Author: Нова ТВ

– Целосно сме рзочарани од нашите сограѓани, нашите комшии кои живеат во Градски Sид кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата на Холидеј Ин. Тие директно сакаат да не спречат ние да го решиме нашиот долгогодишен проблем. Крајно несовесно е тие од удобноста на своите домови, кои патем исто така се наоѓаат во високи кули, да покренуваат постапки со кои ние не можеме да си го реализираме нашето загарантирано право. Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин. Овој нивни…

Read More

– За бројката за лицата кои имаат нерешен статус за своето државјанство имаше многу шпекулации. Прво е многу важно да се дефинира проблемот пред да се пристапи, бидејќи се зборуваше за 70.000, 40.000, 50.000, со цел темата да стане дел од добивањето на дневно-политички поени, а не решавање на судбини на граѓани, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната прес-конференција за печат. Тој истакна дека според неговите информации, околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници. Појасни дека станува збор за 1300 нерешени апликации коишто од различни…

Read More

Пациентот кој денеска го прими срцето од донор е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето, соопштија од Министерството за здравство. Од починатата девојка донор наредните денови ќе се трансплантираат и  бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските. Претходно министерот за здравство Венко Филипче изјави дека трансплантацијата поминала успешно и дека пациентот постепено се буди. Министерството за здравство упатува голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста…

Read More

Вакуумот во регионот создаден делумно од кризата со Ковид-19 и претстојната длабока рецесија во ЕУ се плодна почва за опасни националистички идеи за прецртување на границите и под итно мораат да бидат сопрени. Нејасно е зошто овој нон-пејпер циркулира сега, кој е негов автор, дали е пробен балон, но прашањата што ги отвори се во спротивност со сите вредности и принципи на ЕУ, сметаат Либералите во регионот. Ваквиот став денеска на прес-конференија го пренесоа поранешната министерска за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, заедно со поранешниот министер за одбрана на Словенија, Роман Јакич и поранешниот македонски државен секретар за надворешни…

Read More

Адвокатот Тони Менкиноски кој е правен застапник на осомничениот Јордан Камчев преку соопштение до медиумите информира дека поднел кривични пријави за Судијата на претходна постапка и Кривичниот совет кои одлучија за продолжувањето на мерката притвор, пред пет дена. Тој обвинува за злоупотреба на тајните служби за местенки на граѓани. Менкиноски наведува дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека до сега на одбраната не и е презентирана белешката составена од тајната служба односно од АНБ, што е прекршување на правата на неговиот клиент. – Во решението на Кривичен стои дека Камчев во февруари годинава се…

Read More

Нов обид да се постигне напредок во изгласувањето на мерките од петтиот сет економски мерки. Од кабинетот на Талат Џафери соопштуваат дека претседателот на Собранието за утре во 14 часот ја закажал 36. седница. Во соопштението од кабинетот на Џафери е наведено дека прво е закажана 32-та пленарна седница, а веднаш по неа ќе се продолжи со 36 -тата седница на која на дневен ред се економските мерки за справување со последиците врз бизнисот предвизвикани од здравствената криза поради пандемијата. Претходно пратениците од опозицијата неколку дена по ред се противеа на одлуката да се гласа одложи гласањето на сетот економски…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го повика денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да не ги внесува шпекулациите околу нон-пејперот во внатрешно-политичката дебата во земјата, бидејќи може сериозно да ги наруши односите со Словенија, која е наша пријателска земја. Османи рече дека разговарал со словенскиот шеф на дипломатијата Логар и дека тој го уверил дека премиерот Јанез Јанша не стои зад тој документ и дека нема промена во политиката и стратегијата на Словенија кон Македонија и кон регионот. -Треба да бидеме внимателни кога поврзуваме одредени индиции со одредени држави, пред се кога немаме факти и докази за тоа, бидејќи…

Read More

Илија Псалтиров во Варшава, Абдилџемил Саити во Минхен, Сузана Тунева во Анкара и Бекри Ајдини во Абу Даби, се првите четири економски советници, кои ќе бидат упатени во амбасадите во овие четири дестинации за да ги имплементираат економските политики, кои се подготвуваат за секоја земја и регион посебно. Ова денеска го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција на која гo претстави првиот дел од пилот проектот за идните економски советници на МНР на Република Северна Македонија и планираните активности во врска со економската дипломатија. Амбасадорот Илија Псалтиров, доктор по економски од Варшава, освен Полска, во рамките на економските активности ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград – Чешка, Словачка и Унгарија. Абдилџемил Саити, германистика, ќе замине во Конзулатот во Минхен, од каде ќе ги покриваат економските активности за Германија и Австрија, две земји кои се најголемите економски партнери на земјава. Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи ќе биде испратена во амбасадата во Анкара. Економскиот советник, Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, кој, како што посочи Османи уште од самиот почеток е вклучен и задолжен за портфолиото…

Read More

Докторите и се поклонија на девојката која почина во сообраќајна несреќа, а чие срце беше трансплантирано во телото на дваесет и седумгодишно момче. Историската фотографија од поклонот ја објави министерот, Филипче кој напиша дека младиот живот на девојката трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост, додаде Филипче во објавата.

Read More

Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи, на која ќе гo претстави првиот дел од пилот проектот за идните економски советници на МНР на Република Северна Македонија и планираните активности во врска со економската дипломатија.

Read More

„Создаваме услови за непречено спроведување на активностите на спортските федерации и во вонредни услови заради пандемијата со КОВИД-19. На 65-тата седница на Владата, донесовме одлука за одобрување на 184,5 милиони денари, односно околу 3 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година од програмите за ковид мерките за спортските федерации на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт.Како Влада, продолжуваме со постојана поддршка на спортот и спортските работници.“, напиша Заев на Фејсбук.

Read More

Премиерот на Албанија, Еди Рама го потврди постоењето на карта во врска со промената на границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Поканет во емисијата „ИЗБОРИ 2021 на V +“, Рама рече дека мапата ја видел и претходно пред да биде поврзана со предлогот на словенечкиот колега Јанез Јанша. „Разговарав со него многу одамна. Го видов и овој документ што излезе. Немам коментар “, рече Рама. Во четвртокот, словенечкиот портал „Нецензурирано.си“ објави документ според кој, се предлага редефинирање на границата на Косово и Србија, обединување на Косово со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанско…

Read More