Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Полицискиот час од синоќа почна од полноќ и траеше до четири часот изутринава согласно новиот предлог на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Олабавувањето на рестриктивните мерки уследи по намалувањето на бројот на новозаболени и хоспитализирани на корона вирусот во изминатиот период и намалувањето на притисокот врз болничките капацитети. Новите мерки, што Владата ги усвои во вторникот на седница, ќе важат до 18 мај. Од вторникот со продолжено работно време до 23:30 часот работат и угостителските објекти на летните тераси, а со работа почнаа и фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но за нив…
Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од Ковид-19 за еден ден досега. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а на активни случаи изнесува 6.257 од кои 2650 во Скопје. Се намалува и бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија во државава. Вкупно се лекуваат 638 пациенти со Ковид-19 од кои 262 во Скопје. Вакцинацијата против…
Од утре, 14 мај, се отвора границата со Грција, најави на Фејсбук премиерот на Македонија Зоран Заев, по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис. Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на Фејсбук.
Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ на Делфи економскиот форум во Атина во разговор со главниот уредник на весникот „Катимерини“ Атанасиос Елисомна на прашањето за Преспанскиот договор, нагласи дека Србија веднаш го поддржала тој договор, истакнувајќи дека тоа било добра вест, што и овозможило на Северна Македонија да го продолжи својот европски пат, јави дописникот на МИА од Белград. -Знам дека просперитетот на мојата земја е невозможен без просперитет на целиот регион. Затоа, мене како премиер на Србија, ми е важен напредокот на сите во регионот, подеднакво важен како и напредокот на мојата земја, изјави таа. Како што соопштија од…
Мицотакис често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за време на пандемијата, откри премиерот Зоран Заев говорејќи на Делфи економскиот форум во Атина, објаснувајќи дека законските аспекти на Фајзер биле пречка, Грција да понуди помош со вакцини, но и додаде дека за Северна Македонија, лани од јужниот сосед стигнала опрема вредна над два и пол милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. -Со премиерот Мицотакис изградивме многу позитивни односи, многу позитивна соработка. Морам да споделам со грчките граѓани дека тој многу често ме контактира, обидувајќи се да најде начин како да ни помогне за…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија. Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Северна Македонија – „нашиот многу добар сосед и пријател“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робертсон ја потсетил Бугарија дека е потребно да се има попрагматичен пристап кон меѓународните ризици при одбрана на вредностите на Евроатлантската унија. Поранешниот генерален секретар на НАТО потсети и на…
Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со поранешниот британски премиер Тони Блер што се одржа на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина. – Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали. Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија, заклучија Блер и Заев, се наведува во соопштението од владината прес-служба. Особен фокус во разговорот, како што се посочува, бил ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата. Заев и Блер се согласиле дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација. Во тој контекст, двајцата разговарале за можностите за соработка и инвестиции со глобалната ИТ компанија „Оракл“ во…
Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и потенцираше дека „со приклучувањето на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки“. -Важно е процесот да почне…
Сега е време, сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Северна Македонија и Албанија, порача вицепремиерот Никола Димитров од Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел дискусија заедно со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина. Потпретседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања, објасни дека при секоја негова посета на Атина, учи по еден грчки збор, а по зборовите „пријателство”, „договор”, „спокој”, „визија”, денеска, на дебатата за почеток на европскиот процес, спомена нов…
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот клуб во Бугарија, по повод 30-годишнината од неговото основање. Честитајќи го значајниот јубилеј за организацијата, претседателот Пендаровски говореше за придобивките коишто Република Северна Македонија ги има од членството во НАТО, по две децении кандидатски статус и низа кризи. Меѓу научените лекции од поновата историја, како што рече претседателот Пендаровски, е важноста на раното предупредување, особено денес, кога предизвиците се удвоени и се посложени, вклучително сајбер и хибридната војна, или најновиот предизвик – управувањето со пандемијата, која освен здравствени, социјални и економски,…
Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер. Грција е многу гласна на Европскиот совет преку премиерот Мицотакис, преку министерот Дендиас, тие се многу фокусирани и лидери на процесот за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев за време на неговото учество на шестиот Делфи економски форум во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Во дијалог со уредникот на „Катимерини“ Атанасиос Елис, премиерот Заев говореше за Договорот од Преспа, за соработката со Грција, за односите со актуелниот грчки премиер,…
Јужноафрикански сој на вирусот СарсКов 2 не е детектиран кај 55 годишниот потполковникот на Армијата на Македонија, кој вчера како ковид позитивен пацинет, беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, потврдија од лабораторијата на МАНУ за Нова. Кај војникот е забележано присуство на „нигериски„ сој на вирусот, покажале анализите. Тој сој исто така е еден од почестите во афричките земји. Дополнително според резултатите од анализите детектирано е дека има ниско ниво на виремија, односно тоа е показател дека инфекцијата е во поодмината фаза и оди кон оздравување, велат клиничарите. Полковникот кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, вчера утрото…