Author: Нова ТВ

Се уште верувам дека постои можност да се влезе во посуштински разговори и со техничката Влада во Бугарија, имајќи предвид дека Бугарија во март минатата година даде веќе зелено светло за започнување преговори, односно кога се донесе политичката одлука, така што нема дилема дека има консензус по однос на одлуката за започнување преговори. Останува прашањето на текстот на преговарачката рамка како предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто. Османи најави дека идната недела очекува да има поголема дипломатска активност за евентуално, како што подвлече,…

Read More

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, истакна претседателот на шпанската Влада Педро Санчез на средбата во Мадрид со македонскиот премиер Зоран Заев. Санчез нагласи и дека Шпанија е за почеток на пристапните преговорите и за Северна Македонија и за Албанија во исто време. На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Северна Македонија и Кралството Шпанија, Зоран Заев и Педро Санчез, изразено е исклучително задоволство од двете страни и средбата е оценета како историска и како…

Read More

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Северна Македонија и Кралството Шпанија, Зоран Заев и Педро Санчез, изразено е исклучително задоволство од двете страни и средбата е оценета како историска и како нова, важна страница за натамошен развој на двете пријателски земји. Премиерите Заев и Санчез на средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се согласија дека средбата е важна и заради евроинтеграциските процеси на Северна Македонија имајќи ја предвид силната поддршка од Шпанија за одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ и со тоа…

Read More

Министерот за здравство Венко Филипче по повод 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри, денеска се сретна со медицинските сестри вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Од Министерството за здравство соопштија дека Филипче на средбата им се заблагодарил на медицинските сестри од Клиниката за нивниот целокупен придонес во текот на пандемијата. -Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи, истакна…

Read More

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК. На обвинетиот Н.Г. според известувањето на обвинителството му се става на товар дека сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело,, од чл.273 ст.1 од КЗ и кривично дело ,,Противправно стекнување и прикривање имот,, од чл.359-а ст.1 од КЗ, а обвинетите Р.Н., Н.Ј., Ј.К. и Р.К.К. се товарат дека сториле кривично дело ,,Перење пари и други приноси од…

Read More

Економското опоравување на Северна Македонија, кое нагло запре во 2020 година, бидејќи пандемијата ја погоди домашната и странската побарувачка, во текот на 2021 и 2022 година, се очекува да добие цврста основа. Реалниот раст на БДП во просек би изнесувал 3,7 отсто, а во 2022 ќе биде 3,8 проценти. Надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст. Јавните финансии се предвидува да се подобрат во согласност со економското закрепнување и постепеното укинување на фискалната поддршка. Како што брифираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, додека закрепнувањето се очекува да се забрза во текот на годинава, што се должи главно на…

Read More

Претседателката на Сенатот на Шпанија, Марија Пилар Куенка, денеска на средбата со премиерот Зоран Заев во Мадрид му порача дека „преку договорот од Преспа и преку севкупната ваша домашна и меѓународна политика вие сте пример за моќта и важноста на дијалогот и кога е во прашање водење успешен дијалог. Можеме да учиме од вас“. Според неа, овие остварувања биле резултат и на лидерството на земјата во последните четири години. Заев, кој е во посета на Мадрид заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, претходно ја изрази благодарноста на Владата и на македонските граѓани за поддршката што Шпанија ја пружа…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши не ја исклучува можноста доколку е потребно да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани што граѓаните ги платиле, а не можеле да ги искористат поради пандемијата. Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека 90 проценти од овие аранжмани биле за Грција. – Со уредба со законска сила минатата година направивме измена во Законот за туристичка дејност со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои веќе платија аранжмани, а не можеа да ги искористат поради рестриктивните мерки. Речиси 90 проценти од овие аранжмани, кои се пријавени во Министерството…

Read More

Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев. Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи  истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. -Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Северна Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија. Тој…

Read More

Со состанок во Шпанската конфедерација на бизнис организации (CEOE), премиерот Зоран Заев денеска ја започна работната посета на Кралството Шпанија, во рамките на неговата европска агенда. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата со претседателот на конфедерацијата Антонио Гараменди, на која присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, премиерот Заев истакна дека неговата посета на Шпанија, меѓу другото, има за цел да покаже дека Северна Македонија ги отвора широко вратите за шпанските инвеститори. Премиерот Заев, како што е наведено во соопштението, ја претстави економската програма за финансиска поддршка за директните странски инвестиции во земјата како и сите други…

Read More

Шпанија целосно го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, е пораката која беше испратена денеска на средбата на шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја со вицепремиерот задолжен за европски прашања на Република Северна Македонија, Никола Димитров. Во соопштението на шпанското МНР се нагласува дека средбата е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји, а на неа била потврдена целосната поддршка на Мадрид на процесот на интеграција на земјава во ЕУ, но станало збор и за можностите за унапредување на билатералните односи. Гонзалез Лаја му ја понудила на Димитров поддршката…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестир аи во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. Резултати од новата образовна концепција, нагласи, може да се очекуваат по пет-шест години. – Се се тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме…

Read More