Author: Нова ТВ

Паралелно со отворањето на малопродажбата во понеделникот, во центарот на Атина се интензивира и тестирањето за Ковид-19 на граѓаните со бесплатни брзи тестови од мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, поради новите правила под кои работи малопродажбата во Грција, редици има пред продавниците, од граѓани кои претходно закажале термин за шопинг или дошле да подигнат нарачка, а слична е сликата и пред пунктовите за тестирање.  И таму има редици, но за брз тест. Дел од граѓаните во разговор за МИА ги објаснуваат своите причини за тестирањето. -Излегов да…

Read More

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стана рекордер по број на одиграни натпревари во Лигата на шампионите. Лазаров кој настапува за Нант, синоќа на гостувањето кај Киелце, го одигра својот 250. натпревар во елитното ракометно натпреварување. Досегашниот рекорд му припаѓаше на легендарниот голман Арпад Штербик со 249 настапи, а трет на вечната листа е уште еден голман, Тиери Омејер со 240 настапи. Воедно, Лазаров е и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Македонецот има двојна причина за славје, бидејќи покрај рекордот, неговиот тим Нант го победи Киелце со 34:31 и се пласира во четвртфиналето на…

Read More

Прифатен предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје. Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје одреди притвор за шестмина од осомничените во случајот „Двојник“. Според информациите од Кривичниот суд, на распит биле деветмина приведени во оваа акција, во која осомничени се 11 лица. Еден од нив е во бегство, а еден веќе е во притвор за друга постапка за издавање на возачки дозволи. Обвинителството првично бараше притвор за осум лица, вклучувајќи го и лицето кое е во бегство и мерки за претпазливост за двајца осомничени. Но, во судот сменет е еден предлог за притвор, па за едно од лицата наместо…

Read More

Угостителите кои ги затворија своите објекти за гости поради препораките на Комисијата за заразни болести ќе добијат директна финансиска поддршка во вид на грантови. Моделот за поддршка веќе е направен и по консултација со коморите и здуженијата за туризам и угостителство, следната недела мерките ќе бидат објавени, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на ТВ Сител. Тој ги повика работодавачите да не ги отпуштаат работниците, бидејќи ветената поддршка од државата ќе стигне. “Очекуваме на почетокот на следната недела да се деблокира Собранието и да се донесат законите од Петтиот сет мерки, со кои што е предвидена исплата на…

Read More

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со амбасадорот на Шпанија во Северна Македонија, Емилио Лоренцо Сера, соопштија од СЕП. Димитров го информираше шпанскиот амбасадор за континуираната посветеност на процесот на пристапување и ја претстави „Агенда: Европа дома” со која се потврдуваат заложбите за испорака на резултати во приоритетните области од кластерот „Темели”, изразувајќи надеж дека одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија од март 2020 година ќе се ефектуира во пресрет на идниот европски самит. – Оваа година е можеби клучна година за одржување на кредибилитетот на ЕУ во регионот, што е од стратешки…

Read More

Пандемијата која го зафати целиот свет го прекина растот на очекуваното траење на животот. На стариот континент во голем дел од земјите тој е во надолна линија и е понизок во споредба со претходната година, се вели во најновиот извештај на „Евростат“. Најголемо намалување на очекуваниот животен век, во споредба со 2019 година, е забележано во Шпанија од 1,6 години помалку, Бугарија од 1,5 години помалку и Литванија, Полска и Романија со 1,4 години помалку. Во Словенија просечниот животен век е скратен за една година, а во Хрватска за 0,8 години. Од 30 земји опфатени со статистиката (сите членки на…

Read More

Случајот со 63 годишниот Златко Божинов не престанува да ја бранува јавноста. Граѓаните очекуваат да се лоцира одговорност кај институциите кои потфрлија во спасувањето на овчарот кој 12 часа завеан во снег чекаше помош од надлежните. Телото на премрзнатиот Божинов неколку часа го греела неговата 90 годишна мајка, а дури пет часа бил носен на импровизирана носилка за да биде префрлен во болница. Неколку часа подоцна почина како последица на обилно мозочно крварење. Ова го уклучи алармот дека постои сериозен проблем кај надлежните институции кои почнаа да си ја префрлаат меѓу себе топката за тоа кој потфрлил во овој случај.…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика по втор пат неделава одржа седница на која носи одлука за промена на цените на горивата. Според последните пресметки регулаторите се одлучија за повторно зголемување кое граѓаните дополнително ќе ги удри по џебот, во однос на бензините за половина денар за литар но за еуродизелот ќе мора да одвојуваат и по три денари повеќе. Регулаторната комисија информира дека денешната промена на Одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието. Со најновите измени дојде до изедначување…

Read More

– Економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени ќе бидат опфатени со нов сет мерки. Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци, изјави за НОВА ТВ вицепремиерот Фатмир Битиќи. Тој вели дека во наредниот период ќе се прават анализи на нивното работење за тоа колку би заработиле доколку не би биле затворени нивните објекти со новите мерки на Владата за спречување  на ширењето на Корона вирусот. – Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи…

Read More

– Истрагата има свој почеток, свој тек и крај кога ќе се обезбедат сите неопходни докази. Со самиот факт дека во оваа истрага се вклучени стратешките партнери укажува на комплексноста на обезбедувањето на доказите, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5. Во однос на тоа дека акцијата е забрзана по реакцијата на опозицијата тој прашува дали е можно преку ноќ да се заврши една целосна ваква опсежна акција и да се пристапи кон реализација веќе наредниот ден? Според Спасовски со начинот со кој што се изреагира од страна на опозицијата имало обид за нејзина саботажа.…

Read More

Одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, тераат инает и кон себе и кон граѓаните и кон пазарните инспектори. Кон таквите немаме милост и мораме да постапуваме согласно законот, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Пауновски на прес-конференција во Владата соопшти дека за жал, и по една година од пандемијата, се уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите. Инспекторите се секојдневно на терен, а ако има потреба дејствуваат и со асистенција на полицијата. -Она што се случува од одредени субјекти поради кои трпи целата угосителска дејност, сметаме дека е терање инает и…

Read More