Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го потпиша указот за свикување на првото заседание на новото 45-то Национално собрание на Бугарија. Според документот тоа за прв пат треба да заседава на 15 април 2021 година, соопшти прес-службата на шефот на државата.. Указот се очекува утре да биде објавен во вонредно издание на Службен весник. Денеска Службен весник ги објави имињата на пратениците и нивната политичка припадност во 45-тото Национално собрание, што беше клучно за бугарскиот претседател да го издаде декретот за свикување на новоизбраниот парламент.
– Не сум запознат со нон – пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша за промена на границите на Западен Балкан. Ги слушнав медиумските извештаи но треба прашањето да се постави во Советот или кај нашите словенечки партнери, вели портпаролот на Европската Комисија, Петер Стано, прашан како ја кооментира информацијата за наводниот нон – пејпер на премиерот на Словенија, Јанез Јанша, документ адресиран до Брисел, во кој се бара поделба на БиХ. Стано вели дека не виделе и не се запознати со таков документ, па затоа и не коментира за наводната содржина на тој нон-пејпер. – Она што можам да го…
Обвинителството отвора предмет за скандалозната продажба на станови во Скопје по известување од страна на МВР каде до сега реагирале шест лица и обвиниле дека агент за продажба на недвижнини ги манипулирал и им продавал ист стан на повеќемина. Од ОЈО известуваат дека предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува по исиот. Шестмината граѓани го товарат за измама, бидејќи за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Двајца од купувачите веќе платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан,…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својор фејсбук профил објави дека остварил средба со државниот секретар при МВР на Република Словенија, Франц Канглер. На средбата се заблагодарил за поддршката на словенечките полициски службеници во зајакнување на надзорот на јужна граница преку заеднички операции, како и за донациите, пред сѐ во опрема за посебни активности на нашите полициски припадници. Двајцата соговорници разговарале и во насока на поддршката за нашата земја во борбата против илегалната миграција, но и за нашиот пат кон ЕУ, напиша министерот Спасовски. – На средба со државниот секретар при МВР на Република Словенија, Канглер, се заблагодарив за…
На земјава и е неопходно законско решение со кое ќе може да се побара докажување за сопственост на имот, и кој ќе бара од секој граѓанин да докаже од каде му е имотот, врз основа на што го стекнал, дали е наследство, дали го купил или некој му го подарил вели првата антикорупционерка во земјава Билјана Ивановска. Таа истакнува дека за ваквото законско реешение поддршка имаат добиено од Советот на Европа од каде, како што соопштува, ќе биде обезбеден консултант со кој ќе се започне процесот за подготвка на овој закон. Во однос на автомобилот на поранешниот генерален секретар во…
Пратеничлата група на ВМРО – ДПМНЕ преку својот координатор Никола Мицевски најави дека ќе ги повлече амандманите поднесени за Законот за државјанство поднесен на иницијатива на албанската опозициона коалиција Алијанса за Албанците – Алтернатива. Тие истовремено ги повикаа лидерите на ААА да ги повлечат сите амандмани кои го блокираат донесувањето на петтиот сет економски мерки. – Ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, целосно го осудуваме инженерингот на Заев и СДСМ. Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на…
Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари“, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. „Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи…
Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви правно мислење во однос на бездржавјанството, со осврт на Законот за државјанството, Законот за странците и Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените. -Државјанството на Република Северна Македонија согласно член 3 од Законот за државјанство се стекнува со:1) потекло; 2) раѓање на територијата на државата; 3) природување; и 4) меѓународни договори. Анализите покажуваат дека има две главни категории на лица кои живеат долги години во Северна Македонија но немаат статус на државјанство: 1) лица кои не го уредиле статусотпо распадот на СФРЈ и 2) лица кои не се евидентирани во матичните книги…
Непосредно по осамостојувањето кога бев студент во завршни години на архитектонскиот факултет имаше безмалку консензус меѓу архитектите и урбанистите дека оваа локација треба да биде Републички Центар или Центар на новата Република Македонија. Ако добро се сеќавам во ГУП на град Скопје во тој период, последната декада од минатиот век, таа локација ја имаше таа намена. Концептот беше да се изгради ново Собрание на РМ а постоечкото да се пренамени во градска куќа – дом на градскиот татко, советот на град Скопје и администрацијата. Со овој пристап требаше да се раскине просторното и архитектонско поврзување со објект на постоечкото Собрание…
Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција. Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април. Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во Ројтерс работеше за Волстрит журнал. За Ројтерс моментално работат 2.450 новинари.
Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој. Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт. Студијата опфаќа група од 496 ковид пациенти, примени во британските болници во ноември и декември минатата година и нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти заразени со други варијанти на коронавирус. Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирусот Б.1.1.7. не е потврден поголем ризик од сериозна клиничка слика и…
Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план. -Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на „Спутник“, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече Филипче. Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на „Спутник“ од…