Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека вакцинацијата на територија на цела држава се одвива без никаков проблем, реагира Министерството за здравство по денешниот протест на опозициската партија. Според Министерството, ВМРО-ДПМНЕ се потсмева со вакцинацијата на возрасните граѓани, задравствените работници, полицајците, армијата, учителките, воспитувачките, возачите во ЈСП,… -Вакцинацијата во време на светска пандемија е сериозен здравствен процес, колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ да им наликува на „преправање” (симулација). Тажно е што опозициската партија безидејно обидувајќи се да профитира политички се потсмева со вакцинирањето на лицата со најголем ризик од заболување, односно возрасните граѓани постари од 76 години, наведува Министерството.…
ВМРО-ДПМНЕ денеска на протест пред Министерство за здравство побара оставка од министерот Венко Филипче обвинувајќи го за лошо снаоѓање и менаџирање со епидемијата со Ковид19 . Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова рече дека во моментов земјава била полоша од Италија која минатата година беше силно погодена од ковид пандемијата. „Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4.108 луѓе како последица на Ковид, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија са наоѓа на трето место по смртност во светот. Општите болници низ Македонија се полни, истите немаат основни медицински средства, се…
Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција го претстави Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети, вели дека и на изборите во 2009, а и за престојните, настапува како непартиски кандидат кој е предложен од ДПА. „Го гледам градот во овие два мандата и тој е изгубен од градоначалничката. Затоа, сакам да пробам уште еднаш да се кандидирам за да видам дали јас можам да работам подобро од неа. Јас не барам поддршка од политичките партии, јас барам поддршка од граѓаните бидејќи со сите што сум се сретнал, сите ме бараат. Како градски човек, кога шетам по градот,…
Американската амбасада во Скопје потврди дека работела заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР) и дала техничка поддршка за вчерашната акција во која полицијата пресретна камион со марихуана во вредност од 800.000 евра, што транзитирал низ Македонија. Во полициската акција е уапсен е командирот на полициската станица Прилеп Кире Спиркоски. „Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од Американската амбасада во Скопје за СДК.МК. Министерот за внатрeшни работи Оливер Спасовски вчера кажа дека МВР акцијата ја спроведува со помош на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА). Американска помош…
Секоја година во сообраќајни несреќи животот го губат голем број лица. Според стратистиките само во 2020 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 125 лица, а со повреди се здобиле 5.500. Во првите два месеца од 2021 година, намален е бројот на жртви и повредени во сообраќајни несреќи. Тоа е значително помал број на настрадани и повредени во споредба со минатите години, што укажува на подобрување на безбедноста во сообраќајот. Имајќи го предвид бројот на жители во Македонија, бројот на загинати не би требало да биде поголем од 100 луѓе, според просекот на ЕУ, велат од РСБСП. Од таму за…
По неколку години, повторно манипулација со продавање на станови. За еден ист стан во Скопје, капар плаќаат тројца купувачи, открива МИА. Притоа, обидот да се купи стан, станува борба за повраток на сопствени средства. Правдата е побарана, се чека да пристигне. Истрага, засега нема. Агент за недвижности земал капар од тројца различни купувачи за еден ист стан, со што тројцата ги оштетил за вкупна сума од 11 илјади евра. Според договорите за капар до кои дојде МИА, склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра. Со…
Одлуките и мерките на Народната банка донесени од почнувањето на корона-кризата наваму се позитивно оценети на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, коишто се одржуваат виртуелно. На состанокот помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за монетарни и финансиски пазари на ММФ, тие беа подетално разгледани. Притоа, од тимот на Одделот на ММФ беше истакнато дека одлуките и мерките на Народната банка во целост се во согласност со очекувањата и насоките на ММФ. На состанокот, како што соопшти Кабинетот на гувернерот, беше истакнато дека одлуките и мерките придонесоа за задржување на финансиската стабилност,…
Мерките што Владата ги најави за угостителите, теретаните и спортските центри, кои сега се затворени, ќе бидат објавени во текот на наредната недела, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за МИА во кое истакнува дека набргу се очекуваат и мерките од петтиот пакет за кои некои закони се уште се во Собранието. – И едниот и другиот сет мерки може да се очекуваат набргу, во прашање се денови и секогаш се прават напори мерките да стигнат што побргу до стопанството и граѓаните, иако не секогаш може да се постигне со оглед на процедурите за законските измени – вели…
Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ има за цел да испорача третина од милијарда дози вакцини против Ковид-19 до средината на годината. Тоа го најави на форумот на Светска банка, Сет Беркли, директор на ГАВИ. Програмата испорача скоро 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи. Говорејќи на форумот, Нгози Оконџо-Ивеала, генерален директор на Светската трговска организација, нагласи дека земјите во развој кои извезуваат стоки се соочуваат со голем скок на цените, а туризмот пропаднал во пандемијата. На светот му треба финансиска рамка за подготвеност и одговор на итни случаи и…
За социјалните претпријатија секогаш велиме дека се мотивирани од решавање на одредени проблеми во заедницата и дека тоа го прават успешно продавајќи ги своите услуги и производи на пазарот.
Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА. Според неа, во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг. – Се надеваме дека ќе нема потреба од повторни ревакцини, меѓутоа не можеме со…
Не ни паѓа на памет да криеме какви било податоци и сега откако се направени консултации, а со оглед дека доминира јавниот интерес, од страна на надлежните оинституции беше дозволено објава на имињата на ангажираните лица. Од понеделник, преку Законот за пристап до информации новинарите ќе можат да ги добијат сите информации’’ изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски во емисијата 360 степени на Алсат. Според него, кога се зборува за јавен интерес, предвид треба да се има и заштитата на приватноста на лицата кои се ангажирани. ,,Во решението на Комисијата се уште стои дека не треба да се објавуваат имињата…