Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
32 -та седницата во Парламенот започна. ВМРО-ДПМНЕ не влезе во салата, но законите се усвојуваат со 62 гласа од владејачкото мнозинство. И без опозиција петтиот пакет на мерки ќе биде изгласан денеска. Помошта ќе стигне до граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски и додаде дека заразените пратеници дошле во Собрание со целосно испочитуван протокол на Комисијата за заразни болести, со дозволи и контрола од инфектолози. -Не е ова ништо што е на штета на другите пратеници, не е прв пат, тоа се случи и кога гласавме нова влада(кога пратеникот Зибери беше суспектен на корона), рече Митревски.…
– Владеачкото мнозинство води борба за медиумско внимание, на сметка на граѓаните кои не примиле помош. Како да ги убедиме граѓаните да ги почитуваат мерките, кога пратениците од СДСМ и ДУИ ги кршат и мерките и законите за да ги задоволат апетитите на нивниот пи-ар, рече на прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски, коментирајќи го денешнопто присуство на седница на пратеничката Билјана Костадиновска Стојчевска која е заразена со Ковид – 19 и која со скафандер дојде да даде поддршка на економските мерки. Според Мицевски 5.тиот сет мерки не се донесени само поради инаетот на власта.…
Босанскиот медиум истрага.ба го пишува следното за врските помеѓу проруските политичари на Балканот: „Ние го почитуваме идентитетот на Република Српска. Ќе донесеме план за акција што ќе се однесува и на политички и економски теми, како и соработка во областа на образованието и културата со Република Српска“, српската новинска агенција СРНА ги пренесе зборовите на унгарскиот премиер Виктор Орбан на почетокот на неговиот работен ручек со српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик. На 18 јуни 2019 година, унгарскиот премиер срдечно го пречека Милорад Додик во неговата резиденција, за кого тој имаше само пофални зборови. „Уживате сериозна почит во…
– Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Ова е дел од статусот на пратеничката Билјана Костадиновска Стојчевска која покрај текстот ставила и своја слика на која е фотографирана во полна заштитна опрема. Таа вели дека иако е позитивна на Ковид 19, се чувствува добро и додава дека е одлучна со цел да помогне не народот. – Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ…
Според месечната анализа на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ), регистрирана е највисока економска активност во технолошко индустриските зони во првиот квартал, во последните четири години во однос на извозот и увозот. Во првиот квартал од 2021 година, според анализите на ТИРЗ, извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30 проценти повеќе од истиот период во 2020 година. Во однос на 2018 година порастот е над 41 отсто, а на месечно ниво, извозната активност во март 2021 година е највисока во изминатите четири години и достигна ниво од 260 милиони…
Премиерот на Албанија Еди Рама, во интервју за „Визион плус“ изјави дека проблемот со Македонија е наметнат, а бугарија ја држи земјата во заложништво за сопствени интереси и го блокира процесот на евроинтеграција. – Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија ја блокира Македонија? А? Ја блокира за свои интереси. Ја блокира заради своја внатрешна динамика таму и ја држи Македонија во заложништво. И, сега, ќе видите што ќе се случи, друга држава, која не затоа што не ја сака Македонија или не нè сака нас,…
Од идната учебна година започнува етапната замена на материјалите за учење од кои се едуцираат нашите ученици. По усвојувањето на новата Концепција за основно образование и изработката на новите наставни програми, се воведува и современа дидактика со која значително ќе се подобри квалитетот на воспитно – образовниот процес и наставата, се вели во соопштението на Министерството за образование и наука преку соопштение. Од таму велат дека на нивен предлог, Владата усвоила целосно нов Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали со кој се менува начинот на изработка и одобрување на материјалите за учење, се елиминираат грешките од сите…
Северна Македонија да продолжи со реформите, а паралелно двојно да се зголемат напорите за изнаоѓање взаемно прифатлио решение со Бугарија со цел да се одблокира евроинтеграцискиот процес, порачува евроамбасадорот Деввид Гир. Тој во неделното интервју за РСЕ на прашањето како да се дојде до решение доколку бугарските власти инсистираат на идентитетски пршања како корените и јазикот, Гир одговара дека во ЕУ, Европскиот совет работи врз основа на едногласност во одлуки како оваа. Додава дека за да се постигне согласност за преговарачката рамка, всушност треба сите 27 земји членки да се согласат. Минатата година, потсетува, тој договор не беше постигнат. -…
Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК потпирајќи се на изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовески за порталот СДК.МК вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски. Поминати се десетина дена од одлуката на судот, а засега никој не поднел жалба. Груевски од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија. Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба. На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени…
Австралија не брза да ги отвори меѓународните граници и да го ризикува животот кој речиси е ослободен од коронавирусот, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Австралија ги затвори своите граници за сите лица кои не се нејзини државјани или немаат регистриран престој на нејзина територија во март 2020 година, а ограничен влез е дозволен во претходните месеци, главно за граѓаните кои се враќаат дома. „Австралија не брза да ги отвори своите граници, ве уверувам. Јас нема да го загрозам начинот на кој живееме во земјата, што е прилично поразличен во споредба со остатокот од светот”, рече Морисон. Затворањето на границата, заедно…
Тетовското Кале, тврдина изградена во Османлискиот период на ридот Бал Тепе, иако е под државна заштита како значен споменик на историското наследство, веќе долги години, повеќе наликува на руинирано и запуштено место. Од оваа тврдина и внатрешните објекти, останати се само остатоци, претежно од ѕидовите и тунелите. Само една од внатрешните згради – тогашна трпезарија за војска е реставрирана и конзервирана и на тој начин зачуван е автентичниот надворешен изглед на објектот. Тие работи се изведувани од 2008 до 2012, а дел од проектот биле и археолошки истражувања. Воедно саниран е и еден ѕид. Потоа со текот на годините работата…
Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции дека доколку Исмаиловиќ биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење. -Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Се уште нема одговор од косовска страна, потврди Видиновски за МИА. Тој нагласи и дека до косовските…