Author: Нова ТВ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека во голема полициска акција е запленета голема количина на дрога вредна над 800 илјади евра. Спасовски додава дека акцијата е во соработка со колегите од американската агенција за борба против наркотици ДЕА. -Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски на ФБ. Според информациите во операцијата приведен бил командир од прилепската полициска станица.

Read More

Заврши претресот на „Инвока Груп“, фирмата преку која поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски го набави софтверот за следење на брзина на возилата вреден 81илјади евра. Истражителите попладнево си заминаа со две вреќи документи, а според информациите обвинителството дејствува по допрен глас. Освен од „Инвока“ документи биле земени и од домот на сопственикот на фирмата. Софтверот е набавен во време кога со државата раководеше техничка влада ормирана да организира и спроведе избори. Од Министерството за внатрешни работи велат дека немале потреба од ваков софтвер, а за Рашковски велат дека го купил без да се координира со МВР. Останува отворено…

Read More

Потребни се околу 700 милиони евра за реализација на пругата кон нашиот источен сосед, а во овие средства не се предвидени дополнителни финансии за непредвидени трошоци. Пари за проектот има 200 милиони грантови од Европските фондови и речиси 500 милиони евра планира од кредити вели новиот директор на Македонски железници – Инфраструктура, Хари Локвенец. Според него проектот има економска оправданост бидејќи како што посочи еден воз пренесува од 1.600 до 2.500 тона на одредени добра. Пругата до Бугарија е ветување старо повеќе од 25 години. Последно, германска фирма која беше ангажирана за изградбата на една од секциите, лани се откажа…

Read More

Министерството за образование и наука ги донесе новите наставни програми кои се темелат на новата Концепција за образование по кои од идната година ќе учат учениците од прво одделение, а се во согласност со Националните стандарди, подготвени од Бирото за развој на образованието во изминатите две години. – Во текот на целиот процес на изработка на програмите, работните групи се консултираа и со експерти од области на коишто се темели новата Концепција: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично. Целата работа на работните групи беше координирана и водена…

Read More

Во рамки на  Пролетните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, министерот за финансии Фатмир Бесими присуствуваше на состанок со Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија и регионалниот директор на Светската банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер. На средбата, Бесими посочи дека Министерството за финансии работи на План за финансирање на економско заздравување и забрзан раст, што има за цел да ги соедини сите иницијативи, планови и алоцирани фондови на Владата и меѓународните финансиски партнери за реализација на капитални проекти за овој период. -Целта на овој документ е да дизајнира иновативни начини за…

Read More

Објавени официјалните податоци од изборите што во неделата на 4 април се одржаа кај нашиот источен сосед. Државната изборна комисија го објави соодносот на силите во идниот парламентарен состав одност бројот на пратенички мандати според добиените гласови. Според податоците во идниот бугарски парламент ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја претставуваат дури 75 пратеници. По неа со 51 пратенички мандати е партијата „Има таков народ“ предводена од Славо Трифонов, 43 преатеници ќе дојдат од редовите на социјалистите, 30 од ДПС, ДБ 27 и коалицијата Стани! Излези! ќе добие 14 пратенички места. Ова стана јасно откако ЦИК ја објави распределбата на местата…

Read More

Утрово на 99 годишна возртаст во замокот Виндзор, почина сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип. Веста за неговата смрт ја соопштила кралицата, а ваквата информација ја потврди и Бакингемската палата, пренесе „Би–БН–Си“ . Принцот е роден на 10 јуни 1921 година, а потекнува од грчко и данско кралско семејство. По школувањето во Франција, Германија и Велика Британија, тој се приклучил на британската кралска морнарица во 1939 година кога имал 18 години. Со тогашната принцеза, а сега кралица Елизабета се запознале во 1934 година, а по Втората светска војна, Филип добил дозвола од кралот Џорџ Шести да ја запроси…

Read More

Растот на просечната бруто плата во ТИР зоните во 2020 година споредено со претходната година изнесува 5,5, а нето износот пораснал за 2 проценти. Изминатата година иако во услови на пандемија компаниите во зоните забележале позитивни економски резултати и имале стабилен број на вработени, се вели во податоците добиени од спроведената анализа што денеска на прес – конференција ги соопшти директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. “И во услови на криза предизвикана од Ковид 19 бројот на вработени не само што останува стабилен, туку и континуирано расте. Дури 60% од компаниите имаат зголемен број на вработени. И покрај моменталниот број од…

Read More

ДКСК бара итна антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и законот за регулирање на исплатата во кеш откако открила сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци во обложувалници при проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци. – Со првичната проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. При овие проверки откриени се случаји за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари, соопштуваат од ДКСК. Од антикорупциска упатуваат апел до играчите…

Read More

Многу ретко, скоро никогаш не пишувам ФБ статуси но кога привршува денов што личеше на зима, а не на пролет сакам на кратко да пишам збор два. Утрово околу 9 часот се упативме кон Клинички центар поточно на Кликника за Токсикологија со мои двајца блиски членови на семејството кои веќе шести ден се позитивни на Ковид-19, со тешка клиничка слика, ниска сатурација, зафатени белодробни крила и висока темтература изминативе денови. Едниот на 66 другиот на 94 годишна возраст. Кога пристигнавме не прими д-р Данил Петровски, ги направи сите потребни прегледи по што констатираше дека и двајцата се за хоспитализација. Ми…

Read More

Амбасадата на САД во Северна Македонија соработува со МВР и со другите институции, но не коментира истраги што се во тек, е ставот на Американската амбасада во Скопје околу нејзината позиција во случајот „Двојник“, за незаконското издавање пасоши со туѓ идентитет. „Не коментираме истраги што се во тек, Амбасадата на САД има тесна соработка со МВР, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот“, наведуваат од Амбасадата на САД и додаваат: „Во…

Read More

Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „360 потврди“ потврдила дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски. Претреси се вршат во фирмата „Инвока гроуп“, од која Владата го набави софтверот, но и во домот на Драги Рашковски. „360 степени“ објави за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го купил од „Инвока гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле…

Read More