Author: Нова ТВ

Светски тренд, особено изразен со ковид пандемијата и ограничените мерки за патување и движење, е дигитализација на културата и уметноста. Компанијата Vr-port од Македонија применува најсовремени технологии за дигитализација и веќе има успешни проекти за дигитализација на домашни културни објекти и културно наследство. За она што во нашата земја е достапно во дигитална форма и кои се светските трендови во дигитализацијата разговаравме со Пенелопа Пешкова Стаматовска, визуелен дизајнер и проект менаџер во компанијата VR-Port. Како започна се? Како компанија започнавме со дигитализација во секаков вид на индустрија, но од 2017 година како што растеше оваа технологија во Европа и САД за…

Read More

Ние како Влада ги засилуваме сите механизми за борба против корупцијата кои ни стојат на располагање, а градиме и воведуваме и нови механизми за справување, искоренување и имплементација на конкретни мерки за превенција и сузбивање на високата корупција. Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против кариесот во општеството, појава која ја нагризува и иднината на нашите деца, појава која спречува развој и подобри и посигурни услови за живеење и работење. Ова е Влада која коренито се зафаќа со решавање на проблемите и веруваме дека и во оваа област граѓаните набрзо ќе воочат разлика…

Read More

Скопје бележи тренд на намалување на загаденоста на воздугот, а граѓаните изминатите пет години дишат почист воздух. Барем тоа го покажуваат последните податоци објавени од страна на Министерството за животна средина од каде велат дека просечното годишно ниво на ПМ10 честичките покажува дека во Скопје последните 5 годни вредностите на загаденост се намалени од 71,3 на 47,7. Во јануари пак кој важи за еден од најзагадените месеци во годината максималната среднодневна вреднсот на ПМ 10 честичките од 560 во 2015 е опадната на 162 со тренд на постојано намалување низ годините. Експертите велат дека значајно е што овие бројки покажуваат…

Read More

Австрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В и договорено е да набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој за набавката на руската вакцина разговараше на 26 февруари со рускиот претседател Владимир Путин, а кон крајот на март започнаа преговорите со производителот. Засега не е познато дали Австрија ќе чека официјално одобрување на руската вакцина од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела од кабинетот на канцеларот е соопштено дека во следниот период ќе биде одлучено на кој начин Спутник В ќе…

Read More

Само со масовна вакцинација побрзо ќе се справиме со пандемијата предизвикана од кронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација. – Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денеска на vakcinacija.mk, напиша министерот Филипче на Фејсбук. Според информациите кои ги објави министерот до сега вакцинирани се над 18 илјади граѓанин. Филипче во текот на денешниот ден уште еднаш упати апел до верските…

Read More

Магазинот „Бука“ од Босна и Херцеговина објави видео спот против говор на омраза насловен „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци. Видеото е напишано и режирано од загрепскиот режисер и писател Предраг Личина, а во главните ликови играат Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.  -Водечка нишка на кампањата е поздравот „ХЕЈ, СЛОВЕНИ“, кој го преименувавме во „ХЕЈТ, СЛОВЕНИ“ за целите на нашата приказна, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална работа, како „добар ден“ . Преку разговор помеѓу клиенти и работници во супермаркет, видеото покажува…

Read More

Директорот на Царинската Управа Горан Сугарески најави дека со пари од Светска Банка ќе започне реконструкција на граничниот премин кон Бугарија, Деве Баир. Со тоа како што посочи ќе се зголеми протокот на патници и стоки, што пак директно влијае врз зголемување на економскиот раст. Активностите се дел од проектот на Светска Банка насочен кон олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, во чии рамки за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир се одобрени се 4.1 милион долари, вели директорот на Царина. -Со зголемување на меѓународното значење на граничниот премин Деве Баир и зголемената фреквенција на промет…

Read More

– Градиме систем кој води ефикасна, севкупна борба против корупцијата, на сите нивоа, во сите сфери, се додека корупцијата не се доведе до степен на неисплатливост, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалнот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски при посетата на граничниот премин Деве Баир. Николовски истакна дека власта гради држава во која виновните се казнуваат, а праведните напредуваат, а во борбата со криминалот недопирливи нема. – Со навремена и професионална работа и влог на сите инволвирани институции го зајакнуваме системот и ја водиме корупцијата до степен на неисплатливост. Тоа ќе се спроведе преку зајакнување на…

Read More

Со одлуката донесена на денешната седница на Извршниот комитет, Ѓорѓија Сајкоски ќе раководи со републичкиот штаб на партијата на годинешните локални избори. Претстојните избори ќе бидат прв тест за Сајкоски на чело на изборниот штаб, откако минатата година беше именуван за генерален секретар. На денешната седница ИК го реактуализираше и барањето за експертска влада. Според заклучокот од седница на ИК, ВМРО-ДПМНЕ, „државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта“. Опозицијата со став дека на државата како никогаш досега ѝ е потребна експертска влада, која, како што се вели…

Read More

– МВР нема потреба за софтверот купен од Рашковски, бидејќи сметаше дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користи само при кривични истраги, па поради тоа немаше одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, изјавил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред обвинителката Вилма Русковска повикан во својство на светок, пренесува Телма, од каде велат дека информацијата им ја потврдиле од Обвинителството за органзиран криминал и корупција. Според информациите за истиот случај изказ бил…

Read More

Кривични пријави за шест лица, дел од криминалната група која шверцувала огромна количина дрога која требало да транзитира низ земјава, поднесе ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје. На лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје поради постоење основи на сомневање дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” им се заканува кривична одговорност и казна според чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Групата била следена повеќе месеци од…

Read More

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска се вакцинираа и скопските пожарникари, кои спаѓаат во приоритетните групи од т.н. критична инфраструктура. -Нашите градски херои од Пожарна Скопје кои секогаш се тука да ги заштитат своите скопјани, изложени на постојан ризик на прва линија на фронтот и работејќи неуморно без ниту еден ден одмор во целата пандемија, се првите од сите градски служби кои го направија вакцинирањето против Ковид 19, објави Град Скопје.

Read More