош за угостителските објекти на кои веќе една година им е забранета нивната примарна дејност и мораториум или репрограмирање со грејс-период на кредитите од…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче, со претставници од Министерството за здравство, денеска ќе заминат во официјална посета на Белград каде ќе се сретнат со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и со директорката на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ. – Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, таа соработка која ја имаме во размена на експертизата, нивни експерти тука во делот на гинекологијата, неонатологијата, кардиохирургијата и за некаков стратешки план за набавка на вакцини од „Торлак“. Во овој момент не ни се потребни вакцини, но…

Read More

Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува денеска. Од Комисијата за заразни болести вчера за МИА информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена. Владата денеска на седница ќе ја разгледа препораката од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на рестриктивните мерки. Главниот координативен кризен штаб на вчерашната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата,…

Read More

Прашањата со кои се соочи Албанија при спроведувањето на процесот на интеграција започнуваат со недостаток на функционална демократија, недостаток на владеење на правото, економија што се троши себеси без да произведува ништо и автократски менталитет на владеење.

Read More

Класична лажна вест и теорија на заговор – вели словенечкиот евтопратеник Клемен Грошељ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијаn Мицкоски дека премиерот на Словенија и негов пријател Јанез Јанша не бил креатор на нон-пејперот за промена на гранциите на Балканот туку дека тоа го направиле Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев. – Тоа е типична лажна вест. Во Словенија е секојдневна рутина што и да му оди наопаку на нашиот претседател на Влада, секогаш се бара теорија на заговор. Тоа се лажни вести и теории на заговор со кои се обидувааат да ги намалат негативните последици на надворешно…

Read More

Преку Фејсбук, бегалецот и поранешен премиер, Никола Груевски реагираше на објавите дека Јавното обвинителство запленило земјиште на Водно и два стана кои се негови. – Тие си знаат чии имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чии имот го замрзнале, што им е договорот и со што ги уцениле, па како резултат на тоа ги знаат и причините заради кои тие лица “не се жалеле”. Уште еднаш повторувам дека немам купено ниту пријавени ниту непријавени земјишта, ниту станови како што наведуваат. Од она што досега имам информации ОЈО под директива на власта, со…

Read More

Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација, информираат од Министерството за здравство. Претходно, беше најавено дека втората пратка од „Фајзер“ со уште 10 илјади вакцини треба да пристигне на 26 април, со што нашата држава треба да добие вкупно околу 20.000 вакцини од овој производител.

Read More

Од 27 април планираме да има одредено олабавување на мерките во смисла на дозволи за работа, но будно ги следиме препораките не Комисијата за заразни болести, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Битиќи во гостување на ТВ 24 најави дека од утре почнува аплицирањето за финансиска поддршка на платите, а на прес-конференција Владата ќе го соопшти и новиот, шести пакет кој тој го нарекува, како што нагласи, „пет плус“. Најавена ќе биде и операционализацијата на мерката од Развојната банка за бескаматните кредити. Мерката што утре ќе биде соопштена во однос на угостителите како дел од шестиот пакет, откри…

Read More

Во Берово остварена средба помеѓу градоначалникот и хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица и спасија многу човечки животи. Од страна на Општина Берово, како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, ќе бидат преземени сите мерки, со што на семејството ќе му се пружи најголемата институционална поддршка. -Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покжувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем. Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.…

Read More

– Чест ми беше да го запознаам семејството на Верица Белчовска чија големина и алтруизам оставаат без зборови, напиша министерот за здравство Венко Филипче кој на својот фејсбук профил соопшти дека денеска остварил средба на која им ветил дека ќе се заложи за решавање на проблемот со вработувањата кој го имаат. -Со овој чин досега спасија три животи. Во име на Владата и мое лично име уште еднаш им се заблагодарив од срце за нивниот несебичен гест, напиша Филипче. Органодарителството, како што посочи министерот за здравство, е највисок чин на хуманост, и истакна дека се повеќе граѓаните стануваат свесни за…

Read More