Author: Нова ТВ

Американската амбасада во земјава го поздрави усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година. – Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе биде валоризиран од успешната имплементација на стратегијата. Борбата против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на владеење на правото се критични за Северна Македонија и клучен фокус на нашето стратешко партнерство, објави Амбасадата на САД на својата страница на Фејсбук. Собранието на Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција.

Read More

Забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во временски период од 20 часот до 5 часот наредниот ден, што беше воведена на 6 април завршува утре. Од Комисијата за заразни болести за МИА информираа дека донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена. Владата утре на седница ќе ја разгледа денеска донесената препорака од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на рестриктивните мерки.

Read More

Македонската Влада ужива доверба од малцинство граѓани или 42 отсто, од кои поголем број се Албанци и припадници на други заедници. Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) кој ги проверуваше ставовите на граѓаните поврзани со неколку актуелни политички прашања кои се дел од извештајот  „Доверба во Владата и локални избори“. Истражувањето покажува дека околу три четвртини од граѓаните се согласни дека земјата е во политичка криза. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (87,6%) и неопределените (78,6%) се побројни меѓу нив. Прашани за тоа што сметаат дека е решението за надминување на политичката криза, најголем број…

Read More

Европската комисија го признава добриот напредок во спроведувањето на стратегијата за реформа на судството, што се однесува на итните реформски приоритети на Прибе. Искоренувањето на корупцијата, како феномен со кој се соочуваат сите земји во регионот, не е брза и лесна работа и сведоци сме на голем број препреки на патот, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за српскиот весник „Политика“. – Откако станав министер за правда, мој приоритет е независно судство и работа без притисок. Ова, се разбира, не значи дека не постојат притисоци, ниту од политичка ниту од деловна страна. Нашата Влада ги тргна рацете од…

Read More

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо повеќе нема да биде тренер на Тотенхем објавија „Телеграф“ и уште неколку други британски медиуми. Според нив, управата на лондонскиот клуб одлучила да го отпушти 58-годишниот Мурињо. „Специјалниот“ ја презеде тренерската функција на Спарс во ноември 2019 година. Неговиот договор беше важечки до летото 2023 година. По 32 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 7. место во поредокот со 50 бода. Во досегашната кариера Мурињо претрпе само 15 порази на 127 натпревари во Порто, 21 пораз на 185 натпревари во Челси, загуби само 15 пати од 108 настапи на Интер, имаше 22 порази…

Read More

По денешниот редовен состанок со директорите на клиниките и ковид центрите и направената анализа на состојбата со корона вирусот во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче вели дека очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници. „Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, истакна Филипче.

Read More

По повод светскиот ден на канабисот, а во услови на пандемија, Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА организира онлајн дебата “Каков модел на легализација и е потребен на Македонија?” на ФБ пејџот на БИЛКА 20.04.2021 со симболичен почеток во 16.20 часот. Модератор на дебатата ќе биде познатиот македонски новинар Огнен Јанески, коосновач на БИЛКА. Учесници на онлајн дебатата ќе бидат: Јанаки Митровски, БИЛКА Хајди Штерјова Симоновиќ, ХОПС Огнен Узуновски Оги, ЗНАМ Зоран Василевски, ХЕЛСИНШКИ.

Read More

Пратениците имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протокол, кој е донесен во јули 2020 година, кога јас бев во болница, изјави за Дојче Веле, претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Ни во воена состојба пратениците не се ограничени во движењето. Нивен личен став е дали ќе дојдат на седница. Јас не можам да му наредам на пратеник да не дојде на седница. Според „Протоколот за спроведување гласање за пратеници кои се наоѓаат во домашна изолација“, тие имаат право да дојдат и да гласаат во посебни услови утврдени со протоколот, кој е донесен во јули 2020…

Read More

Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела, неофицијално дознава НОВА. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести. Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

Read More

За македонските државјани, границите на Грција остануваат затворени уште една седмица, со оглед на тоа дека грчката Влада ја продолжи до 26 април 2021 година министерска одлука за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во новата министерска одлука, промени има за државјани на одредени земји, како што се членките на ЕУ, Израел, Србија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД, за кои не важи задолжителниот карантин при пристигнувањето, а отворен е уште еден граничен премин, односно освен од Промахонас (Кулата), туристите и преку Нимфеас (Маказа), од Бугарија ќе можат…

Read More

Советот на амбасадори во соопштение до медиумите предупредува дека нонпејперот за кој деновиве пишуваат медиумите во регионот претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег“. Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на границите на Балканот. Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за којашто, како во…

Read More

На Деновите на македонската книга што се одржаа во Московскиот дом на националностите во рамки на проектот „Читаj jа Македониjа!”, иницијаторот на проектот Олга Панкина ја претстави книгата „Послание. Поезија на Блаже Конески на руски”. Ја најави и новата поетска збирка „100 песни на Блаже Конески во препев на руски” коjа се подготвува токму за јубилејот на поетот. Годинава проектот „Читаj jа Македонија!” има задача да придонесе кон афирмацијата на Северна Македонија во светот низ книжевните остварувања (претставени на македонски jазик и во превод на руски) на големиот македонски културен деец Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање. -Читателската…

Read More